Европа
Оланд: Преговорите за Brexit мора да завршат до 2019-та година
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/oland20nova.jpeg)
Францускиот претседател Франсоа Оланд во вторникот изјавил дека преговорите за британското напуштање на Европската унија (ЕУ) мора да завршат до 2019-та година, и дека одлуката за напуштањето на Унијата е неповратна, пренесуваат светските агенции.
„Се мора да биде готово до 2019-та година. Таа одлука значи дека Британија, кога веќе ќе си отиде, нема да може да учествува во европското одлучување. Нема да има пристап до единствениот пазар доколку не ги прифати четирите слободи, сите прописи и буџетската солидарност“, истакнал Оланд на состанок со странските амбасадори.
Францускиот претседател додал дека британската премиерка Тереза Меј мора да донесе тешка одлука за која е потребно време, но дека не може да го одолговлекува почеток на преговорите за излегувањето. „Одолговлекувањето не би било добро нити за Британија, нити за Европа“, порачал Оланд./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Папата Франциско повторно е тешко настинат: „Ве молам простете ми, тешко ми е да зборувам“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/francisko-papa.jpg)
Папата Франциско не ја прочита својата порака до аџиите на денешната општа аудиенција поради силната настинка.
Франциско (88) во последните две години неколку пати страдаше од грип и поврзани респираторни проблеми. „Ве молам простете ми, но со толку лоша настинка, тешко ми е да зборувам“, накратко рекол Франциско.
Подготвената порака на присутните им ја прочитал еден од неговите помошници. Иако зборуваше малку, папата остана присутен во текот на целочасовната аудиенција.
Покрај респираторните проблеми, Папата има тешкотии и во движењето поради болните колена, а неодамна двапати падна во својата резиденција во Ватикан, при што во декември го повреди образот, а овој месец раката.
Европа
Извршена обдукција на телото на хрватскиот фудбалер: утврдена причината за смртта на Јаков Јелкиќ, истрагата продолжува
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-05-064623.jpg)
Во шпанскиот град Аликанте беше извршена обдукција на телото на Јаков Јелкиќ (24), хрватски фудбалер чие тело беше пронајдено во морето откако исчезна ноќта меѓу петокот и саботата.
На телото не се пронајдени траги на насилство, па полицијата претпоставува дека тој починал поради ноќен пад во студеното море под дејство на алкохол, објави Јутарњи лист.
„Претпоставуваме дека се работи за несреќен случај“, изјавил по телефон за Хина портпаролот на полицијата од Аликанте. Полицијата претходно одржа прес-конференција во овој крајбрежен град во југоисточна Шпанија.
За време на обдукцијата, во неговите бели дробови била пронајдена морска вода, па истражителите заклучиле дека Јелкиќ починал од давење.
„На телото немаше траги на насилство, а со оглед на неговата шема на одење снимена на камерите, заклучивме дека паднал во морето. Морето е студено во овој период од годината, а тој беше сам“, рече портпаролот и продолжи:
„Истрагата ќе ја продолжиме бидејќи обдукцијата на телото е само еден дел од неа. Сите наоди ќе бидат анализирани, но од се досега познато се чини дека станува збор за несреќен случај.
Encuentran el cadáver del jugador croata Jakov Jelkic en el puerto de Alicante https://t.co/AWX6iACytz
— El Confidencial (@elconfidencial) February 4, 2025
Јелкиќ, хрватски фудбалер на швајцарски второлигаш, минатата недела со соиграчите беше на Алијанте, каде што претходно одиграа натпревар.
Играчите во петокот вечерта биле во ноќен клуб, а потоа се упатиле кон хотелот. Јелкиќ се вратил во клубот да си ја земе јакната, а надзорните камери го снимиле како заминува сам околу 02:30 часот. Неговите соиграчи изутрината не го нашле во хотелската соба, па го пријавиле за исчезнат.
Неговата сестра Јања со емотивна порака се прости од својот брат.
„Брат, единствено мое, мое око, мој ангел. Пробав се, но не можев! Те сакам засекогаш! Добро момче, почивај во мир божји“, напиша таа.
Европа
Урсула фон дер Лејен по пукањето во Шведска: „Насилството и теророт немаат место во училиштата“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/lajen.jpg)
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изрази сочувство по смртоносното пукање што се случи вчера во центар за образование на возрасни во шведскиот град Оребро.
„Она што се случи во Оребро е навистина ужасно. Вакво насилство и терор немаат место во нашите општества, а најмалку во училиштата. На овој мрачен ден стоиме со народот на Шведска“, рече таа.
What happened today in Örebro is truly horrifying.
Such violence and terror have no place in our societies—least of all in schools.
In this dark hour, we stand with the people of Sweden.
Our thoughts are with the victims, and we wish them strength and a swift recovery. https://t.co/Z8XaHDfZBy
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 4, 2025
Фон дер Лајен на ранетите им посака брзо закрепнување. Околу десет лица загинаа во пукање во центар за образование за возрасни во Оребро, Шведска, а се верува дека напаѓачот е еден од нив, соопшти шведската полиција.
Полицијата соопшти дека не се очекуваат дополнителни напади, објави Ројтерс. Најмалку 15 лица се повредени во пукањето, објави претходно шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ.