Европа
Орбан е решителен да ги одбие задолжителните квоти за мигрантите
Блокирањето на задолжителните квоти за прифаќање на мигрантите ќе биде приоритет за унгарската влада во претстојниот период, изјави во понеделникот унгарскиот премиер Виктор Орбан во унгарскиот во понеделникот.
Унгарскиот кабинет ќе се сретне во средата за да разговара за тоа како да се спречи тој „обид Брисел редовно и во голем број да ги релоцира во Унгарија луѓето со коишто Унгарците не сакаат да живеат“, изјави премиерот Виктор Орбан поднесувајќи им го на пратениците извештајот за минатонеделниот самите на Европската унија.
Следниот самит на ЕУ планиран за март ќе покаже дали земјите членки ќе го прифатат автоматското примање на мигрантите, рекол Орбан. Новата одредба би била 2стандарден механизам, кој во Унгарија постојано би испраќал мигранти кои таа не сака да ги прими и кои сега ги запира на своите јужни граници“, додал.
Важен пресврт на самитот, истакнал унгарскиот премиер, ќе биде тоа што европските челници првпат ги прифатија унгарскиот пристап за цела Европа и се согласија дека сопирањето на мигрантите е приоритет Јасно е кажано дека надворешните граници ЕУ мора да ги заштити, додека досега на прво место беа заштитата на бегалците и хуманитарните причини, продолжил Орбан, оценувајќи дека ЕУ во моментов се наоѓа во фаза во „којашто требаше да биде пред една година“.
Државите од ткн балканската мигрантска рута, вклучително и Австрија, започнаа да се „движат по патот на разумот“, смета унгарскиот премиер. Истакнал, исто така, дека физичките препреки на границите мора да бидат зајакнати и можеби продолжени, иако неговата влада сé уште не донела одлука за тоа.
Во врска со преговорите со Велика Британија, Орбан рекол дека правилата за слободното движење на луѓето се заштитени благодарејќи на земјите од Вишеградската група (покрај, Унгарија, и Полска, Чешка и Словачка з.р.). и дека и натаму тие ќе важат за целата Европска унија и за сите нејзини граѓани.
Споменатите земји, според Орбан, го сочувале на и правото на социјален надомест за работниците кои веќе плаќаат придонеси во британскиот систем да не треба да бидат погодени со промените, појаснувајќи дека се спорни надоместоците за граѓаните од другите држави членки кои не ги плаќаат придонесите во Велика Британија. Но, дури ниту тие нема да ги загубат надоместоците, туку тие ќе бидат само суспендирани и тоа само доколку тоа биде оправдано, толкувал пред унгарските пратеници. Додал дека, исто така, новите правила нема да важат за работниците кои секојдневно патуваат на работа во друга земја членка на ЕУ.
Унгарскиот премиер појаснил и дека надоместоците за децата исто така ќе останат на сила, но во случаите кога децата живеат во својата матична држава а не во Велика Британија ќе бидат индексирани според стандардите на државата во којашто живеат. Тоа, како што рекол Орбан, се однесува на околу 220 унгарски случаи.
Орбан рекол дека се договорени сит промени кои биле можни без промена на Договорот за ЕУ, како и дека сега Британците треба да одлучат дали сакаат да останат во Европската унија. За Унгарија претставува чест да биде во иста заедница во Велика Британија и би била среќна кога таа би останала, заклучил Орбан./крај/мф/сн
Извор: Hina/MTI
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

