Европа
Организаторите на муслиманскиот собир ќе го тужат Femen – ВИДЕО
Организаторите на Муслиманскиот саем, кој беше прекинат во саботата од активистките на движењето за правата на жените Femen кога беше истепана една од припадничките на движењето, поднесоа тужба за сексуален егзибиционизам.
„Акцијата на Femen беше неодговорна, доведува до заблуди и ја негира слободата на изразувањето. Во врска тоа нашата компанија и неколку семејства веќе се обратија до судот“, се вели во соопштението на компанијата „IslaEvents“ до агенцијата AFP, која го организирала муслиманскиот настан, кој во местото Понтауз се одржа по третпат.
Истовремено и две девојки кои го предизвикаа инцидентот, исто така, најавија дека ќе поднесат тужба против организаторите поради насилството врз нив.
Двете девојки се качија на бината во време кога двајца имами пред публиката говореа на тема „Дали смее или не да се тепа својата жена“. Активистките полуголи на натписот на градите „Никој не ме владее, никому не сум потчинета, јаси сум свој пророк“, слоган кој го извикуваа на арапски и на француски јазик.
Тие набрзо беа симнати од бината, а некои од учесниците на настанот применија физичка сила кон активистките .
Движењето Femen, кое е основано во Украина, е познато по своите топлес активности, низ целиот свет, особено на глобални настани. Од 2012 година тоа е активно во Франција, а негови приврзанички дејствуваат и во други европски земји./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Полугола активистка во Ватикан се обиде да украде статуа на Исус
Активистка на движењето „Фемен“ се префрли преку бариера и се обиде да земе фигурина од местото на Христовото раѓање на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пишуваат италијанските медиуми.
A topless woman attempted to steal a figurine of Jesus in the Vatican The incident took place at St. Peter's Square
A Femen activist climbed over a barrier and tried to take the figurine from the Nativity scene. Security personnel detained the woman. Femen explained that the… pic.twitter.com/ItYppMbRva
— NEXTA (@nexta_tv) December 27, 2024
Безбедносните лица ја приведоа жената. „Фемен“ објасни дека чинот бил протест против руското киднапирање на преку 700.000 украински деца.
Организацијата го обвини папата и меѓународните институции за неактивност.
Според она што полициски извори го известиле за АНСА, жената, 25-годишна украинска државјанка, била уапсена под обвинение дека дала отпор и повредила јавен службеник. Таа била пријавена и за непристојни дејствија на јавно место.
Европа
Необичен настан над Исланд: авионот на „Туркиш ерлајнс“ се свртел и се вратил во Истанбул, велат ова е причината
Екипажот на авионот на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Истанбул за Сиетл, ненадејно свртел и се вратил на аеродромот од кој полетал.
Како што може да се види на платформата „Флајт радар“, авионот се свртел во близина на Исланд и се вратил во Истанбул.
Turkish Airlines flight #TK203 made a U-turn north of Iceland and is returning to Istanbul.
The reason is currently unknown. pic.twitter.com/eMpwV2qKRD
— Flightradar24 (@flightradar24) December 25, 2024
Според информациите, екипажот на авионот решил да се врати во Истанбул поради технички проблеми.
Станува збор за авион „ербас А350“ со регистарски број TC-LGJ.
Медиумите јавуваат дека нема вонредна ситуација и дека ваквите постапки се вообичаени кога има технички дефект на леталото.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.