Европа
Ослободените од заложништво во Сирија шпански новинари пристигнаа во Турција
Тројцата шпански новинари, кои во саботата беа ослободени од заложништво во Сирија, се префрлени на територијата на Турција, и најверојатно во недела наутро ќе пристигнат во Мадрид, пренесе во саботата ноќта агенцијата EFE повикувајќи се на извори во шпанската влада.
Во саботата вечерта беше потврдено дека тројцата шпански новинари се ослободени од заложништво во кое минаа 9 месеци и 26 дена. Новинарот Антониот Памплиега, фоторепортерот Хозе Мануел Лопез и снимателот Анхел Састре се наоѓаа во Алепо, каде што се префрлиле преку блиската граница со Турција. Тие биле водени од преведувач Сириец, кога нивното возило било запрено од вооружени лица. Нивното исчезнување беше објавено ланскиот 21-ви јули, а подоцна беше утврдено дека репортерите биле грабнати на 12-ви јули.
Како што објави EFE, новинарите биле ослободени во саботата, а со нив веќе разговарала привремената вицепремиерка Сораја Сајнц де Сантамарија. Засега не е објавено од која група биле грабнати тројцата новинари, ниту за условите на нивното ослободување од заложништвото.
Триесет ипет-годишниот Анхел Састре, последните шест години работел во Латинска Америка за повеќе медиуми. Работел на репортажи за политичките ситуации, природни катастрофи и нарушување на човековите права во Аргентина, Мексико, Еквадор, Никарагва, Венецуела, Бразил, Перу, Чиле и Колумбија. Последната година се посветил на известувања за ситуациите во Сирија и Ирак, особено за хуманитарната катастрофа во двете земји, а на сириска територија веќе престојувал двапати.
Фотографот Хозе Мануел Лопез, 45-годишен, е познат по долгогодишните известувања од воените зони, за што е добитник на бројни признанија. Само неколку седмици пред грабнувањето Лопез ја доби престижната награда „Marco Luchetta“ за фотографија на сомалиски деца направена во Могадишу. За време на работењето во Сирија, Ирак, Јужен Судан и Сомалија, соработуваше со новинската агенција AFP. Неговите фотографии од невралгичните подрачја се објавувани во влијателните весници како The New York Times, The Guardian, Le Monde, El País, Der Spiegel.
Триесет итригодишниот Антонио Памлиега работел во зоните на конфликти од 2008 година. Добитник е на наградата за квалитетно известување „Premio de la Buena Prensa“, за серијата репортажи од Алепо објавени во еден од најтиражните светски весници El Mundo. Памлиега беше еден од првите странски новинари кои пристигнаа во Сирија по започнувањето на војната, во 2011 година. Потоа повеќепати се враќаше во оваа земја престојувајќи во речиси сите сириски региони. Покрај тоа, тој го отвори блогот „Му и војна“, посветен на терористичките активности на екстремната сунитска организација Исламска држава, во чиј фокус е човечката приказна на жртвите на конфликтот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки
Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време на советско-авганистанската војна, изјави поранешен шеф на британската разузнавачка служба во неодамнешно интервју.
Ричард Мур, поранешниот шеф на МИ6, даде интервју за Скај њуз, во кое рече дека околу 30.000 руски војници загинале во Украина во декември, опишувајќи ја бројката како „застрашувачки“.
Мур го спореди месечниот број на жртви на руски војници со загубите во советско-авганистанската војна, која траеше десет години, од 1979 до 1989 година, и во која загинаа околу 15.000 советски војници.
„Загубите се ужасни и дури и Русите ќе имаат тешкотии да ги надоместат тие загуби. Затоа поминуваат катастрофално лошо на бојното поле“, рече Мур.
Европа
Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост
Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид да ги принудат корисниците да се префрлат на конкурентска услуга контролирана од владата.
„Руската влада се обиде целосно да го блокира WhatsApp со цел да ги насочи граѓаните кон апликација контролирана од државата“, рече Мета.
„Правиме сè што можеме за да ги одржиме нашите корисници поврзани“, се додава во соопштението.
Фајненшл тајмс претходно објави дека руските власти го отстраниле WhatsApp, кој има околу 100 милиони корисници во Русија, од онлајн регистарот на апликации што ги води Роскомнадзор, државниот регулатор за комуникации.
Овој потег се смета за дел од пошироката стратегија за ограничување на пристапот до платформи што не се директно контролирани од руските безбедносни служби. Рускиот регулатор веќе воведе ограничувања за Telegram претходно оваа недела, објави Франс Прес.
Руските власти вршат притисок за префрлување на MAX, за кој критичарите велат дека овозможува надзор на корисниците, објави Ројтерс.
Европа
(Видео) Нов голем руски напад врз Киев, градот преплавен од ракети
Украинскиот главен град Киев повторно беше погоден од голем руски ракетен напад рано утрово, при што беа погодени неколку згради, соопштија локалните власти. „Масовниот напад врз главниот град е сè уште во тек“, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.
Insane POV footage from the recent bombardment of Kyiv. pic.twitter.com/1CCshMlo26
— Harry (@MastadonHarry) February 12, 2026
Тој рече дека се погодени згради од двете страни на реката Днепар. Нема непосредни извештаи за жртви, но на местото на настанот се испратени екипи за итна медицинска помош. Тимур Ткаченко, шефот на воената администрација во Киев, потврди најмалку еден удар во источните предградија, додека сведоци на Ројтерс пријавија силни експлозии што одекнуваа низ целиот град.
Russia unleashed another massive overnight blitz on Ukrainian cities, leaving children among the wounded.
▪️In Kyiv, explosions ripped through residential districts, damaging apartment blocks in two areas of the capital.
▪️Dnipro was also hit. Homes and cars were smashed in the… pic.twitter.com/KYTFDoDHhz
— KyivPost (@KyivPost) February 12, 2026
Југоисточниот град Днепар, исто така, беше погоден, изјави регионалниот гувернер Олександр Ганжа. Неколку приватни домови и автомобили беа оштетени, но немаше непосредни извештаи за жртви. Воздушните напади останаа на сила во Киев и Днепар долго по полноќ.

