Европа
Осомничен за тероризам во Белгија пребегал во Шпанија
Холандската полиција верува дека еден човек поврзан со џихадистите кои беа откриени од белгиските безбедносни структури можно е да пребегал во Шпанија, јавува The Local.
Холандската полиција верува дека еден човек поврзан со џихадистите кои беа откриени од белгиските безбедносни структури можно е да пребегал во Шпанија, јавува The Local.
„Полицијата го пребара домот на родителите на човекот и конфискува лаптопи и мобилни телефони“, вели холандскиот обвинител по акцијата во центарот на Утрехт. „Тој е осомничен дека е вмешан во тероризам“, вели обвинителот.
Белгиските безбедносни сили нашле холански пасош на маж во четвртокот во акцијата во
градот Вервиер, кога беа убиени двајца милитанти.
Се верува дека тој пребегал во Франција или во Шпанија.
Шпанските медиуми го идентификуваа како Заид Кулис, кој бил пријавен за исчезнат од своите родители минатата година.
Вториот осомничен е идентификуван како Абделмунаим Хадад, за кој, исто така, се верува дека е во Шпанија, а надлежните стравуваат дека може да замине за Сирија.
Терористичката келија планирала напад на белската полиција, но беше откриена и спречена во намерата.
Во меѓувреме, 33-годишен Алжирец, осомничен дека има врска со џихадистичка келија во вторник се согласи да биде екстадиран од Грција, за да ја докаже својата невиност.
Осуетениот исламистички напад доведе до 13 апсења во Белгија и во неколку други европски земји./крај/тл/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Уште едно фијаско на најсмртоносното оружје на светот на Путин
Руската интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“, попозната како „Сатана II“, доживеа уште еден неуспешен тест. Хиперсоничниот проектил, честопати опишуван како „најсмртоносното оружје во светот“ и способен да носи нуклеарни боеви глави, експлодираше и се урна само неколку секунди по полетувањето од полигонот Јасни во рускиот регион Оренбург, објавија странските медиуми.
The Sarmat ICBM had a failed launch. So much for Russia’s so-called wonder weapon. They’d end up blowing themselves up. pic.twitter.com/Pvbun7AYRq
— PaulC (@PaulConRO) November 29, 2025
Сармат РС-28 наводно скршнал од курсот, исфрлајќи црни облаци од чад пред огнените остатоци да се срушат на земјата. Ракетата се урнала во близина на лансирната рампа, создавајќи огромна огнена топка и исфрлајќи необичен чад во небото.
Ова е петтиот неуспешен тест лет за стратешката ракета што ѝ предизвикува главоболки на Москва. Да потсетиме дека за време на претходниот тест во септември 2024 година, ракетата експлодираше во космодромот Плесецк, околу 800 километри северно од Москва, оставајќи зад себе огромен кратер.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.
Европа
Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина
Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската Унија и НАТО“, рече германскиот лидер по телефонскиот разговор со неговите украински, француски, британски и полски колеги.
Мултилатералната средба се одржа додека Мерц беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, а францускиот претседател Емануел Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Двајцата претходно разговараа со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и украинскиот преговарач Рустем Умеров, соопшти Елисејската палата.
Туск: Едногласни сме
„Во Украина, единството на Европа е исто така во прашање“, рече Мерц, додавајќи дека големите европски земји, вклучувајќи ги Полска и Германија, имаат „посебна одговорност да обезбедат дека ништо и никој не ја дели Европа“.
Според симултаниот германски превод, Доналд Туск рече дека Европејците се „едногласни“ по ова прашање и се „целосно посветени на продолжување на целосната поддршка на Украина во нејзината одбрана во војната против Русија“.

