Европа
Осомничениот за убиствата во ИКЕА не признава дека ги убил мајката и синот
Еден од двајцата мажи обвинети за двојното убиство во продавницата на ИКЕА во Ватерос, Шведска, негира дека е сторител на ова злодело, јавуваат во вторник шведските медиуми.
Полицијата го испрашува осомничениот на возраст од 23 години, но сé уште се чека за да биде испитан и 35-годишниот маж кој е во болница поради животозагрозувачки повреди.Во меѓувреме, надлежните потврдија дека двајцата купувачи кои беа избодени до смрт во продавница на ИКЕА во Вастерос во понеделниккот, се мајка и син на возраст од 55 и 28 години.Полицијата соопшти дека сé уште немаат утврдено мотив за нападот, кој се случил во одделот за исхрана во продавницата.„Ова е луд инцидент. Не ја знаеме причината за него“, вели шефот на полицијата Пер Оген. „Не можеме да најдеме никаква врска меѓу напаѓачите и жртвите“.Портпаролката на ИКЕА, Даниела Рогосич, потврди дека персоналот на продавницата е на принуден одмор и дека таа и натаму останува затворена.„Засега сме фокусирани на нашите соработници и секако, нашите мисли се со семејствата на жртвите“, додава таа.Рогосич прецизира дека во продавницата се вработени околу 300 луѓе, но не знаела точно колку луѓе имало за време на инцидентот.Брзата помош била повикана од продавницата веднаш по времето за ручек во понеделник. Според вработените во продавницата, амбулантни возила и полицијата стигнале веднаш откако прегку разгласот посетителите биле повикани да ја напуштат продавницата.Клара Холмгрен Рапу, која работи како фризерка во близина на продавницата на ИКЕА, за шедски SVT вели дека полицијата влегла во нејзиниот дуќан за да ги информира дека убиецот е се уште во зградата.Друг сведок, Сами Салим, кој работи во ресторан за шведската агенција TT вели: „Луѓето почнаа да врескаат,` ги прободеа, ги прободеа,` и за кусо време полицијата дојде на лице место“.Неквалитетно видео снимено од случаен минувач кое беше објавено на веб сајтот на регионалниот весник VLT покажува како полицијата апси еден осомничен на автобуска постојка, надвор, пред ИКЕА.Вастерос, е индустриски град со 110.000 жители на 100 километри од Стокхолм. Полицајци, во вторник, се шетаат по трговскиот центар каде се наожа продавницата на ИКЕА, за да ја осигурат безбедноста на купувачите./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Фото) Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев
Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.
I was glad to welcome our Croatian friends to Kyiv, Prime Minister @AndrejPlenkovic and my colleague @grlicradman. We are grateful to friendly Croatia for its support and solidarity. Thank you for being with us on this symbolic date. pic.twitter.com/yeaZXPSRCn
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.
„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четири години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на ‘пред’ и ‘после’. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.
Welcome to Kyiv, dear allies, and thank you for standing with Ukraine today and throughout four years of Russia’s brutal full-scale war.
I was glad to welcome @EU_Commission President @vonderleyen and @eucopresident Antonio Costa at the Kyiv Central.
February 24th, 2022, has… pic.twitter.com/p9v1YJMxOc
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) February 24, 2026
Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев.
„Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичките Г8, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.
Претходно беше објавено дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така пристигнаа во Киев. Советот на Европа, исто така, ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.
Европа
(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина, потсетувајќи се на првите денови од војната, жртвите на руската агресија и силата на украинските војници и целиот народ.
Во видеото, тој ја покажа и внатрешноста на бункерот на улицата Банкова во Киев, од каде што им се јавил на светските лидери и побарал оружје во раните денови од војната.
„Денес се навршуваат точно четири години откако Путин го започна својот тридневен поход врз Киев. Самото ова многу кажува за нашиот отпор, за тоа како Украина се бореше цело време. Зад овие зборови стојат милиони наши луѓе. Зад овие зборови стои огромна храброст, неверојатно напорна работа, издржливост и долгиот пат по кој се движи Украина од 24 февруари“, рече Зеленски.
Во видеото, Зеленски ги покажа долгите ходници и канцеларии на бункерот каде што тој и стотици соработници одржуваа дневни воени брифинзи, телефонски повици и бараа решенија.
„Нашите луѓе не го кренаа белото знаме, туку го бранеа сино-жолтото. А окупаторите, кои мислеа дека тука ќе бидат пречекани од масите со цвеќиња, наместо тоа видоа редици пред регрутните центри. Нашиот народ избра отпор“, рече Зеленски.
„Нашите воини останаа непоколебливи, а цивилите ги бранеа градовите и селата, улиците и дворовите. Обичните луѓе буквално формираа човечки ѕидови, запираа колони од воени возила и заедно го покажаа единствениот правилен пат кон залутаната Русија“, се присети тој на првите денови од војната.
Тој, исто така, се потсети на првите жртви на руската агресија во Буча, Ирпин, Бородјанка, Мариупол и други градови, масовните гробници и нападите врз станбени згради и породилишта.
„Мажите не се борат вака. Луѓето не се однесуваат вака. Украинците нема да го заборават ова. Нека овие видеа ги видат сите што немаат грижа на совест, сите што сè уште му подаваат рака на руското зло и сè уште купуваат нафта од Путин“, рече претседателот.
Зеленски нагласи дека Украина поминала долг пат, од потпирање на донирани панцири до напредни системи како што се борбени авиони „Патриот“, „Ирис-Т“, „НАСАМС“ и „Ф-16“, како и сопствено оружје со долг дострел.
Украина денес произведува повеќе од 3 милиони беспилотни летала годишно, соборува стотици беспилотни летала „Шахед“ за една ноќ и е способна да спроведува големи операции.
Претседателот, исто така, им оддаде почит на паднатите украински бранители.
„Драги луѓе, силата што нè одржуваше сите овие години сте вие. Нашиот народ. Нашиот отпор сте вие. Украински мажи. Украински жени. Сите што не се откажуваат. Нашите очи можеби се уморни, но грбот не ни е скршен. Сакам да им се заблагодарам на сите што ја носат независноста на своите рамена. На секој воин за вашата сила. На вашите родители, вашите деца, вашите сопруги и сопрузи за нивната издржливост“, рече тој.
„Им се заблагодарувам на сите чија работа ја прави Украина посилна. На оние што враќаат светлина и топлина во нашите домови. На оние што лекуваат. На оние што волонтираат. На оние што предаваат. На оние што учат, на универзитети или во училишта, и кои го учат најважното нешто: да се биде човек, да бидат Украинци. Горд сум на вас. Верувам во секој од вас. Во сите вас на кои, без никакво претерување, имам чест да им кажам: Големи луѓе на голема Украина“, рече тој.
Тој додаде дека Украина се соочува со „најсуровата зима во историјата“, но дека „пролетта е за помалку од една недела“. „Путин не ги постигна своите цели. Тој не ги уништи Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да обезбедиме мир и правда“, заклучи Зеленски.
Европа
Фон дер Лајен и Коста пристигнуваат во Киев на годишнината од инвазијата
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот, Антонио Коста, денес треба да пристигнат во Киев, каде што Украина ја одбележува четвртата годишнина од руската инвазија. Се очекува двајцата лидери на ЕУ да присуствуваат на комеморација со неколку европски лидери и да изразат солидарност со Украина.
Тие, исто така, планираат да посетат места оштетени од руските воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура. Сепак, посетата е во сенка на Унгарија и Словачка, кои ги блокираат новите санкции против Русија.
Унгарија, исто така, вчера стави вето на пакетот помош на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина, од кои 60 милијарди евра се наменети специјално за нејзина одбрана од руска агресија. Се смета дека двете земји имаат најблиски односи со Москва меѓу земјите-членки на ЕУ.
На меѓународно ниво, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер организираат видеоконференција на таканаречената Коалиција на волните, во која е вклучена и Германија, за да ја одбележат годишнината. Високи политичари од ЕУ собрани во Киев, исто така, ќе учествуваат на конференцијата.

