Европа
Осомничениот за нападот во Берлин пред две седмици зборувал со роднините
Последниот пат Тунижанецот Анис Амри по кого германската полиција трага во врска со терористичкиот напад врз божикниот базар во понеделникот вечерта во Берлин, последен пат комуницирал со роднините пред две седмици коа им кажал дека со него сé е во ред, изјави за таблоидот Bild, неговиот постар брат Валид Амри.
„Пред околу две седмици ние комунициравме последен пат на Facebook. Го немам бројот на неговиот мобилен телефон, ние секогаш се допишувавме преку Facebook“, изјавил братот на осомничениот терористи и додал дек „во нашиот последен разговор пред две седници тој кажа дека со него сé е во ред“.
Според Валид Амри, неговиот брат го напуштил Тунис во 2011 година, кога тој отпатувал за Италија со намера подоцна да замине во Германија „да бара работа“. Но тој во Германија успеал да влезе дури „пред три или четири години“, додал Валид. Притоа неговиот помлад брат не го помагал материјално семејството во Тунис, а тој не мал постојано место на живеење во Германија, тврди братот.
Според податоците на полицијата, Анис Амри дошол во Германијаво јули 2015 година, и престојувал во неколку сојузни покраини, а од февруари 2016 година живеел главно во Берлин.
„Видов на Facebook дека трагаат по брат ми. Јас ништо не знам. И јас сум изненаден, како и другите. Ние немаме контакти со Исламската држава“, рекол Валид Амри.
Претходно агенцијата AFP пренесе дека безбедносните служби на Тунис ги земале на разговор членовите на семејството на 24-годишниот Анис Амри, но нема информации за сознанијата што евентуално ги добиле од нив.
По Тунижанецот полицијата распиша награда од 100.000 евра, за информација која ќе доведе до негово апсење. Трагата води до него, откако во кабината на камионот со кој беа убиени 12 а повредени уште 48 луѓе, било пронајдено уверение на негово име. Одговорноста за нападот ја презема терористичката организација Исламска држава./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

