Европа
Осумнаесет Албанци спасени пред британскиот брег

Од дваесет спасени лица во текот на ноќта кон неделата во каналот Ламанш, осумнаесет се имигранти од Албанија, објавија во неделата британските власти.
Акцијата за спасување започнала кога властите примиле информации дека гумениот чамец со кој имигрантите го минувале Ламанш почнал да тоне. Од него се спасени 18 Албанци и двајца Британци.
Крајбрежната стража примила итен повик во водите пред Димчрч во грофовијата Кент, наспроти францускиот град Кале, околу еден час по полноќ. Операцијата за спасување била завршена по два часа.
Во Лондон функционер на британското министерство на внатрешни работи потврдил дека сите лица од чамецот се спасени, а во неделата попладнето граничната полиција започнала со нивно испитување.
Премините преку Ламанш со чамци не се чести. Околу 4.000 мигранти според префектурата Па-де-Кале, а над 5.000 според организациите за човекови права, во моментов живеат во бегалскиот камп наречен „Џунглата“ во Кале, во надеж дека ќе дојдат до Велика Британија./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Пет европски воени сили ја потврдија поддршката за Украина

Претставниците на Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска ја потврдија својата политичка и воена помош за Украина.
Членките на НАТО се собраа преку видео врска во форматот за одбранбена соработка на Групата пет водечки европски одбранбени сили.
„Сите се согласуваат дека (Украина) може да се потпре на континуираната и сеопфатна поддршка на Групата“, се вели во соопштението на германското Министерство по состанокот.
Состанокот беше свикан за кратко време по жестоката расправија меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа минатата недела.
Расправијата ги поттикна стравувањата дека Вашингтон би можел да ја повлече својата клучна поддршка за Киев, бидејќи односите меѓу САД и Русија почнаа да се подобруваат.
Следниот состанок на Групата пет одбранбени сили е закажан за 12 март во Париз. Целта на групата е да ја зајакне европската безбедносна и одбранбена подготвеност.
Европа
(Видео) Црвено предупредување во Валенсија поради силен дожд

Обилно невреме вчера ја погоди југоисточна Шпанија, четири месеци откако во поплавите загинаа 224 лица, поради што се откажаа наставата во Валенсија за денеска, а жителите се повикани да бидат на готовност.
Метеоролошката служба АЕМЕТ ја подигна тревогата на највисоко „црвено“ ниво, а градските власти во Валенсија ги откажаа часовите и активностите на отворено.
No es Gaza, no es Ucrania, es Valencia 4 meses después, nadie hará una cumbre por esto, ni tan siquiera en la sede de nuestro gobierno. pic.twitter.com/SMqThyKnrA
— 🅰🆁🆂🅴🅽🅸🅲🅾 🈷️🈴️🈷️ (@Arsenico_bis) March 3, 2025
„Се очекува една недела пороен дожд, затоа ве повикувам да ги следите најавите и препораките на службите за вонредни состојби“, изјави претседателот на провинцијата Карлос Мазон на жителите преку социјалните мрежи.
Во провинцијата Валенсија, 224 луѓе загинаа на крајот на октомври во поплава предизвикана од силен дожд.
This is Buñol, Valencia in Spain, today, where 100mm of rain has already fallen in the last few hours.pic.twitter.com/LSQ2vz7D7Z
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) March 3, 2025
Во Паипорта, место кое беше особено тешко погодено, парковите и гробиштата вчера беа затворени, а училиштата ќе бидат затворени од денеска. Се повикуваат жителите да не ги напуштаат домовите доколку не е потребно.
Европа
Макрон: Европските земји треба да ги зголемат воените трошоци меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП

Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика европските земји значително да ги зголемат годишните воени трошоци на повеќе од 3 отсто од БДП. Оваа порака тој ја испрати по итниот состанок за Украина, кој се одржа во Лондон.
Додека балтичките земји веќе некое време бараат воените инвестиции да се зголемат на најмалку 3 отсто од БДП, а актуелниот американски претседател Доналд Трамп бара до 5 отсто, Макрон сега првпат конкретно изјави колку Европа треба да одвои според него.
„Русите трошат 10 отсто од својот БДП за одбрана во последните три години. Мораме да се подготвиме за она што доаѓа, а нашата цел треба да биде меѓу 3 и 3,5 отсто од БДП“, рече Макрон во интервју за францускиот весник „Фигаро“. Франција моментно троши 2,1 отсто од својот БДП за одбрана, што е нешто над целта на НАТО од 2 отсто, која Париз ја постигна дури минатата година.
Европа, пак, се обидува да договори заеднички одговор на новата американска политика кон Украина. Вашингтон сè повеќе ѝ врти грб на Европа и бара договор со Русија, а стравувајќи за иднината на НАТО, европските земји сакаат да ги зајакнат сопствените воени капацитети и да покажат подготвеност да ги споделат трошоците во алијансата за да ја задржат американската поддршка.
Европскиот совет в четврток одржува специјален самит за одбраната и Украина, а лидерите се очекува да разговараат за начините за финансирање поголеми воени инвестиции.