Европа
Папата го нарече масакрот на Ерменците геноцид
Папата Франциск во неделата, по повод одбележувањето од стогодишнината од масакрот над Ерменците во Отомаското царство, во својот говор го употреби зборот „геноцид“, што би можело сериозно да ги наруши дипломатските односи помеѓу Ватикан и Турција.
„За време на минатиот век, човечкиот род доживеа три огромни трагедии без преседан. Првата, која повеќето ја сметаат за „прв геноцид на 20. век“, го погоди ерменскиот народ, рече папата за време на мисата во базиликата „Свети Петар“ во Рим, цитирајќи го соопштението од 2000 година, потпишано од папата Јован Павле Втори и ерменскиот патријарх.
Останатите два геноцида во минатиот век ги извршиле „нацистичкиот и сталинистичкиот режим“, наведе папата.
„И во поновото време се забележани масакри, како оние во Камбоџа, Руанда, Бурунди и Босна“. Се чини дека човечкиот род не е способен да стави крај на пролевањето крв од невини луѓе.
Поглаварот на Римокатоличката црква беше изложен на притисок во пресрет на стогодишнината од масакрот над Ерменците, која ќе биде одбележана на 24 април, јавно да го употреби зборот „геноцид“ и покрај ризикот дека со тоа ќе ги налути Турците, важен сојузник во борба против радикалниот ислам.
Голем број историчари сметаат дека масовните убиства на милиони Ерменци во Османлиската империја е „прв геноцид на 20. век“, но официјална Анкара категорично ги отфрла ваквите обвинувања. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Кремљ: Го освоивме Покровск
Руската армија го зазеде украинскиот рударски град Покровск во источниот регион Донецк, кој беше под напади околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите.
Песков рече дека претседателот Владимир Путин бил информиран. Нема потврда од Киев. Руските сили наводно го окупирале и градот Вовчанск во соседниот Харков. Тврдењата не можеа да бидат независно потврдени, иако украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на посетата на Париз изјави дека интензивните борби продолжуваат околу Покровск и во Харков.
Набљудувачите сугерираат дека руското соопштение за воените придобивки би можело да биде темпирано пред очекуваната посета на американскиот специјален претставник Стив Виткоф на Москва утре, додека Кремљ се обидува да покаже напредок пред разговорите за евентуален мировен план.
Европа
Мерц: Европејците ќе се спротивстават на наметнатиот мир врз Украина
Европејците ќе се спротивстават на „наметнат мир“ врз Украина, потврди денес германскиот канцелар Фридрих Мерц пред планираната средба меѓу претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
„Следиме јасна линија, нема одлука за Украина и Европа без Украинци и без Европејци, не може да се наметне мир зад грбот на Украина, нема слабеење или поделба на Европската Унија и НАТО“, рече германскиот лидер по телефонскиот разговор со неговите украински, француски, британски и полски колеги.
Мултилатералната средба се одржа додека Мерц беше домаќин на полскиот премиер Доналд Туск во Берлин, а францускиот претседател Емануел Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз. Двајцата претходно разговараа со претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и украинскиот преговарач Рустем Умеров, соопшти Елисејската палата.
Туск: Едногласни сме
„Во Украина, единството на Европа е исто така во прашање“, рече Мерц, додавајќи дека големите европски земји, вклучувајќи ги Полска и Германија, имаат „посебна одговорност да обезбедат дека ништо и никој не ја дели Европа“.
Според симултаниот германски превод, Доналд Туск рече дека Европејците се „едногласни“ по ова прашање и се „целосно посветени на продолжување на целосната поддршка на Украина во нејзината одбрана во војната против Русија“.
Европа
Макрон: Само Украина може да одлучува за своите територии
Европските лидери во понеделник му дадоа поддршка на украинскиот претседател Володимир Зеленски по американско-украинските разговори за мировниот предлог кој првично беше во корист на Русија, додека претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп се упати кон Москва на разговори во Кремљ.
Зеленски беше топло пречекан во Париз од францускиот претседател Емануел Макрон, а двајцата им се придружија на десетина европски лидери, меѓу кои и од Велика Британија, Италија, Полска и Европската Унија, во телефонски разговор.
France’s support holds special significance for Ukraine, and I am grateful to President @EmmanuelMacron and his team for their attention to our people and their willingness to help.
Our engagement today was substantive and important – above all, focused on the steps that bring a… pic.twitter.com/aL3mcUokAO
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 1, 2025
„Војната мора да заврши што е можно поскоро. Сега многу зависи од вклученоста на секој лидер“, напиша Зеленски на Икс.
Макрон објави фотографија со украинскиот лидер пред почесната гарда во Елисејската палата.
Le travail pour la paix se poursuit.
The work for peace continues.
🇺🇦🇫🇷 pic.twitter.com/31OgcnrO2s— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) December 1, 2025
По средбата со Макрон, Зеленски изјави дека приоритетите на Украина во мировните преговори се одржување на суверенитетот и обезбедување силни безбедносни гаранции.
Тој, исто така, ги повика сојузниците на Киев да спречат Русија да биде наградена за војната што ја започна. Тој истакна дека територијалните прашања претставуваат најголем предизвик во преговорите.
Украинскиот лидер, исто така, изјави дека се надева дека ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп откако специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе ја посети Русија.
Францускиот претседател нагласи дека само Украина може да одлучува за своите територии во мировните преговори. Тој додаде дека Русија не покажува знаци дека ќе ја запре својата агресија.
Мировниот план меѓу Русија и Украина, рече тој, може да се финализира само со учество на Киев и европските партнери.
„За прашањата за замрзнатите средства, безбедносните гаранции, пристапувањето кон Европската унија и европските санкции, (овој план) може да се финализира само со Европејците на маса. Значи, сè уште сме во прелиминарна фаза“, рече Макрон.

