Европа
Париз и Берлин прават план за иднината на ЕУ по референдумот во Британија

Франција и Германија подготвуваат заедничка иницијатива за иднината на Европската унија за периодот по референдумот во Велика Британија за нејзино останување или излегување од ЕУ, пишува агенцијата AFP повикувајќи се на дипломатски извори.
Еден од соговорниците на агенцијата за извештајот објавен во петокот вечерта вели дека Париз и Берлин веќе започнале разговори околу заедничкиот план, без разлика на исходот од британскиот референдум. Друг извор го нарекол планот кој се подготвува „француско-германска иницијатива“ и „политичка дискусија на темата вредностите и историскиот развој на Европа“. Според него, француско–германскиот план ќе го опфаќа прашањата како што се безбедносните и политиките кон младите.
И покрај тоа што официјално во Брисел велат дека план „Б“ во случај на излегувањето на Обединетото Кралство од Европската унија не постои, изворите на AFP во европските земји велат дека официјални претставници на Франција, Германија и Италија се состанале во белгиската и европска престолнина во понеделникот, за да дискутираат за иднината на Унијата по британскиот референдум. Претходно беше објавено дека состанокот го водел шефот на кабинетот на претседателот на Европската комисија, Мартин Селмајер.
Според еден од соговорниците на агенцијата, на средбата биле разгледувани прашањата што ќе се случува на 24-ти јуни, ден по референдумот во Британија. „Поточно, за она што ќе биде кажано официјално, кога и на кој начин“, истакнал изворот кого го цитира AFP. Додал и дека „длабоки дискусии за последиците“ од референдумот немало на оваа средба.
Референдумот за британското членство во ЕУ ќе се одржи на 23-ти јуни. Според анкетите изедначени се бројките и на поддржувачите за останување во 28-члениот блок и на поборниците за излегувањето ткн Брекзит. Прашањето за референдумот за членството во ЕУ, во Британија го нарекуваат најважната стратешка одлука на една цела генерација./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.
Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.
Tourists in Sochi spent the night sheltering in basements and car parks as waves of unknown drones hit the area, reportedly targeting a nearby oil refinery near Adler, the southern district of Sochi close to the Abkhazian border.
The mayor claims a missile attack was repelled,… pic.twitter.com/yxdGxmAGLI
— Shaun Pinner (@olddog100ua) October 17, 2025
Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.
Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.
Burning oil depot in #Hvardiyske – view from the highway near #Simferopol 🔥🔥🔥 pic.twitter.com/X4z4t82WLK
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) October 17, 2025
Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.
Bucharest, Romania, Now pic.twitter.com/1a4cNKXVlY
— Musat Sorin Mihai (@sorinmihaimusat) October 17, 2025
Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.
An explosion occurred in a residential building in Bucharest, destroying several apartments on the 5th and 6th floors.
Authorities in the Romanian capital confirmed that two people were killed, while another 12 were hospitalized, according to preliminary reports. pic.twitter.com/rxPsE1wIaM
— NEXTA (@nexta_tv) October 17, 2025
Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.
фото: принтскрин
Европа
Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.
Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.
Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.
фото: принтскрин