Европа
Париз и Москва не можат да се договорат за износот враќањето на парите за неиспорачаните бродови
Франција и Русија не успеваат да постигнат договорот за условите за раскинување на договорот за продажбата на носачите на хеликоптери од типот „Мистрал“ за руската воена морнарица, бидејќи во Москва оценуваат дека износот кој го нуди Париз не е доволен во овој случај кој дополнително ги оптоварува меѓусебните односи.
Според московскиот дневен весник Комерсант, Париз има намера да ѝ врати на Москва речиси 785 милиони евра уплатен аванс, но дури откако руските власти во пишан документ ќе ѝ одобрат на Франција двата воени брода „Мистрал“, чијашто испорака во ноември 2014 година беше суспендирана поради украинската криза, дека може да ги продаде на трета страна.
Кремљ смета дека Русија претрпела штета од речиси 1,163 милијарди евра и не сака да се согласи на препродажбата на бродовите, додека парите не ѝ бидат вратени, пишува овој економски весник кој се повикува на извори во рускиот воен индустриски комплекс. Москва истакнува и дека имала голем трошоци за обуката на 400 морнари кои требаше да бидат екипаж на споменатите бродови, за изградба на инфраструктурата во пристаништето во Владивосток за прифаќање на носачите на хеликоптери, каде што требаше да биде базата на првиот „Мистрал“ и за произведување на четирите пловила.
„Во моментов се водат преговори за вонсудска спогодба за условите и за иднината на договорите“, изјавил неименуван француски дипломатски извор за AFP, додека Елисејската палата упатува на неодамнешните изјави на францускиот претседател Франсоа Оланд по разговорот со рускиот колега Владимир Путин.
Оланд изјави дека „Париз и Москва преговараат за да изнајдат решение од таа криза“, откако претходно Путин јасно порача дека Русија очекува Франција да ѝ ги врати парите кои се исплатени според договорот уште од јуни 2010 година, во времето на претседателот Николас Саркози во вредност од 1,2 милијарди евра.
Според заменикот директор на руската служба за воено-техничка соработка, двете земји во моментов преговараат и се надеваат дека до крајот на мај ќе биде постигнат договор. Станува збор за поливалентни воени бродови наменети за транспорт на хеликоптери, тенкови и понтонски мостови, а на него може да се смести воен штаб и болница.
Сепак, мора да се биде многу претпазлив бидејќи може да има многу дезинформации во вестите за наводниот предлог за исплатата на долгот на Париз, смета францускиот адмирал, поранешен главен воен инспектор на воената морнарица и поранешен заменик началник на Генералштабот на француската армија, Ален Колдефи.
„Тврдењето за раскинувањето на договор треба да се гледа со голема претпазливост, бидејќи досега тоа ниту е коментирано ниту потврдено, ниту, пак, е демантирано и од француските и од руските власт. Во време додека преговорите меѓу двете страни уште траат, користењето на ‘протекување’ информации преку неофицијални извори, е класична метода, особено за специјалистите за дезинформации“, вели за руската агенција РИА, францускиот адмирал Колдеф, сега директор на истражувачката програмна на францускиот Институт за меѓународни и стратешки односи (IRIS).
Франција во мај 2014 година соопшти дека ќе го разгледа договорот со Русија во октомври, но не претходно. Меѓутоа, француски дипломатски извори изјавија дека договорот со Русија од јуни 2011 година за продажбата на два носача на хеликоптери „Mistral”, со можност да продаде уште два, во висина од 1,2 милијарда евра, нема да биде дел од третиот круг санкции против Москва. Во меѓувреме Москва соопшти дека, како што беше планирана и заедничка изградба на ваквите пловила, може да ги изгради самата, бидејќи според договорот веќе ја поседува целата техничка документација.
Во моментов во бродоградилиштето во Сен-Назер заврши изградбата на носачот „Владивосток“ за руската воена морнарица кој требаше да биде испорачан до крајот на 2014 година и за кој Русија веќе обучи 400 морнари.
Вториот брод именуван „Севастопол“, според седиштето на руската Црноморска флота на полуостровот Крим, беше почнат со изградба во Санкт Петербург во јуни 2013 година а потоа беше пренесен во Сен-Назер каде што ќе биде довршен. Тој треба да ѝ биде предаден на руската морнарица до крајот на 2015 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

