Контакт

Европа

Парламентот на Каталонија закажа референдум за независност од Шпанија

Објавено пред

Парламентот на североисточната покраина Каталонија изгласа во петокот одржување референдум за независност од Шпанија кој ќе се одржи во септември 2017 година, иако од Мадрид веднаш порачаа дека институциите ќе реагираат бидејќи тој плебисцит не е во согласност со шпанскиот устав.

dobivaj vesti na viber

За организирање на референдумот гласаа 72 од 135 пратеници, со што владиниот предлог е усвоен. За изјаснување на граѓаните се изјаснија партиите кои ја поддржуваат каталонската независност, коалицијата „Заедно за да“ и левата антикапиталистичка Кандидатура на народното единство (CUP).

Овој би требало да биде обврзувачки референдум, за разлика од оној организиран во септември 2014 година од поранешниот каталонски претседател Артур Мас, соопшти неговиот наследник на должноста Карлес Пучдемонт-и-Касамажо. Околу 7,5 милиони Каталонци се повикани на избирачките места во септември 2017 година, иако точниот датум не е одреден.

Потпретседателката на шпанската влада, Сораја Сајнц де Сантамарија, порача од Мадрид дека институциите ја разгледуваат одлуката на каталонскиот парламент со цел да функционира правната држава. Владејачката Народна партијана, од десниот центар, се противи на референдумот.

Шпанскиот Уставен суд во август годинава се спротистави на најавите за започнување на процесот за прогласување на независноста која го означи каталонската влада. Судот уште претходно го прогласи референдумот за незаконски. Според шпанскиот устав од 1978 година, донесен две години по падот на диктатурата на Франсиско Франко, дозволени се референдуми единствено на територијата на цела Шпанија.

Државното обвинителство на Шпанија минатата седмица побара 10-годишна забрана за извршување на јавни функции за поранешниот каталонски претседател Артур Мас, како и 9-годишната казна за поранешната потпретседатела Жоана Ортега и советничката за образование Ирене Риагу поради организирање на референдумот од 2014 година./крај/мф/сн

Извор: AFP

Европа

Авион со руски туристи принудно слета во Естонија поради украински напад со дронови

Објавено пред

Патнички авион што превезуваше руски туристи до Санкт Петербург беше принуден да слета во Естонија вчера по украинскиот напад со беспилотно летало врз Русија.

dobivaj vesti na viber

„Авионот беше пренасочен кон Талин бидејќи не можеше да слета на аеродромот ‘Пулково’ поради неговото привремено затворање“, потврди Маргот Холтс, раководител за комуникации и за маркетинг на аеродромот во Талин.

Во ноќта од саботата кон неделата украински беспилотни летала погодија гасен терминал во регионот Ленинград и рафинерија за нафта во регионот Самара. Извор во Службата за безбедност на Украина потврди за „Киев индепендент“ дека разузнавањето стои зад нападот врз терминалот за течен природен гас во регионот Ленинград.

Авионот, управуван од египетскиот превозник „Ал Масрија јуниверсал ерлајнс“, полетал од Шарм ел Шеик и слетал во Талин во 5.33 часот по локално време. Тој го продолжил своето патување кон Санкт Петербург речиси шест часа подоцна.

Според Холтс, на патниците и на екипажот не им било дозволено да го напуштат авионот додека биле на аеродромот во Талин.

Украинските напади со беспилотни летала, кои сè повеќе го нарушуваат цивилниот воздушен сообраќај во Русија, се дел од пошироката украинска стратегија за поткопување на руската логистика далеку над линиите на фронтот. Во првите месеци од 2025 година украинските напади со беспилотни летала наводно ја принудиле Русија да затвори аеродроми повеќе од 200 пати.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Украинци: Русите извршија 500 напади врз Запорожје за еден ден

Објавено пред

Во текот на изминатите 24 часа, руските сили извршија 500 напади насочени кон 13 населени места во регионот Запорожје, објави на Телеграм Иван Федоров, началник на Воената администрација на Запорожје.

dobivaj vesti na viber

„Руските сили извршија четири воздушни напади врз Билохирија, Полтавка и Червони. Три напади со повеќекратен ракетен систем (MLRS) ги погодија Плавни и Мала Токмачка. Вкупно 327 беспилотни летала (главно дронови FPV) ги погодија Запорожје, Биленки, Плавни, Хулајпол, Шчербаки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно. Исто така, 166 артилериски напади се регистрирани во Плавни, Хулајпол, Орихив, Шчербаки, Преображенки, Новоданиливка, Мала Токмачка и Чаривно“, се вели во соопштението.

Властите добија 19 пријави за штети на станбени згради и помошни згради. Немаше пријави за цивилни жртви.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Патниците врескаат во агонија, трепка црвено светло: пекол на летот за Рим

Објавено пред

Патниците врескаа од страв откога силни турбуленции го погодиле летот од Шпанија до Рим принудувајќи го пилотот итно да слета.

dobivaj vesti na viber

Преплашените патници гласно врескаа додека авионот се бореше со силни турбуленции на летот од Аликанте до аеродромот во Рим.

Кога авионот изврши итно слетување во Болоња, патниците „му се заблагодарија на Бога што се живи“.

Снимките од кабината го покажуваат авионот како силно се тресе, со светла претежно изгаснати, а црвено светло трепка надвор од прозорецот.

Лошите временски услови во регионот предизвикаа проблеми за авионот додека се обидуваше да слета во Рим.

По неколку обиди за слетување на аеродромот во Рим, авионот беше пренасочен кон Болоња. Таму слетал во 3.53 часот наутро, речиси три часа откога требаше да пристигне во италијанската престолнина.

Патот од Аликанте до Рим обично трае нешто помалку од два часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Кривична пријава за градоначалникот на Делчево: вработил лице што исполнувало услови за пензија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 25.08.2025 до ОЈО Делчево поднесе кривична пријава против Г.Т. (54) од Делчево поради...

Македонија4 часа

Алиу: Очекувам објективни резултати од анализата на кардиолошките и на кардиоваскуларните интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу утрово одржа состанок со интерната комисија задолжена за изготвување прелиминарна анализа на кардиолошките и на...

Македонија4 часа

Славевски најави мерки за поттикнување поповолно кредитирање за купување станови

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижностите, Иван Живковски, денеска оствари работна средба со гувернерот на Народната банка, Трајко Славевски....

Македонија5 часа

Во текот на изминатото деноноќие изгаснати 20 пожари во Македонија

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 25/26.08.2025 година, на територијата на Македонија имаше вкупно 23 пожари на отворен простор,...

Топ6 часа

Уапсен возач во Кичево – усмртил пешак на пешачки премин и избегал од местото на несреќата

Полицијата уапси возач во Кичево кој со возило удрил во пешак и избегал, а пешакот подоцна починал во болница во...

Македонија7 часа

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денеска се одбележуваат 115 години од раѓањето на Мајка Тереза (вистинското име и е Агнеса Гонџа Бојаџиу). Таа е родена...

Македонија7 часа

„Влен“: Обвинителството да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Еден месец помина од јавно објавениот негативен извештај на Државниот завод за ревизија за трошењата во Министерството за надворешни работи...

Свет9 часа

Австралија: Иран нарача најмалку два антисемитски напада во нашата земја

Австралија денес објави дека ќе го протера амбасадорот на Иран во Канбера, а премиерот Ентони Албанезе го обвини Техеран за...

Македонија9 часа

Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска, во Собранието, ќе ја...

Македонија19 часа

(Видео) Во потрага по храна, мечка се качи на тераса од семејна куќа во Тетовско

Мечка се качила на тераса од семејна куќа во тетовското село Отуње. Членовите на семејството биле во внатрешноста на куќата,...

Македонија1 ден

Голема акција на Финансиската полиција: уапсени седум лица за даночни измами и перење пари, го оштетиле буџетот за 430 милиони денари

По двегодишна опсежна предистражна постапка, во текот на денешниот ден Управата за финансиска полиција спроведе акција во која беа извршени...

Македонија1 ден

Предложен притвор за таткото што тепаше играчи на фудбалскиот натпревар во Штип

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство. Осомничениот извршил грубо насилство...

Свет1 ден

Застрашувачки снимки од напад врз болница во Газа, меѓу загинатите има и новинари

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во...

Македонија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија1 ден

Алиу на средба со д-р Кедев: Сите што имаат информација за евентуални неправилности да се обратат до Министерството

Министерот за здравство Азир Алиу денеска оствари средба со д-р Сашко Кедев, на која беа разменети информации во врска со...

Македонија1 ден

Зеленски: Украина високо ја цени непоколебливата солидарност на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода

Украина високо ги цени непоколебливата солидарност и силниот глас на Северна Македонија во поддршка на нашата слобода, достоинството и правото...

Топ1 ден

Тешко повредена жена во Автокоманда, маж ја удрил во главата со гајба полна со стаклени шишиња

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка...

Европа1 ден

Русија уништи 21 украински дрон во текот на ноќта, два летаа кон Москва

Руските одбранбени единици уништија 21 украински дрон во текот на ноќта, објави руската државна новинска агенција, повикувајќи се на податоци...

Свет1 ден

Канада отворена за испраќање мировни сили во Украина

Канадскиот премиер Марк Карни му рече вчера на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ги поддржува барањата на Украина за силни...

Европа1 ден

Мерц: Никој повеќе не треба да има илузии, Германија е во структурна криза

Германскиот канцелар Фридрих Мерц призна дека справувањето со економските предизвици се покажува како многу поголем предизвик отколку што првично очекувал....