Европа
Петмина обвинети за нарачано убиство на Немцов
Петтемина осомничени, уапсени во февруари по убиството на рускиот опозициски политичар и поранешен министер и прв вицепремиер Борис Немцов, судот во Москва ги обвини за нарачано убиство.
Во соопштението судот наведе дека петтемина мажи, според етничкото потекло од немирните кавкаски републики Чеченија и Ингушетија, се обвинето врз основа на членот 105 од рускиот кривичен закон за убиства коишто ги сторила група лица за да стекнат материјална полза или по нарачка.
Тоа, според медиумите, упатува на заклучокот дека истрагата за убиството на еден од водечките опозиционери и критичари на политиките на претседателот Владимир Путин, која ја води специјален штаб составен од челниците на Истражниот комитет, Министерството за внатрешни работи и Федералната служба за безбедност, составен токму по налог на Путин, ја разгледуваат опцијата за нарачано убиство.
Рускиот претседател Владимир Путин веднаш по убиството на Немцов изјави дека станува збор за политичка провокација и вети дека ќе бидат преземени сите мерки нарачателите и извршителите да бидат пронајдени и казнети.
Инаку од истрагата за убиството на Немцов, претходно соопштуваа дека се разгледуваат најмалку пет можни верзии за убиството на опозицискиот политичар. Покрај опцијата за убиство од лична нетрпеливост или поради деловни односи, се разгледуваат и траги кои водат кон конфликтот во Украина, поради неговото критикување на односот на Москва кон кризата во соседната земја, но и можна исламска екстремистичка трага, поради неговите изјави во врска со исламистичките напади во јануари во Париз, и имајќи го предвид неговото еврејско потекло. Меѓутоа, Истражниот комитет на Руската Федерација истакна дека не се исклучува и варијантата дека станува збор за политички мотивиран атентат со цел да се предизвика дестабилизација на политичката ситуација во земјата.
Неколку лица блиски на Немцов ја отфрлија тезата за исламистичка заднина на убиството.
Петте лица беа уапсени ден по убиството. Едниот од нив Заур Дадаев, десет години работел како заменик командир на полкот на баталјонот ‘Север’ на Министерството за внатрешни работи на Чеченската Република, и тој на почетокот од истрагата ја призна вината, за потоа да тврди дека станува збор за изнудено признание со мачење. И другите четворица Анзор Губашев, кој работел во една од приватните агенции за обезбедување во Москва, Хамзад Бахаев, Тамерлан Ескерханов и Шагид Губешев, братот на Анзор, тврдат исто така дека се невини. Уште едно од осомничените лица се уби на 8-ти март активирајќи граната откако полицијата го опколила неговиот стан во чеченската престолнина Грозни.
Московскиот дневен весник Комерсант во понеделникот, повикувајќи се на извор запознаен со детали од истрагата, објави дека Истражниот комитет го идентификувал мажот кој на извршителите им го доставил оружјето и возилото користено при убиството. Осомничениот, чиј идентитет не е откриен во написот, наводно ветил пет милиони рубљи (околу 85 илјади американски долари) на секој учесник во убиството.
Поранешниот покраински гувернер, министер за енергетика и прв вицепремиер, 55-годишниот Борис Немцов беше застрелан со четири куршуми во грбот додека со партнерката, 23-годишниот украински модел Ана Дурицка во петокот пред полноќ минувал преку Големиот мост на реката Москва, недалеку од Црвениот плоштад и Кремљ. Од неколкуте политички убиства последните две децении, ликвидацијата на Немцов наиде на најголем одек и во самата Русија но и во странство, во заднината на украинската криза, особено по непотврдените тврдења дека опозиционерот и соосновач на либералната парија СРС Парнас планирал да обелодени материјали за наводната руска вмешаност во војната во источна Украина./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

