Европа
Почина легендата на германската дипломатија Ханс-Дитрих Геншер
Поранешниот германски министер за надворешни работи Ханс-Дитрих Геншер, кој имаше клучна улога во обединувањето на Германија на почетокот од деведесеттите години од минатиот век, почина на возраст од 89 година, објави во петокот неговиот кабинет.
Според соопштението, Геншер починал од последници од застој на работата на срцето во четвртокот навечер во својот дом, опкружен од семејството.
Геншер со години беше висок функционер на германските либерали и еден од најомилените политичари, а кулминација на неговата политичка кариера ја имаше како прв министер за надворешни работи на обединета Германија, откако учествуваше во преговорите за повторното обединување. Беше шеф на дипломатијата 18 години, во периодот 1974 до 1992 година, повеќе од кој и да е друг министер за надворешни работи на Германија.
Геншер, пред сé, беше еден од оние државници кои имаа влијание врз судбината на Германија, смета заменикот портпарол на германската влада Георг Штрајтер, кој веста за смртта на дипломатот ја дозна на брифинг со новинарите.
„Само што го дознавме тоа. Се чувствувам безначаен да го оценувам придонесот на овој голем државник. Тој, безусловно, беше еден од малкуте кои влијаеле врз судбината на земјата“, истакна Штрајтер нарекувајќи го Геншер „еминентен Европеец и Германец“.
Името на Геншер ќе се запамети во учебниците по историја, се вели во соопштението на актуелниот германски министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмаер, кој веста ја дознал за време на посетата на Душанбе. „… Геншер во својот долг и активен живот во буквална смисла ја пишуваше историјата, историјата на нашата земја, Германија, историјата на Европа. Неговото има обезбедено место во историските читанки“, наведува Штајнмаер.
„Надминувањето на поделбата на Германија и расколот на Европа беа за него главните задачи во текот на неговиот живот“, истакна шефот на германската дипломатија.
Со неговото име се поврзува поимот „геншеризам“, кој во времето на идеолошката блоковска Студена војна, стана синоним за спроведувањето на својата политичка доктрина. Геншер во последните интервјуа повеќепати се залагаше за продлабочувањето на дијалогот меѓу ЕУ и Русија, повикувајќи го Западот наместо конфронтација да се бараат начини за соработка, сметајќи дека Европа не може да се стабилизира без Русија.
Кон крајот ја септември во интервјуто за Welt am Sonntag изјави дека „Сакаме да ја видиме Европа во соработка а не во конфронтација. Падот на Берлинскиот ѕид го означи крајот на поделбите во Европа, барем сите во тоа време така мислевме. Сега некои сакаат да ја придвижат линијата на поделбата кон Исток. Сепак, јас велам дека Москва припаѓа во Европа“, рече Геншер. „Како да се решаваат проблемите во светот, како а не преки преговори?“, рече тој ланскиот септември./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Висок руски генерал застрелан во Москва
Висок руски воен функционер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, беше застрелан во Москва во петокот и итно префрлен во болница. Државните медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на истражители, пренесува Ројтерс.
Според официјални информации, непознато лице испукало неколку куршуми кон Алексеев во станбена зграда во северозападна Москва во петокот, а потоа избегало од местото на нападот. Ранетиот генерал бил итно префрлен во московска болница, а неговата состојба сè уште не е официјално објавена, објавија руските медиуми. Истражниот комитет соопшти дека е отворена кривична постапка за обид за убиство и нелегално поседување огнено оружје.
Истражителите и форензичките експерти се на местото на пукањето, ги прегледуваат снимките од надзорните камери и ги испрашуваат сведоците, додека потрагата по напаѓачот или напаѓачите продолжува. Информациите за пукањето брзо се проширија на руските и украинските канали на Телеграм.
Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот на Министерството за одбрана. Тој беше еден од високите функционери испратени да преговараат со водачот на платениците Евгениј Пригожин за време на неговиот краткотраен бунт во јуни 2023 година.
Европа
„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали
Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски интернет терминали на Starlink. Извори од Генералштабот на вооружените сили на Украина потврдија дека бројот на руски напади во некои области е намален, додека во други сектори тие целосно престанале, пишува Украинска правда.
Според извештајот на Генералштабот објавен вчера во 16 часот, украинските сили регистрирале 56 борбени ангажмани по должината на фронтовската линија од почетокот на денот. Намалувањето на руската активност следува по мерките преземени за ограничување на неовластената употреба на технологијата Starlink.
Експертот за воена радиотехнологија Серхиј „Флеш“ Бескрестнов објави дека руските сили вчера се соочиле со масовен прекин на терминалите на Starlink.
Според него, Русите се жалат дека не можат повторно да ја воспостават врската, што ќе влијае на координацијата на нивните дејства по целиот фронт.
Проблемот стана јавен на 25 јануари, кога Бескрестнов, кој оттогаш стана советник за технологија на министерот за одбрана Михаил Федоров, изјави дека руските сили веројатно го користат Starlink на беспилотните летала Шахид.
Американскиот претприемач Илон Маск одговори на барањето на Федоров за помош во решавањето на проблемот, по што SpaceX презеде контрамерки. Маск на 1 февруари објави дека мерките се чини дека дале резултати.
Федоров потоа извести за постепеното воведување на систем што ќе им овозможи само на овластени терминали на Starlink да работат на украинска територија.
Украинската влада донесе декрет за воведување на таканаречена „бела листа“, што значи дека само потврдени и регистрирани терминали наскоро ќе можат да работат во Украина, додека сите други ќе бидат исклучени.
Европа
Започна вториот ден од разговорите во Абу Даби, Рубио: Има добри и лоши вести
Вториот ден од трилатералните разговори меѓу Украина, Русија и САД, насочени кон решавање на војната, започна во главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Ова го објави Рустем Умеров, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, пренесува Украинска правда.
„Вториот ден од преговорите во Абу Даби започна. Работиме во истите формати како и вчера: трилатерални консултации, работа во групи, а потоа усогласување на ставовите. Резултатите ќе следат“, објави Умеров на Фејсбук.
Коментирајќи го напредокот на разговорите во Абу Даби на 4 февруари, американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека има и добри и лоши вести. Според Рубио, добрата вест е дека списокот на нерешени прашања што постоеја меѓу Украина и Русија е значително стеснет. Украинската делегација подготвува извештај до претседателот Володимир Зеленски за резултатите од првиот ден од преговорите.

Украинската делегација во Абу Даби ја сочинуваат секретарот Рустем Умјеров, шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, и неговиот прв заменик Серхиј Кислица, лидерот на парламентарната фракција „Слуга на народот“ Давид Арахамија, началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андриј Хнатов, и советникот на кабинетот на претседателот, Олександр Бевз.
Според Умјеров, украинскиот тим во Абу Даби планирал и билатерален состанок со американската страна, претставена од специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, и зетот на Доналд Трамп, Џаред Кушнер. Тие требало да разговараат за документ за безбедносни гаранции и план за просперитет.

Трилатералните разговори во Обединетите Арапски Емирати се одржуваат по големиот руски напад врз Украина. По последниот напад, претседателот Володимир Зеленски во вторникот изјави дека работата на украинскиот преговарачки тим ќе биде „прилагодена“.

