Европа
Полјаците гласаат на референдум за воведување на мнозинскиот изборен систем
Полјаците во неделата гласаат на референдумот на кој би требало да покажат дали се за реформи на изборниот систем од пропорционален во мнозински, односно воведување изборни единици коишто ќе даваат еден мандат во Сејмот (парламентот), за финансирањето на политичките партии и за измени во даночното законодавство. За да биде успешен референдумот, на избирачките места треба да излезат мнозинството од 30 милиони гласачи.
Иницијативата за референдумот ја поведе поранешниот претседател Бронислав Коморовски, уште по првиот изборен круг од претседателските избори во мај годинава. Тогаш се обиде со овој потег да ги привлече на своја страна гласачите во вториот круг, во кој на крајот победи кандидатот на конзервативната партија Право и правда, Анджеј Дуда.
Сенатот, горниот дом на полскиот парламент, на 21-ви мај ја поддржа законодавната иницијатива на Коморовски за спроведување плебисцитарно изјаснување за споменатите важни прашања. Така, на референдумот се поставени три прашања: за воведување изборни единици кои ќе даваат еден пратеник за изборите во Сејмот (долниот дом на парламентот), измена на финансирањето на политичките партии од државниот буџет, како и промени во даночните закони во полза на даночните обврзници.
Избирачките места беа отворени во неделата во 6 часот и гласањето ќе трае до 22 часот. Според Државната изборна комисија на Полска, референдумот ќе ги чини даночните обврзници 90 милиони злоти, односно околу 24,3 милиони американски долари.
Претседателот на изборната комисија, Војчех Гермелиснки, за медиумите на прес-конференција најави дека резултатите од референдумот ќе бидат објавени во понеделник попладне. Според него, комисијата во текот на денот нема да објавува извештаи за одѕивот на гласачите и делумни резултати по затворањето на избирачките места, туку ќе го објави конечниот резултат по пребројувањето на сите гласачки ливчиња.
Можно е одѕивот на референдумот да не надмине 50 отсто од вкупниот број избирачи, и плебисцитот да биде прогласен за неважечки, според последното истражување на јавното мнение од институтот CBOS.
Според оваа анкета, само 32 отсто од испитаниците се изјасниле дека ќе гласаат на референдумот. Во однос на претходната анкета спроведена во јули, бројот на Полјаците кои се подготвени да гласаат на референдумот се намалил за 9 проценти.
Анкетата била спроведена во периодот од 17-ти до 24-ти август, на национален репрезентативен примерок од 1.040 испитаници. Аналитичарите на CBOS укажуваат дека за разлика од периодот кога беше изгласан, интересот за референдумот меѓу избирачите постојано опаѓал.
Истовремено влијателни политичари во Полска го најавија бојкотирањето на референдумот. На гласањето нема да излезат поранешниот претседател и добитник на Нобеловата награда за мир Лех Валенса, и вицепремиерот и министер за економија, челника на Полската селанска партија, Јануш Пехочински./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

