Европа
Полска ќе ги ексхумира жртвите од авионската несреќа од 2010-та
Посмртните останки на поранешниот полски претседател Лех Качински кои загина во авионска несреќа зимата 2010 година крај рускиот град Смоленск, ќе бидат ексхумирани и анализирани за да се утврди причината за несреќата, изјави во саботата неговиот брат близнак и водач на полската владејачката конзервативна партија Право и справедливост(PiS), Јарослав Качински.
Владата повторно годинава ја отвори истрагата за споменатата авионска несреќа во којашто загинаа уште 95 членови на полската делегација, меѓу кои и врховните команданти на војската, гувернерот на централната банка, неколку пратеници и многу познати личности од јавниот живот.
Полското обвинителство одлучи да ги отвори ковчезите на жртвите, кои беа запечатени во Русија, тврдејќи дека анализите на посмртните останки се потреби за да се утврди причината за падот на авионот. Шест од девет претходно ексхумирани тела биле погрешно идентификувани, беше утврдено во јуни.
„Се согласувам со одлуката за ексхумација. Во случајот на мојот брат, веќе се разговара за тајмингот. Тоа ќе биде една од првите, ако не и првата ексхумација“, рече Јарослав Качински во интервју за порталот Onet.
Тој ја нарекува истрагата на претходната влада „скандал, за кој многумина заслужуваат да седнат на обвинителната клупа“.
Станува збор за најлошата несреќа од овој вид во Полска од Втората светска војна која длабоко го подели тамошното општество. Истрагата на претходната влада заклучи дека одговорноста паѓа на пилотот, капетанот на летот, кој од некои причини, наводно поради инсистирање на високи лица од државната делегација ги пренебрегнал предупредувањата од белоруската и руската контрола на летањето за лошите услови на аеродромот во Смоленск и не се упатил кон алтернативен аеродром, и при намалена видливост закачил во крошните на двата пред пистата. Несреќата се случи кога пилотот се обидел да го приземји авионот од советско производство (Ту-154“ во густата магла над аеродромот во западна Русија.
Партијата на Качински, пак, се сомнева дека причина за несреќата е експлозија во авионот. Полскиот министер за одбрана во јуни изјави дека авионот се распаднал на неколку метри над земјата, на 900 метри од местото на падот. Новата полска комисија за истрагата тврди дека целосната верзија од записите на „црните кутии“ укажува дека во последните секунди од летот во авионот откажал генераторот, моторот и инструментите за отчитување на височината.
Полската делегација требаше да учествува на комеморацијата за 22.000 полски офицери кои во 1940 година и убила советската тајна полиција, а според некои историчари дел биле ликвидирани од нацистите. Претходно Русија на Полска ѝ ги предаде списите од архивите за овој масакр познат во историјата ако масакрот од Катинската шума, но Варшава обвинува дека Москва не сака да ги врати остатоците од авионот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери
Невидена трагедија се случи во турскиот град Битлис, кога куп снег падна од покрив и уби девојка.
Трагедијата се случи во вторник, 6 јануари, кога снег од покривот падна врз 21-годишната Ајше Идер додека одеше по тротоарот, објавија турските медиуми.
Ајше Идер беше тешко повредена во инцидентот, а снегот се натрупа врз неа двапати, соборувајќи ја на земја. Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат, дури и ризикувајќи го сопствениот живот кога снегот падна на земја по трет пат.
📹Bitlis'in Tatvan ilçesinde çatıdan düşen kar ve buz kütlesinin altında kalan 21 yaşındaki Ayşe İder hayatını kaybetti https://t.co/Bcs5z4BaDF pic.twitter.com/4rqQ9yeEvi
— Habertürk (@Haberturk) January 6, 2026
Младата девојка, на која ѝ беше укажана прва помош од медицински екипи испратени на местото на настанот, а потоа однесена во државната болница Татван, не можеше да се спаси. И покрај сите напори им подлегна на повредите.
Инцидентот, кој беше снимен и од безбедносните камери, и смртта на младата девојка, која се подготвуваше за приемен испит на универзитет, предизвикаа голема тага во округот Татван. Телото на Ајше Идер, кое беше преземено од болницата наутро, беше погребано на гробиштата Кучукшу.
Европа
(Видео) Силна бура ги погоди Франција и Велика Британија, објавени се снимки
Силни ветрови ги погодија Франција и Велика Британија денеска, додека бурата Горети ја зафати северна Европа, оставајќи стотици илјади домови без струја. Во Франција, околу 380.000 домови останаа без струја, главно во регионите Нормандија и Бретања, соопшти снабдувачот со електрична енергија Енедис.
Налети на ветер од над 150 км/ч беа регистрирани преку ноќ во северозападниот француски регион Манш, со рекордни 213 км/ч во Барфлер, а железничкиот оператор SNCF ги прекина железничките услуги помеѓу Париз и регионот Нормандија.
Во Велика Британија, 57.000 домови останаа без струја, според National Grid, откако бурата Горети донесе повеќе снег во земјата по една недела студено време. Се очекува стотици училишта да бидат затворени низ Шкотска и делови од централна Англија, кои беа особено погодени од бурата Горети.
Железничките оператори во тој дел од Англија ги предупредија патниците да не патуваат, а некои услуги се прекинати.
Европа
Русите: Испукавме „Орешник“, тоа е одмазда за нападот врз резиденцијата на Путин
Руското Министерство за одбрана го издаде своето прво официјално соопштение по големиот напад со беспилотни летала и ракети врз Украина во текот на ноќта. Во соопштението се вели дека Русија извршила, како што наведува, „високопрецизен удар со долг дострел“ користејќи ја ракетата со среден дострел „Орешник“.
Во соопштението се тврди дека нападот бил одговор на она што Русија го опиша како „терористички напад од страна на режимот во Киев“ врз резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород, за кој Русија тврди дека се случил ноќта на 29 декември 2025 година.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили испукале оружје со долг дострел и висока прецизност од копно и море во текот на ноќта, вклучувајќи го и мобилниот копнено-базиран ракетен систем Орешник, како и дека извеле напади со беспилотни летала врз, како што наведуваат, клучни објекти во Украина.
Украина сè уште не потврдила дека нападот врз западниот град Лавов бил извршен со „Орешник“, но украинската војска потврдила дека ракетата летала со брзина од 13.000 км/ч.

