Европа
Поранешниот француски претседател Саркози во притвор
Француското правосудство одлучи во вторникот поранешниот претседател Николас Саркози да го стави во притвор во рамките на отворената истрага за наводното тргување со влијанија, пренесува AFP.
Одликата за притворањето на 59-годишниот Николас Саркози доаѓа во моментов на сé погласните шпекулации дека поранешниот конзервативен претседател на Франција сака да се врати во политичкиот живот на земјата со преземањето на челната позиција во конзервативната опозициска парија сојуз за нарoдно движење (UMP). Саркози претпладнето бил довезен на сослушување во Нантер, западно предградие на француската престолнина Париз, каде се наоѓа канцеларијата на истражителот. Неговиот адвокат Тиери Ерцог беше сослушан во понеделникот и тој исто така е задржан во притвор. Ова е првпат француското правосудство да стави во притвор поранешен претседател на државата. Пред Саркози под истрага беше и Жак Ширак, но ни нему како на ниеден, сé до овој случај, висок носител на државничка функција во Франција не му беше одреден притвор. Истрагата настојува да утврди дали Николас Саркози од вишиот судија Жилбер Азибер се обидел да добие информации за судската одлука која се однесувала на него, а во замена на судијата му понудил високо место во Монако.Покрај поранешниот претседател Саркози и неговиот правен застапник Ерцог, во притвор се задржани и вишите судии Азибер и Патрик Сасус, па истрагата ќе може да ги споредува исказите на сите четворица осомничени.Портпаролот на француската влада изјави за медиумите дека Саркози е подложен на правосудството како и секој друг државјанин на Франција/Поранешниот шеф на француската држава се најде во фокусот на истрагата покрената во пролетта 2013 година за тоа дали ликвидираниот либиски челник Моамер ел-Гадафи ја финансирал неговата претседателска кампања во 2007 година. Истрагата проверува дали Саркози и неговиот адвокат добивале информации за тој случај преку мрежа од информатори, за што се дозна преку прислушување на телефонски разговори. Меѓутоа, судската одлука чија содржина се обидел да ја дознае на нелегален начин и поради којашто директно заврши во притвор, се однесува на сосема одвоен случај на деловни релации меѓу политиката и бизнисот во кој е вклучена и Лилиан Бетенкур./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.