Контакт

Европа

Порошенко: Изгласајте и доверба на владата

Објавено пред

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, го повика парламентот да изгласа доверба на владата, откако премиерот Арсениј Јацењук поднесе оставка и земјата ја воведе во нова криза.

Тој изразил надеж дека ќе се смират силните емоции и ќе завладее разумот и одговорноста, како и дека комплетната влада ќе продолжи да работи, пренесуваат агенциите.

 

Истовремено, украинскиот парламент соопштил дека се уште не добил писмена оставка од премиерот Јацењук, па сега не може да гласа за прифаќање или отфрлање на оставката.

 

Во меѓувреме, потпретседателот на владата на Украина и министер за регионален развој, Владимир Гројсман, именуван е за вршител на должноста украински премиер, соопштил во четвртокот министерот за внатрешни работи, Арсен Аваков.

 

„Владимир Гројсман на седница на владата е поставен за вршител на должноста премиер“, напишал Аваков на својот Фејсбук профил, пренесува РИА Новости.

 

Гројсман, исто така, се наоѓа и на чело на државниот комитет за истрага на падот на малезискиот авион, кој пред една недела беше соборен на територијата на источна Украина.

 

Јацењук во четвртокот поднесе оставка од функцијата премиер поради распадот на владеачката коалиција и поради блокирањето на владините иницијативи.

 

Според информациите на Укринформ, Јацењук во парламентот истакнал дека поднесува оставка поради распадот на владината коалиција и поради блокирањето на владините иницијативи./крај/мф/ап

Европа

Германската влада усвои историска стратегија за родова еднаквост

Објавено пред

Германската влада усвои стратегија насочена кон зајакнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во сите идни закони и програми финансирани од владата.

Ова е првпат германската влада да се посвети на меѓуресорска стратегија за зајакнување на родовата еднаквост, тема што претходно беше препуштена на Министерството за жени.

И покрај родовата еднаквост утврдена во германскиот Устав, потребни се децении целата власт да се заложи за спроведување на истата, рече Франциска Гифеј, министерка за семејни прашања, стари граѓани, жени и млади.

Целите на стратегијата се да се назначат повеќе жени на лидерски позиции, да им се помогне на жените во спроведувањето на семејните и работните обврски и да се поттикне поправична поделба на грижата.

Гифеј вели дека има уште многу работа во овие области и дека стратегијата е пресвртница што ќе служи како важна основа за идните влади.

Овој потег на владата се случува еден ден откако Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел го прифати предлогот за зголемување на застапеноста на жените во партијата на 50 проценти до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Корушка задолжително носење маски и во текот на ноќта, од 21 до 2 часот наутро

Објавено пред

Од петок австриската покраина Корушка воведува задолжително носење заштитни маски ноќе во туристички места.

Сите ќе треба да носат маски од 21 до 2 часот наутро на места како што се Фелден, Клопаинер Зе, Факер Зе, Вертер Зе.

„Фелден не треба да стане летен Ишгл“, истакна членот на покраинската влада надлежен за туризам, Себастијан Шусниг.

Тој посочи дека апелите да се избегнуваат собири на граѓани, да се почитуваат мерките за далечина и хигиена, не биле доволни.

Затоа, како превентивна мерка, донесена е одлука да се воведе обврска за носење маски ноќе.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани

Објавено пред

Австриската влада донесе одлука да го прошири списокот на држави за кои важи предупредувањето за патување во Романија, Бугарија и Молдавија и најави строги контроли на своите источни граници.

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, по владината седница, рече дека состојбата во врска со коронавирусот на Балканот и Балтикот се влошила и дека има сè повеќе случаи на инфекција во Австрија увезени од исток.

„Се соочуваме со сè поголем увоз на зараза од странство. Затоа нашиот итен апел е да не се патува во тие земји“, објасни тој.

Курц потсети дека за тие земји важи мерката за двонеделен карантин.

„Прекршувањето на карантинот е сериозно кривично дело и кој и да го стори тоа, мора да смета на глоба до 1.450 евра. Кој е позитивен на тестот и ја нарушува карантинската одлука, сторил кривично дело и мора да смета на јасно построга казна“, истакна Курц.

Тој најави дека ќе се спроведуваат построги контроли на карантин, но и на границите кон исток.

„Повратниците од Балканот ќе бидат особено контролирани“, додаде Курц најавувајќи дека бројот на полицајци на границата ќе биде удвоен на 1.800.

Претходно овој месец австриската влада одлучи да ги стави државите од Западен Балкан на списокот на земји за кои важи предупредувањето за патување, врз основа на кое сите оние што се враќаат во Австрија, а престојувале во земјите од поранешна Југославија, мора да одат на двонеделен карантин или да имаат негативен PCR-тест.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион6 минути

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ18 минути

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово-Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе „мерцедес спринтер“,...

Македонија48 минути

Казна за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица кои не биле од исто семејство

Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион2 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија2 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион3 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија3 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион13 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион14 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион15 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет17 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион19 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија20 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија20 часа

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија23 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион23 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион23 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион24 часа

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Досие