Европа
Порошенко по веројатната победа најавува коалициски преговори
Украинскиот претседател Петро Порошенко најави во неделата доцна вечерта, по затворањето на избирачките места, дека уште во понеделник ќе ги започне преговорите за формирање на владејачка коалиција.
Излезните анкети по затворањето на избирачките места укажуваа на победа на предвремените парламентарни избори во Украина на групацијата „Блок Петро Порошенко“ и другите парти кои се прозападно ориентирани, бидејќи поинакви и не учествуваа на овие избори.На прес-конференцијата ви Киев по завршувањето на гласањето, претседателот Петро Порошенко изјави дека конечните резултати се очекуваат за десет дена, што според него е доволно долг период за завршување на преговорите за формирање владејачка коалиција. Најави дека ќе го именува за претседател на владата оној кого ќе го предложи коалиционата влада.Според Порошенко, Украинците на неделните избори покажале дека го поддржуваат неговиот план за ставање крај на судирите со рускојазичните бунтовници во југоисточните региони на земјата, како и демократските реформи и неговата прозападна ориентација. Во изјавата објавена на интернет страницата на неговата администрација, Порошенко и се заблагодари на избирачите на поддршката од „демократското, реформско, проукраинско и проевропско мнозинство“.„Мнозинството избирачи беа за политичките сили кои го поддржуваат претседателскиот мировен план и бараат политичко решение за состојбата во Донбас“, се наведува о пораката на Порошенко. Донбас инаку е заедничкиот назив за доминантно рускојазичните региони во источна Украина.Според излезната анкета на националниот exit poll, во водство е „Блокот Порошенко“ со 23 отсто гласови (или според излезната анкета на неколку странски агенции – 21,8 отсто), а следат Народен фронт на досегашниот премиер Арсениј Јаценјук кој ја напушти Баткивштина со 21,3 (21,8 отсто) а на трето место е Самопомош си 13,2 (14,2 отсто), Според оваа анкета во Врховната Рада влегуваат и Опозицискиот блок со 7,6 отсто ‘,8 отсто), која е основана од членови на поранешната владејачка Партија на регионите на соборениот претседател Виктор Јанукович, Радикалната партија на Олег Лјашко со 6,4 отсто, националистичката партија Свобода со 6,3 *5,8 отсто) и паријата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко – Баткивштина (Татковина) со 5,6 отсто. Според излезните анкети на агенцијата Research and Branding Group спроведена за телевизијата Украина, резултатите за партиите на Порошенко и Јаценјук се совпаѓаат со другите анкети, додека третото место не го освоила Самопомош која добила 10,86 отсто од гласовите, туку проруската партија Опозициски блок со 11,12 отсто. Според телевизијата и Батливштина со 6,06 отсто е пред Свободата која освоила 5,51 отсто од гласовите. Ултранационалистичкото движење Десен сектор кое излезе само на овие избори, Комунистичката партија на Украина и партијата Силна Украина на поранешниот член Партијата на регионите Сергехј Тигипко нема да влезат во парламентот зашто освоиле 3 отсто од гласовите, а изборниот праг изнесува 5 проценти.Според украинската државна изборна комисија, првите прелиминарни резултати ќе бидат објавени во текот на ноќта до утрото во понеделник. Во меѓувреме објави дека одѕивот на избирачите изнесувал 52,9 отсто од 36 милиони гласачи. Гласањето меѓутоа не се одржа в областите кои се под контрола на проруските бунтовници. Тие порачаа дека Украина сега за нив е соседна држава и најавија сопствени избори за 2-ри ноември. Сепак Киев објави дека излезноста на избирачките места во регионите на Донецк и Луганск била 31 односно 27 отсто. Не гласаа ниту избирачите на црноморскиот полуостров Крим каде што мнозинското руско население откако во Киев беше соборен Јанукович преку референдум ја врати автономијата и се присоедини на Русија. Украинското министерство за внатрешни работи соопшти дека изборите ги обезбедувале околу 84 илјади припадници на милицијата (каков што е официјалниот назив на украинските сили за ред), како и дека примиле 597 приговори за разни нарушувања на изборниот процес. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО во Арктикот
Данска ќе обезбеди четири борбени авиони Ф-35 за мисијата на НАТО „Арктички стражар“, изјави данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен.
НАТО во среда објави дека ја започнал мисијата за зајакнување на своето присуство на Арктикот, како дел од напорите за намалување на тензиите во рамките на алијансата предизвикани од желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз Гренланд од Данска.
„Нашиот придонес (со борбени авиони Ф-35) го зајакнува целокупното присуство во регионот и ја нагласува улогата на Данска како активен сојузник на Арктикот и Северниот Атлантик“, рече Поулсен во соопштението.
Министерот им рече на новинарите пред Минхенската безбедносна конференција дека очекува и САД да придонесат во мисијата на НАТО.
НАТО започна со планирање на мисијата откако Трамп и генералниот секретар Марк Руте се сретнаа во Давос минатиот месец. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини за европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.
Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.

