Европа
Португалскиот претседател против истополовите двојки да посвојуваат деца

– Претседателот на Португалија, Анибал Кавако Силва.
Актуелниот португалски претседател Анибал Кавако Силва стави во понеделникот вето на законот кој на истополовите двојки им одобрува посвојување деца и повика на јавна дебата за законот кој во декември го изгласа мнозинството на левицата во парламентот.
Актуелниот португалски претседател Анибал Кавако Силва стави во понеделникот вето на законот кој на истополовите двојки им одобрува посвојување деца и повика на јавна дебата за законот кој во декември го изгласа мнозинството на левицата во парламентот.
„Важно е таква важна промена, за многу чувствително прашање, да не стапи на сила без претходна широка јавна расправа“, изјави претседателот на Португалија, Анибал Кавако Силва.
Силва, кој го привршува својот втор мандат, на 9-ти март ќе биде заменет од Марсело Рабело де Соуза, кандидат на десницата и центристите, кој во неделата надмоќно победи уште во првиот круг од претседателските избори.
Претседателот Силва побара повторно разгледување на предлогот, за да се даде предност на „интересот на детето“, а не на рамноправноста на „истополовите и бисексуалните двојки“.
Социјалистичката партија, меѓутоа, најави дека има намера да го потврди законот преку апсолутно мнозинство на пратениците, што ѝ го овозможува португалскиот устав и покрај ветото од претседателот, кој инаку има нешто повеќе ингеренции отколку неговите европски колеги.
Силва, исто така, стави вето и на измените на законот за абортус, но социјалистите и покрај тоа имаат намера да ги усвојат./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз

„Никој не знае колку долго ќе трае војната. Но, не десет години. Украина нема да издржи… Русите нема да им веруваат на Украинците, а Украинците нема да им веруваат на Русите. Само надворешни посредници можат да гарантираат почитување на сите договори. Ако Путин не дојде во Турција, тоа ќе изгледа како негов целосен пораз“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Претходно портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул на 15 мај, додавајќи дека очекуваат и украинската страна да се појави на преговорите.
Европа
Шефовите на дипломатијата на членките на НАТО се состануваат во Турција: се бараат поголеми инвестиции во одбраната

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО денеска се среќаваат во Анталија, Турција, на последната рунда разговори на високо ниво пред самитот на западната воена алијанса во Холандија во јуни.
Домаќин на дводневниот состанок, на кој првенствено ќе се разговара за распределбата на средствата за одбрана и иднината на европската безбедност, е турскиот шеф на дипломатијата, Хакан Фидан.
На самитот на лидерите на НАТО во Хаг во јуни се очекува договор за нова цел за трошоците за одбрана, а агенцијата ДПА потсетува дека американскиот претседател Доналд Трамп постојано бара од сојузниците на НАТО драстично да ги зголемат воените трошоци.
Во моментов, членките на НАТО се подготвени да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана, но некои сè уште издвојуваат помалку од тие два проценти. Европските членки на НАТО се соочуваат и со пресвртот на поддршката за Украина од страна на новата американска администрација и последиците од оваа политика за европската безбедносна архитектура.
Во Анталија ќе пристигне и американскиот државен секретар Марко Рубио. Се очекува министрите на НАТО да започнат консултации за време на вечерата и да продолжат со разговорите утре наутро.
Европа
Зеленски: Доаѓам во Турција, ќе се сретнам со Ердоган, Путине, те чекаме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека очекува евентуална директна средба со рускиот претседател Владимир Путин во Истанбул да резултира со примирје. Зеленски рече дека ќе се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, но дека двајцата се подготвени веднаш да отпатуваат за Истанбул доколку Путин одлучи да се појави на разговорите.
„Ќе го чекаме Путин во Турција. За да не манипулира Русија со градовите и да тврди дека Путин не е подготвен да лета за Анкара, туку е во Истанбул“, им рече Зеленски на новинарите во Киев на прес-конференција. „Му испратив порака на претседателот Ердоган, а турската страна е подготвена.“
Разговорите би можеле да вклучуваат и размена на затвореници на принципот „сите за сите“, што би ѝ овозможило на Украина да излезе од преговорите со некаков вид „политичка победа“, рече Зеленски во интервју за францускиот весник „Либерасион“.
Доколку средбата се случи, тоа би била првата средба лице в лице меѓу двајцата лидери од 2019 година и би можела да означи пресвртница во застојот на дипломатските напори за ставање крај на големата инвазија на Русија. Кремљ сè уште не го потврди присуството на Путин, додека Киев продолжува да инсистира на безусловно примирје.
„Безусловно примирје, во овој момент и со оглед на сите денови и месеци досега, никој од руска страна не може да го гарантира освен Путин“, рече Зеленски.
Тој додаде дека на состанокот бил поканет и поранешниот американски претседател Доналд Трамп. „Доколку го потврди своето доаѓање, тоа би бил дополнителен поттик за Путин да дојде“, рече Зеленски.
Трамп, кој моментално е на четиридневна турнеја на Блискиот Исток, ја изрази својата поддршка за разговорите, нарекувајќи ги „многу важни“ и додавајќи дека „силно се залага“ за нивно одржување. „Мислам дека од тоа може да произлезе нешто добро“, рече Трамп на 12 мај.