Европа
Последна офанзива на Камерон и Милибанд пред изборите во четврток
Три дена пред одржувањето на најнеизвесните парламентарни избори во Велика Британија, лидерите на двете водечки партии, британскиот премиер Дејвид Камерон, кој е на чело на конзервативците, и лидерот на опозициските лабуристи Ед Милибанд, им порачуваат на британските гласачи дека сега е времето да се одлучат, пренесува BBC.
Двете страни во предизборната офанзива играат на различни карти. Додека Конзервативната партија се фокусира на намалувањето на даноците, главниот адут на Лабуристичката партија е спречувањето на приватизацијата на Националната здравствена служба.
Камерон преку социјалните мрежи јасно и гласно им порача на гласачите дека Британија се соочува со едноставен и неминовен избор.
„Стабилност и силна влада со мене, или хаос со Ед Милбанд“, им порача Камерон на Британците, предупредувајќи ги дека ризиците се реални и присутни, односно дека доколку на изборите победат лабуристите, поддржани од Шкотската национална партија (SNP), тогаш ќе има застој во економското опоравување на земјата.
„Алтернативата е во четврток да гласате за конзервативците. Ние ќе продолжиме со долгочниот економски план со цел обезбедување стабилна влада, силна економија и посветла иднина. А во средиштето на нашиот план е намалување на даноците во полза на 30 милиони луѓе“, порачува Камерон.
Истовремено, лидерот на лабуристите Ед Милибанд предупредува дека ториевците сакаат поголема приватизација, пришто најзагрозена ќе биде Националната здравствена служба.
Тој ќе ги повика конзервативците „да ги изнесат на виделина“ плановите за судбината на Националната здравствена служба, тврдејќи дека тие имаат намера да реорганизираат оваа служба и да ја вклучат во приватниот сектор, наведува BBC.
„Знаеме дека победата на Дејвид Камерон ќе значи тежнеење кон поголема приватизација, многу неисполнети ветувања и голем број на луѓе кои подолго ќе чекаат на лекување“, порачува Милибанд.
Според резултатите од анкетите во земјата, двата главни опоненти, на изборите кои ќе бидат одржани во четврток, стојат рамо до рамо во однос на поддршката од Британците – и едните и другите ја уживаат довербата на 33 проценти од гласачите.
Антиевропски настроената Партија за независност на Британија (UKIP), има поддршка од 15 проценти од испитаниците, додека коалицискиот партнер на Камерон, либералдемократите, имаат поддршка од десет отсто.
Претстојните избори би можеле да влијаат и на останувањето на Британија во ЕУ, како и на судбината на самата земја, односно на останувањето на Шкотска во Британија.
Камерон вети референдум за останување во ЕУ, додека, пак, Милибанд е против референдум, а додека веројатноста дека некоја од двете партии во изборната партија ќе освои апсолутно мнозинство е мала, резултатот ќе биде коалициска влада во која повторно би можела да влезе Либаралдемократската партија, која досега се спротивставуваше на референдум, но последните денови го ублажи својот став./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

