Европа
Пратениците кои го блокираат полскиот Сејм ќе останат таму до 11-ти јануари
Опозициските пратеници кои ја блокираат салата на полскиот Сејм (парламентот), ќе останат во објектот до 11-ти јануари, изјави ноќта во неделата челникот на најголемата опозициска партија Граѓанска платформа (РО), Гжегож Шетина.
Пратеникот на Граѓанска платформа, Цезар Томчик, кој се наоѓа во Сејмот, изјавил дека обезбедувањето ги информирало опозициските пратеници за незаконското престојување во зградата на парламентот на Полска. Според документот кој го претставило обезбедувањето, надвор од термините во кои се одржуваат заседанијата во пленарната сала на парламентот може да се најдат само службениците во парламентот, а не и пратениците.
„Ние нема да излеземе од салата за седници во парламентот, пратениците на Граѓанска платформа ќе бидат таму до 11-ти јануари, а можеби и подолго. Не постои можност пратениците да бидат отстранети од зградата на парламентот“, изјави челникот на опозицијата Гжегож Шетина, кого го цитира интернет изданието на весникот Rzeczpospolita.
Полската опозиција од петокот попладнето ја блокира работата на Сејмот. Причина за тоа е намерата на парламентарното мнозинство од 2017 година да ја ограничи работата на новинарите во долниот дом на парламентот, како и одлука на спикерот Марек Кухчински да отстрани еден од пратениците од седницата. И покрај тоа, парламентот продолжи да работи, и седницата ја одржа во друга сала, донесувајќи редица закони, меѓу другите и за буџетот за следната 2017 година, а опозицијата го смета за нелегитимно тоа гласање.
Претходно беше објавено дека опозициските пратеници имаат намера да останат во зградата на парламентот до 20-ти декември, кога треба да се одржи заседанието на Сенатот, горниот дом на парламентот и, како што смета опозицијата, повторената седница и гласањето во Сејмот.
Од своја страна Сејмот инсистира на законитоста на гласањето на мнозинството, а владејачката партија Правда и справедливост (PiS) не гледа причини за повторување на седмицата. На нејзиното одржување во текот на средата со полскиот претседател Анджеј Дуда во неделата, пак, инсистираа лидерите на сите опозициски партии во парламентот. Според информацијата објавена на интернет страницата на долниот дом на полскиот парламент, следното заседание е планирано за 11-ти јануари 2017 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

