Европа
Премиерот на Украина, Јаценјук поднесе оставка
Украинскиот Арсениј Јанценјук на заседание на Врховната Влада (парламентот) во четвртокот ја објави својата оставка, откако беше објавено дека престанува да постои владејачката парламентарна коалиција Европски избор, чии членки соопштија дека со тоа му овозможуваат на претседателот Петро Прошенко да го распушти сегашниот состав на парламентот и да ја покрене процедурата за распишување предвремени парламентарни избори.
„Во тој случај, доколку нема нова коалиција, и актуелната коалиција во парламентарно-претседателската република се распадна, владата и премиерот ја објавуваат својата оставка. Јас ја објавувам својата оставка во врска со распадот на коалицијата и блокирањето на владините иницијативи“, изјави премиерот Арсениј Јаценјук, кој дојде на должноста по февруарскиот преврат кога по безредијата започнати ланскиот ноември откако поранешниот претседател Виктор Јанукович реши да го суспендира потпишувањето на Спогодбата за придружување и слободна трговија со Европската унија, на власт без избори дојде прозападната поранешна опозиција.Според Јаценјук неприфатливо дека парламентот не го поддржале предлог законот чија цел беше создавање услови за социјална поддршка за припадниците на украинската армија, милиција, на образовниот кадар, како и одбивањето да биде поддржан предлог законот со кој на владата и’ се овозможуваше да продаде 49 отсто од државниот оператор ГТС Украина на инвеститори од САД и од ЕУ.„Резултат од распадот на коалицијата е недонесувањето на законите со кои ќе се пополнеше приходната страна на Буџетот. И тоа е јасно: кој сака да оди на избори и истовремено да гласа за непопуларните закони“, додаде Јаценук. Според него, сегашниот состав на владата на Украина, можеби, по неколку години ќе биде сметана за пример. „Дали сум задоволен од она што го сработив? Се разбира дека не. Сакав да направам повеќе и подобро, побрзо. Но одговарајќи на прашањето дали сме сториле сé што можевме, во рамките на нашите сили, давам потврден одговор – да, направивме“, истакна Јаценјук, на седницата во украинскиот парламент пренесувана на украинските електронски медиуми.Според него, она што во четвртокот претходно се случи во парламентот, ќе има многу сложени, ако не и драматични последици за земјата. Според уставот на Украина, оставката на премиерот повлекува оставка на целата влада. Кабинетот чија оставка ја прима парламентот, продолжува да ги исполнува своите овластувања и должности до формирање на новата влада.Претходно во четвртокот, двете парламентарни групи, УДАР на Виталиј Кличко кој стана градоначалник на престолнината Киев со поддршка на претседателот Петро Порошенко во чија полза претходно ја повлече својата претседателска кандидатура, и националистичката партија Слобода, за која се врзува ултранационалистичкото движење Десен сектор, како и фракционери од пратеничката група на најбројната партија Баткившчина (Татковина) на поранешната премиерка Јулија Тимошенк го објавија растурањето на мнозинската парламентарна коалиција што ќе овозможи распуштање на актуелниот состав на Врховната Рада. „Сметаме дека во сегашната ситуација парламентот кој ги штити државните криминалци и руските агенти, кој одбива да им го укине имунитетот на оние коишто работат за Кремљ, не треба ни да опстане“, изјави челникот на Свобода, Олег Тјагнибок.Украинскиот претседател Петро Порошеко го поздрави излегувањето на двете партии од владејачката парламентарна коалиција, истакнувајќи дека „Украинците сакаат целосно нов почеток“. Претходно во четвртокот, претседателот на украинскиот парламент, Олександр Турчинов, го најави распуштањето и забраната за дејствување на пратеничката група на Комунистичката партија на Украина (КПУ) која е обвинета дека јавно го поддржува „прорускиот сепаратизам“ на истокот на земјата.„Ова е историски момент. Се надевам дека никогаш повеќе нема да има комунистички групи во украинскиот парламент“, истакна Турчинов, кој го искористил неодамна усвоениот закон кој му овозможува распуштање на некои пратенички групи кои имаат мал број пратеници. Во украинскиот парламент кој го сочинуваат 450 пратеници, 23 од нив беа комунисти. Шефот на пратеничката група од Комунистичката партија, Петро Симоненко, одлуката на Турчинов ја оценил како „нелегална“.Украинската влада на 8-ми јули соопшти дека е покрената судска постапка со која ќе го забрани дејствувањето на Комунистичката партија, бидејќи според сознанијата на украинската служба за безбедност, локалните одбори на комунистите ги поддржувале проруските бунтовници на истокот од Украина кои се борат против владините сили за безбедност./крај/мф/сн
Извор: УНН, AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

