Европа
Процесот на болничарот од Аушвиц мора да се повтори од почеток

Германското правосудство одлучи во четвртокот да го прекине процесот против 96-годишниот Хуберт Зафке, поранешен болничар во злогласниот нацистички концентрационен логор Аушвиц и тој ќе мора да се води од самиот почеток.
„Сослушувањето предвидено за 10-ти октомври нема да се одржи. Процесот мора да се повтори и да тргне од почетокот, невозможно е да се каже кога“, изјави портпаролот на судов во Ноебранденбург.
Процесот запна по неколкуте барања на добраната за изземање на судиите.
Поранешниот припадник на СС единиците е обвинет дека соработувал во погубувањето на најмалку 3.681 Евреин кои се убиени со гас во Аушвиц во периодот меѓу 15-и август и 14-ти септември 1944 година.
Од почетокот на процесот на 29-ти февруари годинава, воопшто не се разгледуваше содржината на обвинението, а сослушувањата се сведуваа на процедурално натпреварување на експертите за здравјето на обвинението, како и на барањата за изземање на судиите.
Хуберт Зафке е четвртиот обвинет во последниот бран од доцните процеси против нацистичките злосторници, по Џон Демјанјук од 2011 година, Оскар Гронинг од 2015 година и Рејнхолд Ханинг од мај 2016 година, и сите тие се осудени./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Голем штрајк на аеродромите во Германија

Синдикатот на услужни дејности ги повика денеска вработените на главните германски аеродроми на штрајк со целосно прекинување на редовните летови во Берлин во време на тензични преговори за платите во секторот.
Според германското здружение на аеродроми АДВ, ќе бидат откажани 3.400 лета, што ќе влијае на половина милион патници.
„Ќе има големи ограничувања на полетувања и пристигнувања, можеби вклучувајќи и откажувања летови“, соопшти синдикатот во петокот.
Аеродромот „Берлин/Бранденбург“ во петокот објави дека денеска целосно ќе престане со работа поради штрајк.
Во Франкфурт, најголемиот германски аеродром, компанијата „Фрапорт“ предупреди дека ниеден патник нема да може да се качи во транзитниот центар, што речиси сигурно ќе влијае на меѓународните летови, објави „Билд“.
Погодени ќе бидат и аеродромите во Минхен, Бремен, Келн, Дортмунд, Диселдорф, Хамбург, Хановер, Лајпциг и во Штутгарт.
Штрајкот вклучува речиси 5.000 државни и локални вработени вработени на аеродромите и 23.000 други даватели на услуги за воздушен транспорт, објасни во петокот синдикатот.
Работниците се повикани да ја прекинат работата за време на преговорите за платите и условите за работа, а следната рунда преговори е закажана за средината на март.
Работодавците „сè уште не дадоа понуда во контекст на тековните колективни преговори“ и покажаа „нема подготвеност да одговорат на нашите барања“, објави Верди, кој конкретно бара зголемување на платите за 8 проценти и бенефиции за инвалидност.
Дводневен штрајк го парализира сообраќајот на аеродромот во Минхен кон крајот на февруари.
Од почетокот на годината веќе се одржаа неколку предупредувачки штрајкови во градските собранија, федералните власти, болниците и во јавниот транспорт.
Неделава ќе следуваат и други, на пример, во комуналните услуги во повеќе градови во земјата.
Европа
(Видео) Нападната една од најголемите рафинерии во Русија

Украински сили рано утринава ја нападнаа нафтената рафинерија „Новокуибишевск“ во руската област Ростов, објави на „Телеграм“ шефот на Центарот за борба против дезинформации при Советот за национална безбедност и одбрана, Андриј Коваленко, а пренесува „Укринформ“.
Како што се дознава, рафинеријата има годишен капацитет од 8,8 милиони тони, што ја прави една од десетте најголеми такви капацитети во Русија.
#Novokuibyshevsk refined as of now 💨 pic.twitter.com/4MlO2RX854
— Aurora Borealis 🤫 (@aborealis940) March 10, 2025
Објектот произведува широк спектар на нафтени продукти, вклучително и бензин, дизел-гориво и масло за греење, од кои сите се критично важни за транспортот и воената опрема, истакна Коваленко. Тој додаде дека објектот е од стратешко значење за руската војска бидејќи обезбедува стабилно снабдување со гориво за продолжување на воените напори против Украина.
Novokuibyshevsk 💥💥💥 https://t.co/8AwCzRAaKr pic.twitter.com/RVyInfg7d6
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) March 9, 2025
Како што претходно објави „Укринформ“, во раните утрински часови во саботата, 8 март, беспилотни летала управувани од украинското одбранбено разузнавање го нападнаа претпријатието „Киришнефтеоргсинтез“ во руската област Ленинград.
Европа
„Ројтерс“: Русите постигнуваат исклучително брз напредок во Курск

Руските сили денеска напредуваа дополнително во регионот Курск по почетокот на големата операција чија цел е да се принудат илјадници украински војници да побегнат или да се предадат во западна Русија, објавија проруските воени блогери, пренесе Ројтерс.
Воениот блогер „Ту мајорс“ објави дека руските сили ја зазеле населбата Ивашковски и дека руските единици напредуваат кон таканаречениот „котел“ во Курск од најмалку седум правци.
Јуриј Подољака, проруски воен блогер роден во Украина, рече дека му е тешко да ги следи настаните бидејќи рускиот напредок бил исклучително брз и украинските единици биле опколени на повеќе локации во Курск.
Руските сили вчера повторно зазедоа уште три населби во Курск, откако специјалните сили поминаа километри низ гасовод во близина на градот Суџа за да ги изненадат украинските сили.