Европа
Путин и Оланд: Геноцидот како ерменскиот не смее да се повтори
Трагедијата како што е масовниот колеж врз Ерменците, повеќе никогаш не смее да се повтори, изјавија рускиот и францускиот претседател, Владимир Путин односно Франсоа Оланд, кои во петокот учествуваа во ерменската престолнина Ереван на комеморативната церемонија за милион ипол Ерменци жртви во Првата светска војна, кои ги загубиле животите во поранешното Османлиско царство, а двете држави го квалификуваат како геноцид.
„Нема оправдувања за масовно убиство (…) меѓународната заедница мора да стори сé за да спречи вакви трагични собитија да не се повторат. Меѓутоа, присетувајќи се на трагичните настани од минатото мораме со оптимизам да гледаме во иднината и да веруваме во идеалите на пријателството и заемната поддршка“, изјави рускиот претседател Владимир Путин пред илјадници учесници на комеморацијата во Ереван.
Неговиот француски колега, Франсоа Оланд, повика на заштита на христијанските малцинства на Блискиот исток каде што над нив е надвиена заканата од радикалните исламисти и џихадисти, како што е организација Исламска држава. Додаде дека комеморацијата треба да претставува поука за идните генерации.
„Стотата годишнина е повик за мир. Франција се бори против ревизионизмот и уништувањето на доказите, бидејќи негирањето води до повторување на масакрите“, рече Оланд и истакна дека неговото доаѓање на комеморацијата претставува „придонес кон помирувањето“.
Според него, Русија и Франција може играат значајна улога во голем број сложени проблеми, како што се Сирија, Иран и Либија. „Имаме други теми за кои имаме потреба од Русија, за кои мораме да работиме заедно. Потребна ние и улогата на Русија, и улогата на Франција за голем број комплексни прашања, како во Сирија, Иран, Либија. Задно работиме над нив, и токму затоа беше потребно да се сретнеме тука, во Ереван“, изјави Оланд по средбата со Путин.
Челниците на Русија и на Франција беа главните гости на настанот на кој домаќин беше ерменскиот претседател Серж Саргсјан. Во Ереван присуствува и српскиот и кипарскиот претседател, Томислав Николиќ односно Никос Анастасиедаес.
Геноцидот над Ерменците го признаваат дваесетина земји во светот, меѓу кои Франција, Германија, Италија и Русија, а прва земја којашто тоа го стори беше Уругвај во 1965 година, а последната е Кипар на почетокот од април 2015 година, пред две седмици тоа го стори и Европскиот парламент. Европскиот парламент, исто така, ги повика парламентите и владите на сите 28 членки на Европската унија да преземат правни дејствија и да донесат соодветни документи, признавајќи го историскиот факт за споменатиот геноцид.. Папата Франциск кој во текот на неделната литургија задушница според латинско католичкиот обред заедно со ерменскиот патријарх Нерсес Бедреос XIX Тармуни во спомен на 100-годишнината од масакрот над Ерменците го нарече „првиот геноцид во XX век“.
Во четвртокот вечерта на екуменската богослужба во берлинската катедрала, германскиот претседател Јоаким Глаук прват го призна геноцидот над Ерменците и ја нагласи одговорноста на Германија во тоа злосторство, бидејќи во тој период беше сојузничка на Османската империја. Се очекува дека Турција остро ќе одговори на Берлин, како што тоа го строи и ден претходно кога парламентот на Австрија го квалификуваше масакрот како геноцид.
Американскиот претседател Барака Обама во четвртокот навечер, воочи годишнината, колежот на Ерменците од 1915/1917 година го нарече „страшно крвопролевање“ , одбегнувајќи да го спомене терминот „геноцид“. „Ерменците во Османлиското царство биле депортирани, масакрирани и одведени во смрт. Нивната култура и оставина во некогашната татковина се избришани“, рече Обама додавајќи дека резултат „на тоа страшно крвопролевање“ се 1,5 милиони мртви Ерменци, односно прифаќајќи ја бројката на која инсистира Ереван, додека официјална Анкара смета дека станува збор за далеку помала бројка.
Ерменскиот претседател Серж Саргсјан изјави во средата дека е подготвен да ги нормализира односите со соседна Турција, два месеца откако ги повлече мировните спогодби од парламентот. Саргсјан додаде дека процесот на помирување би можело да започне „кога турските челници ќе бидат подготвени да воспостават нормални односи без никакви услови“. Рече и дека спогодбите ги повлекол од парламентот за да „испрати политичка порака“ до Турција. „Ние сакаме ратификување на протоколите, но за танго се потребни двајца и тоа не зависи само од нас“, рече ерменскиот претседател.
Срагсијан во четвртокот ѝ понуди на Анкара повторно воспоставување дипломатски односи, ако Турција признае дека се случил геноцид, што според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган неговата земја никогаш нема да го стори.
Ердоган во петокот изрази сочувство поради жртвите велејќи дека „На овој ден, кој има посебно значење за нашите ерменски сограѓани, со почит се присетуваме на сите отомански Ерменци кои го загубиле животот во виорот на Првата светска војна. Ерменската заедница во Истанбул одржа комеморативна седница на којашто присуствуваше и турскиот министер за европски работи Волкан Бозкир./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

