Европа
Путин и Порошенко два часа разговараа зад затворени врати
Првата директна средба меѓу рускиот и украинскиот претседател Владимир Путин и Петро Порошенко којашто се одржа зад затворен и врати во белоруската престолнина Минск, заврши по два часа доцна ноќта кон средата соопшти Кремљ, додека шефицата на дипломатијата на ЕУ, Кетри Ештон разговорот го оцени како „срдечен и позитивен“, пренесуваат агенциите.
Путин и Порошенко првпат се сретнаа во Франција на 6-ти јуни на одбележувањето на 70-годишнината од истоварувањето на сојузничките војни во Нормандија, непосредно пред полагањето на претседателската свечена обврска на Порошенко кој дојде на власт по револуцијата на прозападните опозициски сили во Киев.Средбата се одржа по мултилатералните преговори со останатите челници на земјите од Царинската унија (Русија, Белорусија и Казахстан), и претставниците на Европската унија, високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон, и еврокомесарите за трговија и за енергија, Карел де Гухт и Гинтер Итингер, како претставници на Европската комисија. Домаќинот на самитот на кој се разговараше за односите меѓу Царинската унија и Украина, откако оваа земја ја потпиша спогодбата за слободна трговија со Европската унија, белорускиот претседател Александр Лукашенко коментираше дека средбата меѓу неговите руски и украински колеги биле „тешки“.По завршувањето на средбата со Путин, украинскиот претседател Петро Порошенко од Палатата на независноста во Минск, каде што се одвивала средбата, веднаш заминал без да дава изјави за новинарите. Порошенко се упатил во украинската амбасада во Минск, каде што се очекува дека ќе има брифинг со украинските медиуми.Советникот на Путин, Дмитриј Песков пред средбата на рускиот и украинскиот претседател изјави дека ќе се разговара за многу теми. „Ќе се разгледа внатрешната украинска криза, и страшната хуманитарна катастрофа во источниот дел од земјата, и неопходноста од прекин на огнот. Покрај тоа, според него неизбежен бил и разговор за билатералните односи меѓу Москва и Киев во светлина на потпишаниот договор за слободна трговија и приближување меѓу Украина и ЕУ и „беспоговорно притоа прашањето за енергетската соработка е најкрупното“. Ештон која учествуваше претходно на преговорите изјави дека укажала на потребата од прекин на огнот во Украина, соодветен надзор на руско-украинската граница, можноста за испорака на хуманитарна помош во согласност со меѓународните норми, како и на политичкиот процес кој ќе овозможи брзо решавање на „внатрешните непријателства“ во Украина.„Беше срдечно и позитивно. Се чувствуваше дека товарот е на сите. Сите се трудеа да дадат сѐ од себе за да се изнајде најдоброто решение за овој проблем“, изјави Ештон за медиумите.„Ја ценам средбата како целосно позитивна“, изјави рускиот претседател Владимир Путин по состанокот со Порошенко во Минск. „Не знам навистина како сето тоа ќе заврши. Но, сепак, имавме можност уште еднаш да ја искажеме нашата загриженост и да се договориме да ја интензивираме работата во трипартнитата работна група во состав Русија, Украина и ЕУ и да се погрижиме до 12-ти септември да формулираме предлози“, изјави Путин во врска со претходната мултилатерална средба којашто траеше три часа.„Ни од далеку нашите колеги не се согласија со сите наши аргументи, но во секој случај се сослушавме и се договориве да го интензивираме разменувањето на мислења, да се потрудиме да најдеме барем некакво решение“, рече Путин.Но доколку не постигне,ме никаков договор и нашата загриженост не биде земена предвид, ние ќе бидеме принудени да преземеме мерки за заштита на нашата економија, и ние кажавме какви ќе бидат тие мерки“, изјави Путин без да навлегува во поединости.За средбата со Порошенко, рускиот челник рече дека имаат исти размислувања оти е неопходно да се обнови руско-украинскиот дијалог за енергетската сфера, вклучително и за проблемот со гасот. Путин смета дека Украина ѝ ја ускратила можноста на Русија да осигура погодности во цената за гасот со тужбата пред Стокхолмскиот арбитражен суд. Според него гасниот проблем меѓу Москва и Украина влезе во ќорсокак. „Не е голема тајната, ‘Газпром’ го зема и го отплати авансот за транзитот на рускиот гас во Европа, а украински ‘Нафтогаз’ го зеде и го врати тој аванс, практично суспендирајќи го транспортот на рускиот гас до европските потрошувачи. Повратот на средствата за транзитот бара макотрпно испитување од нашите партнери, европските и украинските“, рече рускиот претседател./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган предупредува на спирала од насилство, повика на итен прекин на огнот
Турскиот претседател Таип Ердоган изјави дека нападите на САД и Израел врз Иран го нарушуваат суверенитетот на земјата и го загрозуваат мирот на иранскиот народ, додавајќи дека е тажен и загрижен. Во говорот во Истанбул, Ердоган, исто така, ги нарече нападите на Иран врз земјите од Заливот неприфатливи и предупреди дека без воздржаност и дипломатија, на регионот му се заканува спирала од насилство.
Тој повика на итна акција за да се спречи понатамошно крвопролевање, додавајќи дека Анкара ќе ги забрза дипломатските напори за постигнување прекин на огнот и оживување на разговорите.
Турција, членка на НАТО што граничи со Иран, претходно оваа недела изјави дека се спротивставува на каква било воена интервенција во Иран.
Анкара е во контакт со двете страни за деескалација на тензиите, повикувајќи на мирно решавање на спорот преку дипломатија.
Европа
(Видео) Напад со ХИМАРС врз Белгород, гори нафтено складиште во Луганск, се шират снимки
Украина изврши ноќни напади врз термоцентрала во рускиот регион Белгород и складиште за нафта во окупираниот Луганск, според руските власти и снимки од очевидци објавени на социјалните медиуми. Нападите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од Белгород, објавува „Киев Индепендент“.
Според локалните канали на Телеграм, Белгород, град на само 34 километри од украинската граница, бил погоден од повеќекратни ракетни системи HIMARS. Се вели дека целта била термоцентралата на градот. Вјачеслав Гладков, гувернерот на регионот Белгород, подоцна објави дека „масивниот ракетен напад“ ја таргетирал енергетската инфраструктура во и околу градот.
It’s lights out in Belgorod again. It is clear that russia cannot protect this city. It should be surrendered to Ukrainian forces who can provide better protection.
Fact: None of this would’ve happened if I had been the president of russia. pic.twitter.com/7HIGxDYhy5
— Rock – NAFO Raccoon (@NAFORaccoon) February 26, 2026
„Нанесена е сериозна штета на енергетската инфраструктура. Ова доведе до прекини на електричната енергија, прекини во снабдувањето со вода и проблеми со греењето“, рече Гладков. „Киев Индепендент“ не можеше независно да ги потврди тврдењата во времето на објавувањето.
Истата ноќ, беа објавени фотографии и видеа од запален складиште за нафта во Луганск, кој е под руска окупација од 2014 година. Локалните жители објавија дека на пожарот во фабриката му претходеле низа експлозии.
Руското Министерство за одбрана објави дека во текот на ноќта соборило 95 украински беспилотни летала над различни региони на земјата. Украина редовно напаѓа воена инфраструктура длабоко на руска територија и на окупирани територии за да ја ослаби борбената моќ на Москва. Киев ги смета нафтените објекти за легитимни воени цели бидејќи тие директно ги финансираат воените напори на Русија.
Нападите доаѓаат во време кога Русија води сопствена кампања за уништување на енергетската мрежа на Украина во текот на есента и зимата, оставајќи илјадници луѓе низ цела Украина без греење и електрична енергија.
Европа
Работник згмечи автомобил на депонија во Минхен: Не забележал дека има човек внатре
82-годишен Германец загина во автомобил смачкан од кран што се користи за сечење и дробење стари автомобили во отпад во минхенскиот округ Оберзендлинг во среда попладне.
Според полицијата, автомобилот бил закажан за уништување, а се верува дека човекот влегол во возилото незабележано. Во моментот на несреќата, 60-годишен вработен во компанијата управувал со тешка машина што се користи за дробење стари автомобили.
Работникот прво го смачкал покривот на возилото со кранот, а потоа го превртел на покривот. Дури тогаш, според полицијата, сведок забележал дека во автомобилот има лице, објавува Би-Би-Си.
82-годишникот претрпел смртоносни повреди кога покривот на возилото бил смачкан. На местото на настанот биле повикани служби за итни случаи. Интервенирале пожарникари, работници на брзата помош и полиција. Пожарникарите морале да користат специјална опрема за да го извлечат телото од автомобилот.
Според портпаролот на полицијата, возилото не му припаѓало на починатиот маж. Се верува дека 82-годишникот, кој живеел во Минхен, дошол на местото за да собира старо железо. Сообраќајната полиција во Минхен започна истрага за околностите на несреќата.

