Европа
Путин ја повика Европа да не игра само на една можност

Русија не гледа дека се нерешливи проблемите во односите со Европската унија и повикува на дијалог за многу широк спектар од теми, но засега не гледа подготвеност од другата страна, се наведува меѓу другото во написот на рускиот претседател Владимир Путин објавен во грчкиот весник Катимерини во четвртокот.
„Русија поаѓа од неопходноста за градење дијалог на рамноправен и вистински партнерски дијалог со Европската унија за најширокиот спектар проблеми – од визната либерализација до формирањето енергетски сојуз. Сепак, подготвеност да се тргне по патот на заемната полза и перспективите, се уште не можеме да видиме кај европските колеги“, забележува рускиот претседател.
Според него, Москва смета дека „не постојат нерешливи во односите со Европската унија“.
За да се врати на патот на партнерството во повеќето сфери, смета Путин, потребно е само во Брисел да се откажат од лошата логика „игра на еден гол“, всушност да ги земат во предвид и интересите на другите.
Конкретно обраќајќи се, Путин вели дека влошувањето на односите меѓу Русија и ЕУ, ја попречува и натамошната консолидација на руско-грчката соработка. Тоа негативно се одразува на динамиката на билатералните трговија, којашто во споредба со ланската година е намалена за третина, на 2,7 милијарди долари“, забележува рускиот претседател и додава дека „грчките земјоделци се особено погодени“, поради ембаргото на увоз на земјоделски и прехранбени производи што Русија ги наметна како одговор на санкциите на ЕУ против неа во врска со украинската криза./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин