Европа
Путин: Многу европски лидери сакаат крај на пресметката со санкции
Рускиот претседател Владимир Путин изјави во четвртокот пред министрите и пратениците на локалниот парламент на црноморскиот полуостров Крим кој во март се присоедини на Руската Федерација, дека е убеден оти бројни европски челници одвај чекаат да заврши пресметката со санкции со Русија.
„Верувам дека многу луѓе во Европа, вклучително и политичари, мои колеги (…) сакаат што поскор да се излезе од оваа ситуација којашто и’ нанесува штети на нашата соработка“, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Додаде дека во неодамнешниот телефонски разговор со францускиот претседател Франсоа Оланд ја допрал таа тема и дека насетил дека тоа е и неговиот став.
Путин оваа изјава ја дал и на средбата со францускиот претприемач Филип Де Вијер, кој има планови да изгради голем историски парк со забавен карактер на Крим, каде што руските власти инаку имаат намера да развиваат туристичка понуда за странски посетители.
Русија мора да ги создаде сите неопходни услови за привлекување странски инвестиции во различни сектори од економијата, рече уште рускиот челник. „Во однос на странските инвестиции, тука со вас не можам целосно да се согласам“, им рече Путин на министрите и пратениците. Според него, напротив, неопходно е да се создадат услови, така што инвеститорите ќе бидат убедени дека нивните вложувања ќе бидат гарантирани од државната политика, и ќе ја зголеми довербата во руската економија со што ќе се привлечат инвестиции во разни сектори на руската економија.
Претходно Путин од Крим порача дека Русија има намера да се занимава и да се гради самата себеси, но не по цена на судир со остатокот од светот. „Мораме мирно, достоинствено и делотворно да ја градиме својата земја, а не да се оградуваме од надворешниот свет. Мораме да се зацврстиме и да се мобилизираме, но не за војна или за некаква конфронтација, туку за напорна работа во името на Русија“, порача Путин.
Рускиот претседател на Крим карактеризирајќи ја ситуацијата во Украина како „крвав хаос“ и „братоубиствен конфликт“ порача и дека Москва ќе стори сé што е во нејзина моќ украинскиот суди да заврши што поскоро и да престане крвопролевањето во соседната земја./крај/мф/сн
Извор: РИА Новости
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руски нуклеарни бомбардери летаа околу Скандинавија, ги следеа странски ловци
Руските стратешки бомбардери „ту-95“, способни да носат нуклеарно оружје, извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а за време на мисијата беа придружувани од странски борбени авиони. Руското Министерство за одбрана ја објави веста, без да го прецизира точниот датум на летот или за кои странски авиони станува збор, пишува „Киев пост“.
„Стратешките ракетни носачи ‘ту-95МС’ извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море“, се вели во соопштението на Министерството објаснувајќи дека станува збор за област северно од Скандинавија и северозападно од Русија.
„Во одредени фази од рутата бомбардерите со долг дострел беа придружувани од борбени авиони на странски земји“, се додава. Москва исто така рече дека ваквите летови се одржуваат редовно во многу региони и се во согласност со меѓународното право.
Европа
(Видео) Украинците: Соборивме авион за да можеме да разнесеме подморница
Безбедносната служба на Украина (СБУ) објави дека соборила модернизиран поморски извидувачки авион Ил-38Н „Sea Dragon“ во руската воздухопловна база во Јејск, како дел од подготовките за напад врз руска подморница во градот Новоросијск.
„Ова е авион дизајниран за поморско извидување, пребарување на подморници, следење на морски површини, поставување мински полиња и извршување напади со торпеда“, соопшти СБУ.
Според украинското разузнавање, погодениот Ил-38Н активно дејствувал против украински поморски беспилотни летала. Проценетата вредност на авионот е околу 24 милиони долари. СБУ истакнува дека Русија имала само еден авион од оваа класа во Црното Море способен да го открие украинскиот подводен дрон „Sub Sea Baby“ додека се движел кон својата цел.
Онеспособувањето на леталото, тврди УСБ, овозможило успешно спроведување на главната фаза од специјалната операција, експлозијата на руската подморница од класата Варшавјанка.
„За напад врз Ил-38Н, УСБ користела современ дрон со боева глава за површинска детонација опремена со 2.000 фрагменти насочени надолу. Детонацијата се случила директно над главната опрема и радарскиот оддел, а моторот бил оштетен“, објави украинското разузнавање.
УСБ претходно објави дека на 15 декември, за прв пат во историјата, руска подморница била уништена со употреба на подводни дронови „Sub Sea Baby“. Нападот во Јејск, според украинските тврдења, бил клучен предуслов за успехот на операцијата.
Европа
(Видео) Нова експлозија во Москва во близина на местото на кое пред два дена беше убиен генерал
Експлозија што се случи синоќа во јужниот дел од Москва уби три лица, вклучувајќи двајца припадници на руската сообраќајна полиција, соопшти Рускиот истражен комитет.
Според официјалното соопштение, двајца полицајци забележале сомнително лице во близина на службено полициско возило. Кога му се приближиле за да го идентификуваат и да го приведат, била активирана експлозивна направа.
„Двајца полицајци и едно лице кое било во нивна близина починале од повредите на местото на настанот“, се вели во соопштението на Истражниот комитет. Експлозијата се случила во густо населена област на градот. Членови на Истражниот комитет, полицијата, Росгвардија и службите за итна медицинска помош остануваат на местото на настанот.
🇷🇺🇺🇦 Moscow appears hit by another terror attack
An explosion in southern Moscow killed three — two police officers and an unidentified suspect
Officers noticed a suspicious person near their patrol car overnight, but as they moved to detain them, an explosive device detonated… pic.twitter.com/K5Jpeu9OJD
— The Other Side Media (@TheOtherSideRu) December 24, 2025
Руските власти потврдија дека е отворена кривична постапка. Најавено е дека ќе бидат спроведени неколку форензички вештачења, вклучувајќи медицински и експлозивно-технички вештачења, за да се утврдат околностите на инцидентот, видот на експлозивната направа и начинот на нејзино активирање.
Државното обвинителство ја презеде истрагата. Сè уште не е објавено дали третото лице кое загинало било напаѓач или дали постои врска со организирани структури или политички мотиви.
За потсетување, пред два дена, рускиот генерал Фанил Сарваров беше убиен во експлозија на автомобил-бомба во Москва, во близина на местото каде што се случи и синоќешната експлозија, а ова беше трет случај на убиство на генерал во Москва за една година.

