Европа
Путин разговараше со Орбан и Николиќ за енергетската соработка
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал за енергетската соработка со челниците на Унгарија и на Србија, објави Кремљ во неделата на својата интернет страница, неколку дена откако Москва објави дека го прекинува проектот Јужен тек со кој рускиот природен гас заобиколувајќи ја Украина требаше да биде испорачуван во европските земји.
„Разгледани беа актуелните прашања од билатералната соработка, а, исто така, и перспективите за натамошната соработка во областа на енергетиката во светлината на запирањето на реализацијата на проектот Јужен тек“, се наведува во соопштението на руското претседателство за разговорите на Путин со унгарскиот премиер Виктор Орбан и со српскиот претседател Томислав Николиќ.
На 1-ви декември, во текот на официјалната посета на Турција, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија во сегашните услови не може да ја продолжи реализацијата на проектот Јужен тек, според него, поради неконструктивната позиција на Европската унија. Истовремено беше најавено дека за да се задоволат потребите на Турција, Москва е подготвена да изгради нов гасоводен систем кој ќе започнува со изградбата на гасен центар на грчко-турската граница, така што Европа би била снабдувана со гас како надомест за губењето на Јужен тек, кој меѓу другото требаше да минува и низ Србија и низ Унгарија.
Во вторник, 9-ти декември, планирана е средба на министерско ниво, на претставниците на Европската комисија и земјите членки на ЕУ кои учествуваат во проектот Јужен тек, односно Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Хрватска, Словенија, Австрија и Италија.
Деновиве унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијиарто изјави дека споменатите земји од ЕУ неопходно треба да најдат нови патишта за долгорочно снабдување со гас, по одлуката на Русија да го затвори проектот Јужен тек. Споредшефот на унгарската дипломатија, Русија имала право да донесе таква одлука и истакна дека Будимпешта ќе бара самостојно начин за да ги надомести загубените испораки преки Јужен тек
Српскиот премиер Александар Вучиќ коментираше дека веста од Анкара е „лоша вест“ и оти во таквата ситуација најмногу ќе настрадаат Србија и Унгарија. Во саботата, пак, српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека има намера за судбината на Јужен тек директно да разговара со рускиот колега Владимир Путин.
Белград и Москва имаат договор за соработка во сферата на енергетиката од 2008 година, а низ Србија беше планирано да минува магистралната делници од 422 километри од Јужен тек. Српската страна очекуваше дека гасоводот ќе ѝ обезбеди значителни инвестиции и осигурување на снабдувањето со гас, бидејќи земјата сега се снабдува преку Унгарија и зависи од украинскиот транзит./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.
Европа
(Видео) Украина уништи моќен руски ракетен лансер
Ракетата TOS-1A LANSER често се нарекува тежок фрлач на пламен поради специфичната термобарична муниција што ја истрелува, која е ефикасна против силно утврдените одбранбени позиции.
The warriors from the 93rd Mechanized Brigade destroyed another "no-analogue" russian TOS-1A Solntsepyok heavy flamethrower system with the use of a night-vision FPV drone. pic.twitter.com/lS22jAGa8o
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 7, 2024
„Војниците од 93-та механизирана бригада уништија уште еден руски тежок пламен фрлач TOS-1A Solntsepyok користејќи беспилотно летало за ноќно гледање FPV“, се вели во објавата на Твитер. Не е наведено кога и каде се случил нападот.
Вредноста на еден таков систем се проценува на 6,5 милиони долари.
Европа
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје
Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за употреба на забрането хемиско оружје на бојното поле, објави Организацијата за забрана на хемиско оружје.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека наводите се „недоволно потврдени“ со доказите, но во соопштението се додава:
„Ситуацијата останува нестабилна и крајно загрижувачка кога станува збор за потенцијалната употреба на токсични хемикалии како оружје“.
Ниту Русија ниту Украина официјално не побарале од организацијата да ја истражи наводната употреба на хемиско оружје, се вели во соопштението.
Минатата недела, САД соопштија дека Русија ја прекршила меѓународната забрана за употреба на хемиско оружје, која е надгледувана од Организацијата.
Таа, наводно, користела хлоропикрин, моќен пестицид што се користи во земјоделството и е забранет за воена употреба, против украинските трупи и користела хемиски соединенија кои привремено ги онеспособуваат луѓето, како солзавец, „како метод за војување“ во Украина.
Ова следеше по украинските тврдења во април дека Русија ја засилила употребата на солзавец во рововите. Русија ги отфрли обвинувањата, а украинските власти не одговорија на барањето на Ројтерс за коментар во вторникот.
Организацијата за забрана на хемиско оружје соопшти дека ја следат ситуацијата од февруари 2022 година, кога Москва ја нападна Украина. Според Конвенцијата за хемиско оружје, секоја токсична хемикалија што се користи за да предизвика повреда или смрт се смета за хемиско оружје.
Употребата на токсични агенси на бојното поле во војна е против Конвенцијата, соопшти Организацијата за забрана на хемиско оружје. „Доколку се користат како метод на војување, овие агенси се сметаат за хемиско оружје и затоа, според Конвенцијата, тие се забранети“.