Европа
Расмусен го советува Киев како да ја убеди ЕУ да ги продолжи санкциите против Русија

Украина полесно ќе ги увери земјите членки на Европската унија да ги продолжат санкциите против Русија ова лето, доколку покаже напредок во спроведувањето на реформите и соочувањето со корупцијата, изјави во саботата поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен кој во петокот беше именуван за советник на украинскиот претседател Петро Порошенко.
Андерс Фог Расмусен беше генерален секретар на НАТО токму во периодот кога прозападните сили со превратот во Киев ја преземаа власта а потоа рускојазичните бунтовници на југоистокот практично се отцепија од Украина.
Европската унија по неколку седмици ќе одлучува дали ќе ги продолжи санкциите против Русија, за што е неопходен едногласен договор на 28-те земји членки. Меѓутоа, во Брисел се зачестени стравувањата дека неколку земји отворено ќе се застапуваат за укинување на рестрикциите на коишто Москва одговори со ембарго на увоз на прехранбени и земјоделски производи од западните земји.
Како што истакнува Deutsche Welle, Расмунсен „има намера да спори со Западот дека Украина ги спроведува длабоките економски и политички реформи“. „Од друга страна, пак, поранешниот генерален секретар на НАТО планира на украинското раководство да му ги доближи политичките приоритети на Западот во однос на Украина“, пишува германското издание.
Расмусен во саботата рекол дека продолжувањето на санкциите е единствениот начин за притисок врз Русија, како што рекол, за да престане да ги поддржува сепаратистите, кои се борат против украинската армија во источниот регион Донбас каде што рускојазичното население е доминантно обвинувајќи ги дека го кршат примирјето, пренесува Reuters.
„Знам од разговорите со западните политичари дека нивната подготвеност да продолжат со санкциите, исто така, е поврзана со украинската подготвеност навистина да ги спроведе сеопфатните реформи“, рекол Расмусен во телефонски разговор.
„Така што мојата цел како советник на претседателот би била всушност да отворам двонасочна улица. Секако прво ќе ги убедам западните политичари дека Украинците веќе спровеле темелни реформи. Но истовремено, исто така, на претседателот ќе му ја пренесам пораката на своите соговорници дека украинските власти јасно разбрале што е приоритет кај западните земји“, додал Расмусен./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин