Европа
Русија ги јакне борбените способност на границите со НАТО
Командантот на здружениот штаб на руската армија најави во вторникот дека во 2015 година ќе бидат засилени воените способности на Крим, Арктикот и во областа на руската енклава Калининград, најзападниот дел од руската територија која се граничи со земјите членки на НАТО.
Генералот Валериј Герасимов, коментира Reuters, со оваа изјава би можел дополнително да го вознемири Западот која со загриженоста го следи јакнењето на руската воена моќ од почетокот на избувнувањето на украинската криза пролетта 2014 година.
„Руското министерство за одбрана во 2015 година ќе се концентрира на јакнењето на борбените способност. Особено внимание ќе им биде посветено на единиците на Крим, во Калининград и на Арктик“, изјавил генералот Герасимов, пренесува РИА Новости.
Станува збор за продолжување на развивањето на новата воена доктрина којашто во декември ја потпиша рускиот претседател Владимир Путин. Новата доктрина ја истакнува потребата од заштитата на руските државни граници и ширењето на НАТО го нарекува надворешна опасност, а исто така се потцртува неопходноста од заштита на руските стратешки интереси на Арктикот.
Западот е загрижен од секакво јакнење на руско присуство на границите на НАТО, бидејќи Калининград е историска руска енклава меѓу Полска и Летонија, членки на Северноатлатнската воена алијанса. Арктикот, пак, е подрачје богато со енергенси и за тој простор се натпреваруваат многу земји, а слични чекори и стратегии како Русија уште на почетокот од 2014-та заземаа и САД и Канада.
Во ноември Русија на Крим распореди 14 борбени авиони, а планира вкупно на црноморскиот полуостров да стационира 30, со што јасно порачува дека има намера да ја зајакне својата воена присутност на овој полуостров на кој доминантно население се етничките Руси и беше историска база за нејзината Црноморска флота, кој во март минатата година со референдум си ја поврати автономијата и се присоедини на Руската Федерација, што Западот го смета за руско анектирање на украинска територија.
Москва, исто така, порача дека нејзиното зголемено воено присуство на Крим се должи на зачестените воени поморски вежби што ги спроведуваат САД во Црното Море заедно со сојузниците од НАТО од почетокот на избувнувањето на протестите во Киев во ноември 2013 година со кои во февруари беше соборен претседателот Виктор Јанукович и власта во Украина ја преземаа прозападните политички сили.
Своевремено врховниот воен командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Филип Бридлав предупреди дека руското „милитаризирање“ на Крим води кон контрола на Црното Море. Бридлав во вторникот најави дека НАТО би можел да ја промени својата програма за воени вежби на Балтикот имајќи ги предвид руските активност.
НАТО кон средината на 2014 година ги зголеми своите воздухопловни контингенти во земјите на Балтикот, поранешните советски републики, како и во Полска каде што стационираше и нови американски копнени единици во чиј состав има тенкови и оклопни возила. Исто така, беше одржана низа од воени вежби во земјите кои граничат со Русија, а на септемврискиот самит на Алијансата во Велс беше донесена одлука за формирање единици за брзо распоредување коишто трајно ќе бидат распоредени во земјите од поранешниот Варшавски пакт, под изговор дека Москва ги вооружува и контролира рускојзаичните бунтовници во југоисточна Украина. Руските челници, пак, негирајќи ги ваквите обвинувања, тврдат дека Русија не му се заканува никому, туку дека ги осигурува своите граници.
„Првата промена не би било зголемување на бројот на војниците, туку нивното прегрупирање, за подобро да ги подготвиме нашите сили и од им овозможиме на земјите да работата заедно како сила на НАТО“, рече во вторникот генералот Бридлав./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пререзервирање на тури со водичи, објавува „Еуроњуз“.
Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги уапси осомничените во вторник откако раководството на Лувр пријавило „неправилности“. За време на операцијата, запленети се три возила, 130.000 евра во готово и замрзнати се речиси 200.000 евра на банкарски сметки. Откриени се и неколку банкарски сефови со големи суми готовина.
Раководството на музејот во соопштението наведува дека сега „воспоставило структуриран план против измами врз основа на мапирање на измами, серија превентивни и куративни мерки, правни, технички и контролни мерки и следење на резултатите“.
Апсењата следат по низа лоши вести за најпопуларниот музеј во светот и една од најпочитуваните институции во Франција. Од минатиот месец, Лувр е принуден делумно да ги затвора вратите за посетители секоја недела поради штрајк на персоналот незадоволен од платите и условите за работа.
Протестите започнаа кон крајот на минатата година по објавувањето на осудувачки владин извештај за безбедносните пропусти, кои беа откриени по дрскиот грабеж на француските крунски скапоцености во октомври.
Европа
Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија отколку да ги принуди Украинците да прифатат лош договор.
Американското списание објави растечка загриженост кај некои членови на внатрешниот круг на Зеленски дека неговиот прозорец за решение се затвора и дека Украина би можела да се соочи со години континуиран, мачен конфликт доколку не се постигне договор за завршување на војната оваа пролет.
Зеленски беше цитиран како вели дека претпочита да не прифати „договор отколку да го принуди својот народ да прифати лош“.
„Дури и по (скоро) четири години интензивно војување, тој вели дека е подготвен да продолжи да се бори доколку е потребно за да обезбеди достоинствен и траен мир“, се вели во статијата, забележувајќи дека Зеленски рекол дека „Украина не губи“ кога бил прашан за неговата проценка на позицијата на Киев на фронтот.
Два круга трилатерални преговори меѓу Русија, Украина и САД се одржаа во главниот град на Обединетите Арапски Емирати, Абу Даби, на 23 и 24 јануари и на 4 и 5 февруари.
Во понатамошните коментари за списанието, Зеленски рече дека „нема поголема победа“ за американскиот претседател Доналд Трамп од наоѓање решение за војната меѓу Русија и Украина.
„За неговото наследство, ова е број 1“, рече тој, додавајќи дека постигнувањето такво решение пред американските меѓуизбори во ноември би била „најдобрата ситуација“ за Трамп.
„Да, тој сака помалку смрт. Но, ако вие и јас разговараме како возрасни, тоа е само победа за него, политичка“, додаде тој.
Коментарите дојдоа откако Зеленски им рече на новинарите за време на викендот дека САД инсистираат на решавање на војната меѓу Русија и Украина „до почетокот на ова лето“ и дека Вашингтон „веројатно ќе изврши притисок врз страните во согласност со овој распоред“.
Во изјавите објавени од украинските медиуми, тој рече дека Киев разбира дека „внатрешните проблеми“ во САД влијаат на овој рок, особено со почетокот на кампањата за меѓуизборите подоцна оваа година.
Европа
(Видео) Украинците нападнаа руска рафинерија на 2.000 километри од границата, се шират снимки
Украински дронови предизвикаа пожар во рафинерија за нафта во северозападна Русија, на околу 2.000 километри од украинската граница.
Ројтерс објави дека утрово избувнал пожар во рафинерија за нафта во сопственост на руската компанија Лукоил во близина на градот Ухта во руската република Коми, изјави шефот на регионот, Ростислав Голдштејн. Никој не е повреден, а службите за итни случаи работат на местото на настанот, изјави Голдштејн на апликацијата Телеграм.
Russian Telegram channels report a drone attack and subsequent fire at Ukhta oil refinery plant in Ukhta, Komi region of Russia.
It's located over 2,000 km from the Ukrainian border. pic.twitter.com/ATCEcdkMCH— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) February 12, 2026
Пожарот избувнал откако украинските дронови погодиле инфраструктура која се смета за стратешки важна за снабдувањето со гориво во Русија, како дел од засилениот напад врз енергетската инфраструктура по краткото затишје за време на мировните преговори минатиот месец. Украинските власти, вклучувајќи го и претседателот Зеленски, постојано повторуваат дека нападите врз руските рафинерии за нафта се „најдобрите санкции“.
Meanwhile in Russia’s Ukhta.
The local refinery keeps getting hit by drones as we speak.
1,800 km away from the Ukrainan border. pic.twitter.com/TZMDIrIIg6
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) February 12, 2026
Снимки од густи облаци од црн чад над областа на рафинеријата Ухта веднаш по нападот циркулираат на социјалните медиуми, илустрирајќи го обемот на инцидентот и влијанието на нападот далеку на руска територија.

