Контакт

Европа

Русија разгледува можности за „селективни“ напади во Украина

Објавено пред

Русија ја разгледува можноста за селективни напади во Украина, како одговор за гранатирањето во неделата во рускиот пограничен град Донецк во Ростовската област, пишува руски „Комерсант“ повикувајќи се на извор близок до Кремљ.

Тој навел дека „Русија точно знае од која точка дошле гранатите“ и прецизирал дека не се планирани масовни акции, туку „прецизни напади“ врз положбите од каде било пукано врз Русија, пренесува Гласот на Русија.

 

Потпретседателот на Комитетот за буџет на Советот на Федерацијата и претставник на Ростовската област, Евгениј Бушмин, е со исто мислење дека „прецизните оружја“ се во состојба да ги запрат нападите од украинска територија.

 

Гласот на Русија потсетува дека предградие на пограничниот руски град Донецк, во Ростовската област, рано утрото во неделата се нашол на удар на украинската војска и милициите кои се борат за контрола на граничните премини.

 

Гранатата истрелана од украинска територија експлодирала во двор на улицата Балтијаскаја број 47.

 

Во експлозијата загинал Андреј Шуљатиев, роден 1967, додека втора граната која паднала во соседната куќа ранила две жени.

 

Руското министерство за надворешни работи во неделата испратило остар протест поради гранатирањето на руската територија од страната на Украина.

 

„Инцидентот може да има непоправливи последици“, предупредило руското министерство во официјално соопштение во кое било наведено дека провокациите се „уште еден акт на агресија од страна на Украина против суверената руска територија и граѓаните на Руската Федерација“./крај/мф/ап



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Меркел по критиките почна да носи маска

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, почна да носи заштитна маска во јавноста, откако беше цел на критики поради тоа што не ја носеше, и покрај препораките на владата за сузбивање на коронавирусот.

Меркел се појави денес во горниот дом на германскиот парламент со црна маска, на која е логото на германското претседателство на Европската Унија.

Ја симна маската дури откако го зазеде местото во салата, на пропишано растојание од другите службени лица, пренесува АП.

Меркел беше фотографирана со слична маска вчера за време на средбата со гувернерот на германската сојузна држава Берлин.

Прикажи повеќе...

Европа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Објавено пред

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19 со дозвола на ниво на Европската Унија.

Брисел изјавува дека одобрувањето за ремдесивир е издадено по забрзана постапка по препораката на Европската агенција за лекови, која исто така беше усвоена од земјите членки на ЕУ.

Се додава дека издавањето на одобрението траело само една недела од препораката на Европската агенција за лекови, во споредба со вообичаените 67 дена колку што на Европската комисија обично и се потребни за да одобри некој производ.

Комесарот за здравство, Стела Киријакидес потенцира дека ова е значаен чекор во борбата против вирусот.

„Фактот што дадовме одобрување помалку од еден месец по барањето покажува колку е подготвена ЕУ да реагира што е можно побргу кога ќе се појави нов лек“, изјави Киријакидес.

Комисијата наведува дека на „ремдесивир“ сега му е дозволен условен промет, што е еден од механизмите на ЕУ направени за да се обезбеди ран пристап до лекови потребни за одговор на итни случаи како што е тековната пандемија.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Шпанија и Романија откриени печатници за лажни пари

Објавено пред

Со поддршка на експерти од Европол, полициската агенција на Европската унија, во две одделни операции во Шпанија и Романија минатиот месец биле откриени нелегални печатници за фалсификувани евра, односно романски леи.

Во операцијата во Шпанија, полицијата соработувала со колумбиските истражни тела, бидејќи како двајца главни осомничени уапсени се државјани на Колумбија, претходно познати на локалните власти за слични активности, пренесоа светските агенции.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет36 минути

За коронавирус тестирани 10 милиони луѓе во Кина

Градските власти во Пекинг објавија дека 10,4 милиони луѓе, или околу половина од жителите на кинеската престолнина,се тестирани за присуство...

Свет42 минути

Четири лица загинаа, а 97 се повредени во експлозијата во Турција

Четири лица загинаа, а 97 од 186 вработени се повредени при експлозијата во фабрика за пиротехника во Турција. Фабриката е...

Свет56 минути

Првите резултати од лекот против Ковид-19 се очекуваат за две недели

Светската здравствена организација ги очекува во следните две недели првичните резултати од клиничкото тестирање на лекови кои би можеле да...

Регион12 часа

Се запали авион со 164 патници и членови на екипаж, принудно слета во Грција

Авион на ирската компанија „Рајанер“ со 164 патници и членови на екипаж принудно слета на аеродромот во Солун, бидејќи во...

Свет12 часа

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против Ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство,...

Свет13 часа

СЗО: Засега Ковид-19 нема мутација што го прави посилен

Вирусот Ковид-19 досега нема мутации што ќе го направат посилен или ќе доведат до потешка болест, вели главниот епидемиолог на...

Топ17 часа

Во Охридското Езеро се удави 49-годишен маж

Во водите на Охридското Езеро денеска околу 14.30 часот е пронајдено безживотно тело на плажа на кејот Македонија. На местото...

Македонија18 часа

Регистрирани 165 новозаразени – починаа 7, а оздравеа 128 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1454 тестирања, а регистрирани се 165 нови случаи на...

Европа19 часа

Во ЕУ дозволен прв лек против Ковид-19

Европската комисија издаде условна дозвола за ставање во промет на лекот ремдесивир, кој стана првиот медикамент за лекување на Ковид-19...

Македонија19 часа

Јовановски поднесува кривични пријави за триесеттина лица, бара вклучување на меѓународните институции

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски  продолжи со поднесување кривични пријави во скопското обвинителство поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен...

Топ20 часа

Вработен во МВР станал и советник во Општина Арачиново – внатрешна контрола го разгледува случајот

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе иницијатива за поведување постапка за утврдување дициплинска одговорност против Ф.Х....

Свет21 час

(Видео) Најмалку 41 повреден во експлозија во фабрика за огномети во Турција

Најмалку 41 лице е повредено по експлозијата во фабрика за огномети во северозападната турска провинција Сакарија, пренесува „Хуриет дејли њуз“....

Македонија21 час

Засега нема затворање на границите со Србија и Косово

Границите со Србија и Косово остануваат отворени, откако Комисијата за заразни болести не даде препорака тие да бидат затворени поради...

Свет22 часа

Научниците докажаа: Нова верзија на коронавирус се шири низ целиот свет, до 6 пати позаразна

Мутирана верзија на новиот коронавирус што предизвикува Kовид-19, која е распространета денес во светот, во лабораторија се покажа дека е...

Македонија22 часа

Принуден карантин за поранешната манекенка Накова, која место во самоизолација била на базен

Поранешната манекенка Александра Накова-Гајдаџиев вчера попладне била уапсена на базен во Гевгелија бидејќи не го почитувала решението за самоизолација, потврдија...

Македонија22 часа

Директорката на кумановската болница е позитивна на коронавирус

Директорката на Општа болница Куманово, Снежана Захариева, утрово на социјалните мрежи објави дека е позитивна на Ковид-19. „Како за добро...

Регион23 часа

Прогласена вонредна состојба во Белград

Во Белград денеска е прогласена вонредна состојба како резултат на влошената епидемиолошка состојба. Ваквата одлука е донесена на седницата на...

Европа23 часа

Падна француската влада, премиерот поднесе оставка

Францускиот премиер, Едуард Филип, денеска поднесе оставка пред реконструкцијата на владата што ќе ја спроведе претседателот Емануел Макрон за зајакнување...

Свет24 часа

СЗО: Во моментов на луѓе се тестираат 17 потенцијални вакцини против коронавирус

Седумнаесет можни вакцини против коронавирусот во моментов се тестираат на луѓе, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Од нив најмногу напредува...

Македонија1 ден

Хоспитализирани над 400 пациенти поради коронавирус во земјава, меѓу нив 6 се деца

Во Македонија засега хоспитализитани се 407 пациенти заболени со Ковид-19. Според последните податоци, на Инфективната клиника вкупно се примени 90...

Досие