Европа
Руската ФСБ пресекла канал за криумчарење оружје од ЕУ и Украина во Русија
Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија сузбила активности на меѓурегионална организирана криминална група, којашто била дел од организиран канал за криумчарење оружје од држави на Европската унија и од Украина на територијата на Руската Федерација, пренесуваат во вторникот медиумите, кои потсетуваат дека во слична операција пред една година е запленето големо количество оружје со потекло од истите земји.
Како што рекле неименувани функционери на ФСБ за агенцијата ТАСС, „во јули во Смоленск (400 километри северозападно од Москва) при извршување на уште една пратка оружје, на дело се уапсени дел од организаторите на криминални активности, од кое еден е порано осудуван државјанин на Азербејџан“.
Додал дека истовремено во дванаесет региони на Руската Федерација биле уапсени 14 активни членови на криминалната група, од кои тројца биле полициски службеници. Притоа изворот на агенцијата не прецизирал во кој период била спроведена споменатата полициска операција.
Соговорникот на агенцијата, исто така, посочил дека за прикривање на криминалните активности, уапсените користеле лажни лични документи, фалсификувани регистарски таблички на возилата…
Во акцијата биле запленети вкупно 150 парчиња криумчарено оружје од руско и од западно производство, како митралези, полуавтоматски и автоматски пушки, и карабини „Калашников“ и М-16, М-4 и G-3, пиштоли „Глок“, „Чезет“, ДесертИглс“, „Берета“, револвери со придушувачи, еден ракетен фрлач, гранати, составни клучни делови и компоненти за производство на повеќе од 200 парчиња оружје, повеќе од 2.500 куршуми од различен калибар, и повеќе од 10 килограми експлозиви и детонатори.
Според руските тајните служби, во акцијата биле уништени четири работилници за производство и надградба на оружје, како и две за производство на муниција.
Соговорниците на агенцијата рекле дека истражните органи на ФСБ и на руското министерство за внатрешни работи на Русија, ја продолжуваат истрагата во врска со криумчарењето оружје и од други криминални групи, а испитуваат и дали уапсените лица се поврзани со големи криминални случаи и убиства на територијата на земјата./крај/мф/сн
Извор: ТАСС
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин го избра премиерот
Рускиот претседател Владимир Путин предложи повторно именување на Михаил Мишустин за премиер во неговиот нов претседателски мандат, изјави утрово претседателот на Државната дума, долниот дом на рускиот парламент.
Откако Путин во вторникот положи заклетва за нов шестгодишен претседателски мандат, тамошната влада, според одредбите на рускиот Устав, поднесе оставка.
И додека во последните денови се шпекулираше дека може да има промени на некои важни и суштински позиции, а руските независни медиуми споменуваа евентуално заминување на Михаил Мишустин од премиерската позиција, Путин повторно го предложи за таа функција.
„Претседателот Владимир Владимирович Путин достави до Државната дума предлог за кандидатурата на Михаил Владимирович Мишустин за функцијата премиер. Денеска претставниците ќе донесат одговорна одлука за ова прашање во име на нивните гласачи“, изјави претседателот на Думата, Вјачеслав Володин на апликацијата Телеграм.
Ова е петти мандат на Путин на власт, а тој го номинираше Мишустин за премиер за прв пат во јануари 2020 година, кога Владата предводена од Дмитриј Медведев поднесе оставка по најавените важни уставни промени во политичкиот систем на земјата од страна на претседателот.
Мишустин, кој ќе зборува во Думата пред гласањето, мора да одговори како ќе реши низа задачи што Путин и ги постави на владата, вклучително и „зголемување на одбранбената способност на нашата земја“, рече Володин.
Европа
Продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација во Украина
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска го потпиша законот за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација од 14 мај до 11 август.
Зеленски на 6 мај достави до парламентот предлог за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за уште 90 дена, објави „Киев индепендент“.
Украинскиот парламент гласаше да го одобри продолжувањето два дена подоцна.
Тој претходно ја продолжи вонредната состојба и мобилизацијата од 14 февруари до 14 мај.
Зеленски првпат прогласи вонредна состојба и општа мобилизација на 24 февруари 2022 година, кога Русија започна напад врз Украина.
Оттогаш, мерката беше продолжена неколку пати.
Оваа мерка значи дека Украинците на возраст меѓу 18 и 60 години, со некои исклучоци, не можат да ја напуштат земјата бидејќи може да бидат повикани на воена служба.
Во април, парламентот усвои закон за ажурирање на правилата за мобилизација додека земјата се обидува да ги надополни редовите на своите вооружени сили.
Европа
На парадата на Путин имаше само еден тенк, луѓето се потсмеваат: „Па, барем вози“
Иако воената парада во Москва е нормално можност Русија да се пофали со својата војска, оваа година само еден тенк помина низ Црвениот плоштад. За работите да бидат уште поинтересни, тоа беше тенк Т-34, произведен пред 90 години – уште пред да се роди Путин.
Да потсетиме, на воената парада и минатата година учествуваше еден тенк, истиот Т-34. Многумина го исмеваат Путин поради ова.
The only Russian tank present at today’s Victory Day parade in Moscow is a single T-34. pic.twitter.com/ut3T6zr31v
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 9, 2024
„Овој Т-34, легендарниот советски тенк од Втората светска војна, беше единствениот руски тенк изложен на парадата на Денот на победата на Црвениот плоштад денес“, напиша Макс Седон, шеф на московското биро за „Фајненшл тајмс“. „Сите останати мора да се некаде зафатени!“
Про-украински корисник на „Икс“ напиша: „Па, барем вози“.
Друг корисник додаде: „Ништо не говори „втора армија на светот“ како осамениот тенк на победничката парада втора година по ред“.