Европа
Руската опозиција му одаде почест на Немцов
Илјадници луѓе се собраа во саботата во центарот на руската престолнина Москва на првата годишнина од убиството на рускиот опозициски политичар Борис Немцов.
Според опозициската телевизија Дожд, во Москва се собрале околу 20.000 приврзаници на руската опозиција, додека според министерството за внатрешни работи на рускиот мегалополис, биле присутни 7.500 луѓе.
Собирот во Москва и во други поголеми градови во Русија беа по повод годишнината од убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, поранешен заменик премиер и министер, кој подоцна беше жесток критичар на претседателот Владимир Путин.
Според опозицијата, убиен е поради тоа што имал намера да објави документи за руската вмешаност со војната во Украина. Но бодејќи е со еврејско потекло, и имајќи предвид дека уапсените за неговата ликвидација се од исламско потекло од Чеченија, има шпекулации и дека бил убиен бидејќи јавно ги бранел објавените карикатури на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен весник, кој беше цел на терористички напад.
Поворката ја организираше Партијата на народната слобода, на Немцов, позната под акронимот ПАРНАС. „Никогаш нема да заборавиме, ниту ќе простиме“, беше паролата на собирот.
Московската колона беше некогашниот премиер во владата на Путин, Михаил Касјанов, кој годинава се бори за челничкото место во ПАРНАС. „Тука сме да му одадеме чест на големиот човек кој сонуваше за демократска Русија“, изјавија за западните медиуми учесници на собирот.
Московските власти го одобрија собирот подалеку од мостот во областа на Кремљ на кој Немцов беше застрелан додека околу полноќ се шетал со неговата двојно помлада девојка од Украина.
На крајот од 2015 година, руските истражители го открија осомничениот како нарачател атентатот врз Борис Немцов. Станува збор за Руслан Мухудинов, поранешен офицер во полицискиот баталјон „Север“, кој се товари како нарачател и организатор на убиството, и по кого од ноември 2015 година е распишана меѓународна потерница.
Истрагата утврдила дека Мухудинов со фалсификуван пасош избегал од Русија и оти во моментов се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, а сомневањата за неговата инволвираност во убиството на опозицискиот политичар се темелат на изјави од сведоци и експертиза.
Адвокатите на осомничениот, пак, тврдат дека името на Мухудинов не се споменува во ниедна од изјавите на притворените за убиството на Немцов. Тие појаснуваат дека некои од обвинетите изјавиле дека во убиството е вмешано извесно лице кого го именувале како „Русик“, но оти во документацијата не е наведено ниту името, ниту презимето на Мухудинов, како и дека подоцна тие ги негирале тие изјави. Меѓутоа, според истрагата доказите против Мухудинов ги дале осомничените извршители на убиството Заур Дадаев и браќата Губашеви. За сите тројца подоцна обвинението беше повлечено./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

