Контакт

Европа

Руски научник тврди дека мигрантите намерно се испраќаат во Германија

Објавено пред

Рускиот научник, Владимир Шалак, кој веќе 20 години се занимава со анализа на содржината на текстовите, дошол до заклучок дека движењето на мигрантите од Африка и од Блискиот исток кон Германија, не е случајно и дека таму намерно ги упатуваат САД и Велика Британија по пат на објава на социјалната мрежа Twitter.

dobivaj vesti na viber

„Сите социјални мрежи се поврзани меѓусебно и објава на една од мрежите веднаш се пренесува на другите. Twitter е добар за анализа, бидејќи дозволува да се измерат параметри, како оние од каде и по пат на кој уред е поставена објавата“, изјави за агенцијата Sputnik, Шалак кој е доктор по филозофски науки и виш научен соработник на Институтот за филозофија.Заклучокот дека движењето на мигранттие не е случајно, произлегол од обработката на јавно достапните податоци со помош на компјутерска програма.Објаснувајќи ја постапката, Шалак наведува дека прво аритметички се пребројуваат одредени предмети, а анализата на содржината на основно ниво покажува колку често се споменуваат некои зборови или фрази.Затоа, врз основа на тие заклучоци, кои не ги забалежува окото на обичниот човек, а резултатот е обработка на многу големо количество на податоци, доаѓа до одредени законитости.Шалак наведува дека во почетокот одредени членови на научниот тим нашле пораки на интернет каде се споменуваат бегалците, а потоа се испоставило дека во таа маса од податоци дури во 70 отсто од нив се споменува Германија и дека таму фигурира фразата „бегалците се добредојдени“.Потоа спровеле анализа за да утврдат каде се регистрирани твитер профилите, од каде потекнуваат тие објави и дошле до многу интересен резултат.„Повеќето од тие објави се со потекло од САД и од Велика Британија. Чудно е тоа што не ги повикуваат бегалците кај себе, туку кај соседите. Очигледен е заклучокот дека оваа кампања ја организирале токму овие држави“, вели Шалак.Според него, локомотива на ЕУ е Германија, а ЕУ е преголема за само онака да се урне.„Сепак, доволно е да се подрива најголемата економија и нормалниот живот во германија и ЕУ ќе се распадне на делови. А, гледаме дека таму се активирале неонацистите и локалните десничарски партии кои по камповите со бегалци прават проблеми“, наведува Шалак.Смета дека сево ова ќе доведе до тоа ЕУ да почне да пука по работите, односно да почне да се распаѓа, а како последица ќе биде „бегањето на капиталот од Европа и САД“.„Тоа на Америка ѝ е многу погодно, затоа што тие на секоја војна заработуваат. Од друга страна тоа повторно ќе доведе до подривање на руската економија, ако Европа престане да купува сировини. Целите може да бидат одвоени од последиците, но потполно се реални“, додава тој. Вели дека Twitter најоперативно реагира на сé што се случува, информациите се ажурираат од минута во минута и во таа смисла е добар за анализа, затоа што нема цензура.Шалак вели дека со цел привлекување внимание, голем број луѓе активираат програми со кои управуваат таканаречени ботови.„Нивна задача е да се привлече вниманието на топ вестите. Социјалните  мрежи се добар механизам за манипулација со општествената свест“, заклучува тој./крај/мф/ффс

Извор: Sputnik



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

(Фото) Лидерите на девет земји од ЕУ пристигнаа во Киев

Објавено пред

Лидерите на девет европски земји пристигнаа во Киев утрово, на четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина. Лидерите на Данска, Естонија, Финска, Исланд, Латвија, Литванија, Норвешка, Шведска и Хрватска пристигнаа во украинската престолнина.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха објави порака за добредојде до сојузниците на социјалната мрежа Икс.

„Добредојдовте во Киев, драги сојузници, и ви благодарам што денес стоите со Украина, како што правевте за време на четири години брутална руска тотална војна. 24 февруари 2022 година засекогаш ја подели историјата на Европа на ‘пред’ и ‘после’. Симболично е што раководството на ЕУ е со нас денес“, рече Сибиха.

Сибиха ги пречека сојузниците на централната железничка станица во Киев.

„Задоволство ми е што ги пречекувам лидерите на нордиско-балтичките Г8, нашите вистински и блиски сојузници во одбраната на слободата, правдата и вистината. Ви благодарам за вашата силна и непоколеблива поддршка за Украина и нашите заеднички европски вредности и принципи“, напиша тој.

Претходно беше објавено дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, исто така пристигнаа во Киев. Советот на Европа, исто така, ќе ја одбележи четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија со низа настани во знак на солидарност со украинскиот народ.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина, потсетувајќи се на првите денови од војната, жртвите на руската агресија и силата на украинските војници и целиот народ.

dobivaj vesti na viber

Во видеото, тој ја покажа и внатрешноста на бункерот на улицата Банкова во Киев, од каде што им се јавил на светските лидери и побарал оружје во раните денови од војната.

„Денес се навршуваат точно четири години откако Путин го започна својот тридневен поход врз Киев. Самото ова многу кажува за нашиот отпор, за тоа како Украина се бореше цело време. Зад овие зборови стојат милиони наши луѓе. Зад овие зборови стои огромна храброст, неверојатно напорна работа, издржливост и долгиот пат по кој се движи Украина од 24 февруари“, рече Зеленски.

Во видеото, Зеленски ги покажа долгите ходници и канцеларии на бункерот каде што тој и стотици соработници одржуваа дневни воени брифинзи, телефонски повици и бараа решенија.

„Нашите луѓе не го кренаа белото знаме, туку го бранеа сино-жолтото. А окупаторите, кои мислеа дека тука ќе бидат пречекани од масите со цвеќиња, наместо тоа видоа редици пред регрутните центри. Нашиот народ избра отпор“, рече Зеленски.

„Нашите воини останаа непоколебливи, а цивилите ги бранеа градовите и селата, улиците и дворовите. Обичните луѓе буквално формираа човечки ѕидови, запираа колони од воени возила и заедно го покажаа единствениот правилен пат кон залутаната Русија“, се присети тој на првите денови од војната.

Тој, исто така, се потсети на првите жртви на руската агресија во Буча, Ирпин, Бородјанка, Мариупол и други градови, масовните гробници и нападите врз станбени згради и породилишта.

„Мажите не се борат вака. Луѓето не се однесуваат вака. Украинците нема да го заборават ова. Нека овие видеа ги видат сите што немаат грижа на совест, сите што сè уште му подаваат рака на руското зло и сè уште купуваат нафта од Путин“, рече претседателот.

Зеленски нагласи дека Украина поминала долг пат, од потпирање на донирани панцири до напредни системи како што се борбени авиони „Патриот“, „Ирис-Т“, „НАСАМС“ и „Ф-16“, како и сопствено оружје со долг дострел.

Украина денес произведува повеќе од 3 милиони беспилотни летала годишно, соборува стотици беспилотни летала „Шахед“ за една ноќ и е способна да спроведува големи операции.

Претседателот, исто така, им оддаде почит на паднатите украински бранители.

„Драги луѓе, силата што нè одржуваше сите овие години сте вие. Нашиот народ. Нашиот отпор сте вие. Украински мажи. Украински жени. Сите што не се откажуваат. Нашите очи можеби се уморни, но грбот не ни е скршен. Сакам да им се заблагодарам на сите што ја носат независноста на своите рамена. На секој воин за вашата сила. На вашите родители, вашите деца, вашите сопруги и сопрузи за нивната издржливост“, рече тој.

„Им се заблагодарувам на сите чија работа ја прави Украина посилна. На оние што враќаат светлина и топлина во нашите домови. На оние што лекуваат. На оние што волонтираат. На оние што предаваат. На оние што учат, на универзитети или во училишта, и кои го учат најважното нешто: да се биде човек, да бидат Украинци. Горд сум на вас. Верувам во секој од вас. Во сите вас на кои, без никакво претерување, имам чест да им кажам: Големи луѓе на голема Украина“, рече тој.

Тој додаде дека Украина се соочува со „најсуровата зима во историјата“, но дека „пролетта е за помалку од една недела“. „Путин не ги постигна своите цели. Тој не ги уништи Украинците. Тој не ја доби оваа војна. Ние ја зачувавме Украина и ќе направиме сè за да обезбедиме мир и правда“, заклучи Зеленски.

Прикажи повеќе...

Европа

Фон дер Лајен и Коста пристигнуваат во Киев на годишнината од инвазијата

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Советот, Антонио Коста, денес треба да пристигнат во Киев, каде што Украина ја одбележува четвртата годишнина од руската инвазија. Се очекува двајцата лидери на ЕУ да присуствуваат на комеморација со неколку европски лидери и да изразат солидарност со Украина.

dobivaj vesti na viber

Тие, исто така, планираат да посетат места оштетени од руските воздушни напади врз украинската енергетска инфраструктура. Сепак, посетата е во сенка на Унгарија и Словачка, кои ги блокираат новите санкции против Русија.

Унгарија, исто така, вчера стави вето на пакетот помош на ЕУ од 90 милијарди евра за Украина, од кои 60 милијарди евра се наменети специјално за нејзина одбрана од руска агресија. Се смета дека двете земји имаат најблиски односи со Москва меѓу земјите-членки на ЕУ.

На меѓународно ниво, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер организираат видеоконференција на таканаречената Коалиција на волните, во која е вклучена и Германија, за да ја одбележат годишнината. Високи политичари од ЕУ собрани во Киев, исто така, ќе учествуваат на конференцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

ДУИ обвинува за притисок врз судството: Изјавите на Филков за куќниот притвор се директно мешање во постапката

Демократската унија за интеграција (ДУИ) изрази длабоко незадоволство поради, како што наведуваат, заканите упатени кон судии и обвинители од страна...

Македонија11 часа

Одземени лиценците за канабис на шест фирми: не им работеле камерите, немале обезбедување, едно имале на хартија друго во магацин

На шест од досега провери 13 компании им се одземени лицентие за одгледување канабис за медицински цели. Министерот за здравство,...

Топ13 часа

Битолчанец пријавен за обид за убиство на своите деца и напад врз полицајци

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф. (42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство“...

Македонија14 часа

Ми се гади од лицемерието, Артан Груби во куќен притвор, јас 28 месеци во притвор: Јане Ченто за правосудните аршини

По одлуката на надлежните институции, поранешниот прв вицепремиер Артан Груби да биде ставен во куќен притвор со 24-часовен надзор, по...

Македонија14 часа

Беким Сали во работна посета на Украина: „Изразена солидарноста и поддршката кон украинскиот народ“

Првиот вицепремиер и министер за европски прашања, Беким Сали, денес престојува во официјална работна посета на Киев, Украина, каде ќе...

Македонија16 часа

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води...

Европа17 часа

(Видео) Зеленски го покажа својот бункер од почетокот на војната и им испрати порака на Украинците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео порака по повод четвртата годишнина од почетокот на целосната инвазија на Русија врз Украина,...

Македонија17 часа

Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал, следува одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

По повеќе од година дена поминати во бегство на граничниот премин Блаце е приведен поранешниот вицепремиер во коалицијата на СДС...

Македонија18 часа

„Али Ахмети чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник, Артан Груби знае премногу“, велат од ВЛЕН

„Стариот лисец Али Ахмети од вчера, од мајстор на политичкиот занает, стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот...

Македонија18 часа

Штедачите на Еуростандард банка: Пет и пол години од пропаѓањето на банката, случајот сè уште нема судска разрешница

Поминаа повеќе од пет и пол години од пропаѓањето на Еуростандард банка, а случајот сè уште нема судска разрешница. Голем...

Свет18 часа

Зеленски: Вашингтон треба да биде со демократска земја која се бори против еден човек

Соединетите Американски Држави „треба да застанат покрај демократска земја која се бори против еден човек“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски,...

Свет18 часа

Ник Рајнер негираше вина по обвинението за убиството на мајка си и татко си

Ник Рајнер (32), син на познатиот холивудски режисер Роб Рајнер и фотографката Мишел Сингер Рајнер, се изјасни за невин во...

Европа20 часа

(Видео) Бомбашки напад во Москва: Убиен полицаец, двајца повредени

Еден полицаец беше убиен, а двајца други беа ранети во експлозија рано утрово во центарот на Москва, откако вооружен човек...

Европа20 часа

Германија: Нема да го молиме Путин

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави дека е начелно отворен за разговори со Москва за одржлив мир во...

Европа20 часа

Манделсон е ослободен со кауција: Полицијата продолжува со истрагата

Поранешниот британски амбасадор во Соединетите Американски Држави, Питер Манделсон, е ослободен со кауција неколку часа откако беше уапсен во понеделник...

Македонија1 ден

Обвинителството бара замена од затворски во куќен притвор за Артан Груби

Основното јавно обвинителство Скопје побара мерката притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби да биде заменета со куќен притвор. Ваквата одлука,...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија2 дена

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат...

Македонија2 дена

(Видео) Кузеска за Груби: ДУИ го спасува Мицкоски

Секој што го прекршил законот мора да одговара. ДУИ го спасува Мицкоски. Му фрлија гума за спасување. После денешниот театар...

Македонија2 дена

СДСМ e нервозeн поради апсењето на Груби, стравува од откривање афери, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ верува дека во СДСМ владее нервоза и фрустрација поради апсењето на поранешниот вицепремиер, Артан Груби и дека постои страв...