Европа
Руско-европска војна со ‘црни листи’
Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц најави во вторникот вечерта дека рускиот амбасадор при ЕУ повеќе нема да има пристап во ЕП, како одговор на руската „црна листа“ со која на 89 политички и воени функционери им е забранет влезот во Русија, со што Москва всушност одговори на европскиот список со 151 руски прави и физички субјекти на кои им е забранет влезот во ЕУ и им е замрзнат имотот, а во средата руската страна порача дека ќе мора да одговори на „репресивните одлуки“ на Брисел.
Руската „црна листа“ беше доставена минатата седмица до европските дипломати. На неа се наоѓаат и одреден број европски парламентарци кои отворено ја поддржуваат слабата руска опозиција, го критикуваат претседателот Владимир Путин и наводната руска вмешаност во украинската криза.
„По објавување на црната листа на политичари и европски функционери, претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц го информираше рускиот амбасадор ЕУ поради што руските власти не успеале транспарентно да ја појаснат својата одлука тој оцени дека е оправдано да реагира со соодветни мерки“, објавија од канцеларијата на претседателот на Европскиот парламент.
Се додава дека Шулц рекол дека неговата институција ќе го ограничи пристапот на рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чижов, како и на некои други личности од Русија чиј идентитет не е објавен.
Европскиот парламент, исто така, ја суспендираше парламентарната соработката ЕУ – Русија и во институцијата ќе им биде дозволен пристапот на руските пратеници од двата дома само со времени и ограничени пропусници.
Во средата претседателот на комисијата за надворешни работи на Советот на Федерацијата, Константин Косачев побара „соодветна акција“ од страна на Русија, како одговор на „репресивните решенија“ на Европската унија.
„Одговор на сегашните репресивни решенија на Европската унија мора да бидат соодветни дејствија на Русија, симетрични или несиметрично, но сигурно мора да ги има…“, напиша Косачев на својот профил на Facebook.
Според него, тој не е изненаден од „репресијата на ЕУ“, овојпат насочена против руската мисија во ЕУ, како и против руски политичари членови на билатералниот Комитет за парламентарна соработка. „Логиката (на потегот) не импресиониран многу со својата осмисленост, поскоро фрла сомнежи за здравиот разум на неговите автори. Но притоа тој е многу јасен: по секоја цена да се има последниот збор, право да се казнува и да се помилува“, истакнува Косачев за кого Шулц не го почитувал фактот дека руската акција е всушност одговор.
Додава и дека со таа логика се оправдуваат економските санкции на Западот кон Русија, а нејзините против мерки се осудуваат како кршење на пазарната економија и правилата на Светската трговска организација. „Црните листи на ЕУ се справедливи, а руските му противречат на меѓународното право. И тоа е дел од големата игра на Западот, во борбата до смрт за монопол врз ‘вистината’“, заклучува Ксоачев./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

