Европа
Самоубиството на млада Французинка во директен пренос на апликацијата Periscope

Деветнаесетгодишна Французинка во вторникот извршила самоубиство во Франција кое во живо го пренесувала користејќи ја апликацијата за паметните телефони Periscope.
Девојката се фрлила под воз на железничката станица во местото Егли, јужно предградие на Париз, навел судот. Еден корисник на Periscope, кој го гледал директниот пренос, ја предупредил полицијата која, за жал, сепак не успеала да го спречи самоубиството.
Неколку часа пред овој чин, девојката му испратила СМС порака на пријателот на нејзиното поранешно момче во која се споменува насилство и силување, коешто поради него го претрпела, изјави во средата за AFP обвинителот Ерик Лаламен.
Апликацијата Periscope овозможува бесплатно директно емитување на видео снимки преку паметен телефон поврзан на Twitter која можат да ја видат сите. Снимката останува достапна 24 часа а потоа исчезнува. Видео снимката на младата Французинка веднаш е повлечена.
Од Periscope наведуваат дека имаат повеќе од 10 милиони корисници во светот кои снимиле над 200 милиони снимки. Многу ѕвезди, како канадскиот пејач Џастин Бибер, ја користат за комуницирање со обожавателите.
Еден шведски студен веќе се уби пред камера што исто така директно беше пренесувано на интернет, во октомври 2010 година.
Неодамна во САД предку апликацијата Periscope биле емитувани сцени од насилства и силувања меѓу малолетници./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин