Европа
Сé повеќе Германци и Германки им се приклучуваат на џихадистите
Германските разузнавачки служби стравуваат од постојано растечкиот број Германци кои заминуваат во Ирак и во Сирија за да им се придружат на џихадстите од Исламската држава, објави во средата шефот на BND, Ханс-Георг Маасен.
Според Маасен, силно се зголемил и бројот на жените помлади од 25 години, коишто си заминуваат од Германија да ѝ се придружат на Исламската држава. Од 700 Германци коишто се борат на страната на џихадистите на ирачкото и сириското боиште, 100 се жени, а половината од нив се помлади од 25 години, истакна првиот германски разузнавач.
Истиот тренд е забележан и во другите западни земји, коишто исто така објавуваат дека се зголемил бројот на жени коишто од овие земји заминуваат да ѝ се приклучат на споменатата радикална сунитска група којашто Обединетите нации ја прогласија за терористичка организација. Тоа е особено случај во земјите со голема и силна муслиманска заедница, како што се Франција и Велика Британија.
„Соочени сме со зголемување на бројот на жените кои наседнуваат на повиците на активистите кои ги регрутираат и преку интернет и преку лични контакти. Заканата станува сé посложена“, вели Маасен додавајќи дека бројот на регистрирани симпатизери на исламските екстремисти во Германија се зголемил на 7.500 лица.
Шефот на германското разузнавање го наведе податокот дека 100 луѓе коишто од Германија ѝ се приклучиле на Исламската држава загинале досега во борбите. Додаде и дека постојат индиции дека бројот на убиените значително пораснал од почетокот на 015 година. Околу третина од оние коишто ја напуштиле Германија веќе се вратиле, а околу 50 отсто од нив имаат борбено искуство.
Во октомври 2014 година, германската канцеларка Ангела Меркел објави дека 400 Германци и стотици други државјани на европските земји отпатувале на Блискиот исток за да ѝ се придружат на Исламската држава./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.