Европа
Седум украински војници се убиени на истокот

Седум украински војници ги загубиле животите во последните 24 часа во престрелки меѓу украинските безбедносни сили и рускојазичните милиции на југоистокот од земјата, соопшти во вторникот украинскиот Совет за државна безбедност и одбрана.
„Во последните 24 часа во пукања загинаа седум украински војници, а деветмина се ранети“, се наведува во соопштението на Советот, додавајќи дека станува збор за најголем број жртви во едно деноноќие од почетокот на годината.
Олександр Турчинов, секретар на Советот, во соопштението ги обвини бунтовниците дека наводно користеле тешко вооружување, какво што е забрането со договорот од Минск, Меѓутоа, како што забележува AFP, не навел поединости за околностите во кои загинале украинските војници.
Воениот портпарол, Олександр Мотузјањик, пак, изјавил дека станува збор за поединечни напади по должината на линијата на раздвојувањето на завојуваните страни.
„Непријателот последните 24 часа го засили огнот кон украинските позиции, По целата должина на боиштето се користат минофрлачи со калибар 82 и 120 мм“, изјавил на прес-конференција во Киев.
Веста за новите жртви доаѓа откако ноќта кон вторникот се одржа телефонскиот конференциски разговор во ткн, „Нормандиски формат“, односно челниците на Франција, Германија, Русија и Украина во кој „ја повторија својата определеност за договорот од Минск“ кој предвидува примирје меѓу завојуваните страни во источна Украина и „решителност за неговата целосна и што поскора примена“, соопшти во вторникот Елисејската палата.
Претходно Кремљ објави дека рускиот претседател од украинскиот колега барал „итно престанување на бомбардирањата на населените места во Донбас од страна на украинските сили“.
Од кабинетот на претседателот на Украина соопштија дека четворицата челници ја поддржале идејата за распоредување на полициска мисија на ОБСЕ во областа Донбас, како и зголемување на овластувањата на набљудувачката мисија на оваа европска организација.Ви украинскиот судир од летото 2014 година загинале околу 9.300 луѓе, а повеќе до 1,5 милиони се раселени, според податоците на Обединетите нации./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин