Европа
Семејствата на Германци загинати во несреќата на МН17 планираат да ја тужат Украина
Семејствата на патниците настрадани во уривањето на авионот на „Malaysia Airlines“ во јули над источна Украина, имаат намера да ја тужат државата и нејзиниот претседател за убиство од небрежност во 298 случаи, објавија нивните адвокати во неделата.
Професорот по воздухопловно право Елмар Гиемула, кој ги застапува трите семејства на германски жртви во трагедијата, вели дека врз основа на меѓународното право Украина била обврзана да го затвори својот воздушен простор доколку не можела да го гарантира безбедноста на прелетот.„Секоја држава е одговорна за безбедноста на својот воздушен простор. Доколку тоа привремено не е во состојба да го стори, мора да го затвори својот воздушен простор. Имајќи предвид дека тоа не се случило, Украина е одговорна за настанатата штета“, се истакнува во соопштението на Гиемула.Весникот Bild am Sonntag го пренесува објаснувањето на Гиемула дека со незатворањето на воздушниот простор Украина прифатиле дека животите на стотици невини луѓе ќе бидат уништени и дека тоа претставува кршење на човековите права.Патничкиот авион „Boeing 770“ на малезиската воздухопловна компанија на летот MH17 од Амстердам за Куала Лумпур се урна на 60 километри од уркаинско-руската граница, во областа на Донецк која е под контрола на проруските бунтовници. Две третини од 298-те патници и членови на екипажот беа холандски државјани а четворица германски.Гиемула планира тужбата да ја поднесе пред Европскиот суд за човекови права во рок од две седмици обвинувајќи ја Украина и неговиот претседател Петро Порошенко за убиство од негрижа во 298 случаи. Ќе бара отштета од милион евра по жртва, пишува Bild am Sonntag. Компанијата „Malaysia Airlines“ понуди по пет илјади долари помош за семејствата на секоја жртва, што не влијае на правата на семејствата да бараат отштета./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

