Европа
Северната лига и AfD го поздравија Brexit, се повикува на Frexit и на Nexit
Германската евроскептична партија Алтернатива за Германија (AfD) и италијанската Северна лига (LN) ја поздравија одлуката на Британците за напуштање на Европската унија, челникот на финската евроскептична партија Finns предупреди дека не доаѓа предвид никаква одмазда во идните преговори меѓу Лондон и Брисел, а Марион Марешал Лепен, внуката и сопартијка на Марин Лепен, челничката на француската крајно десна партија Национален фронт (FN), повика „да се мине од Brexit кон Frexit“, односно излегување на Франција од ЕУ.
„Британците ѝ направија голема услуга на Европа со својата суверена одлука“, изјави Беатрикс фон Сторх, втората личност во германската AfD и пратеничка во Европскиот парламент.
Лидерката на AfD, Фрауке Петри истакна дека ја сака „Европа на татковините“ и разгледува други можни излегување од ЕУ доколку таа „не се откаже од своето речиси социјалистичко искуство на интеграции“.
Челникот на евроскептичната опозициска крајно десна италијанска партија Северна лига им честиташе на Британците на изгласувањето излегување од ЕУ и рече дека Италија би требало да биде следната земја која тоа ќе го стори. „Ура за храброста на слободните граѓани! Срцето, главата и гордоста ги победуваат лагите, заканите и уцените. Ти благодариме (Британија), сега е нашиот ред“, напиша Матео Салвини на Facebook.
Финскиот министер за надворешни работи Тимо Соини, лидер на евроскептичната партија Finss, изјави дека мора да се почитуваат резултатите од британскиот референдум додавајќи дека мора да се исклучи можноста од каква и да е „одмазда“ во идните преговори меѓу ЕУ и Велика Британија. „Народот се изјасни. Никаква одмазда не доаѓа предвид“, напиша на интернет страницата на партијата.
Челничката на крајно десниот француски Национален фронт, Марин Лепен, ја поздрави одлуката на Британците, повика на одржување сличен референдум во Франција. „Победа на слободата! Како што барам долги години, ние мораме да спроведеме случен референдум во Франција и во земјите на ЕУ“, напиша на микроблогот Twitter и побра одржување референдум во рок од шест месеци.
Марин Лепен сака да стане „Мадам Фрекзит“. „Европа ќе биде во центарот на следните претседателски избори“ пролетта 2017, напиша.
„Сега е време да ја вратиме демократијата во нашата земја, француските граѓани имаат право на избор“, изјави нејзината внука Марион Марешал Лепен повикувајќи на ткн „Frexit“.
И кандидатот на француската крајна левица на претседателските избори следната година Жан-Лук Мекеншон упати повик за излегување од европските договори и рее дека „Европската унија треба да се менува или да се напушти“.
„Мислам дека ова е крај ЕУ. Нема враќање. ЕУ веќе згасна!“, изјави за AFP холандскиот пратеник од крајната десница Геерт Вилдрес и побара одржува на референдум за „Nexit“, односно холандско излегување од ЕУ.
Видлерс тврди дека во Холандија ќе биде одржан референдум доколку тој стане премиер на изборите март. „Ќе формирам коалиција во којашто ќе постои договор за одржување референдум, ќе владеам со партиите кои се наклонети на таков референдум“, вели челникот на холандската Слободарска партија (PVV).
Португалската комунистичка партија, сојузничка на социјалистичката влада ја поздрави 2победата над стравот, неизбежното, подложноста и катастрофизмот“, и понуди ново оружје на ЕУ проти големиот капитал и големите сили, изјави европратеникот Жоао Фереира.
Данската популистичка партија DF наведе дека е прекрасно што авторите на кампањата за заплашување доживеале удар од сопственото оружје. Лидерот на шведската Лева партија, Јонас и Сјостед и Данската народна партија се залагаат за повторни преговори за „помалку обврзувачка соработка со ЕУ“.
Претседателот на австриската десна партија FPо Хајнц Кристијан Штрахе, побара оставка од претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер и од претседателот на Европскиот парламент Мартина Шулца./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.
Европа
Лавините на француските Алпи убија тројца скијачи
Тројца скијачи загинаа вчера во одделни лавини на француските Алпи, само еден ден откако три други лица загинаа во слични несреќи, објавија локалните медиуми.
Во Ла Плањ, британски државјанин, на возраст од околу 50 години, беше затрупан од снег, објави скијачкиот центар. Француските медиуми објавија дека 52 спасувачи, кучиња-трагачи и хеликоптер биле вклучени во потрагата и дека им биле потребни 50 минути за да пронајдат маж под 2,5 метри снег, но не можеле да го спасат.
Во блискиот Куршевел, лавина затрупала уште едно лице кое било пронајдено мртво во доцните утрински часови, според извештаите.
Регионалниот дневен весник „Le Dauphiné libéré“, исто така, објави за неколку повредени скијачи и сноубордери.
Според извештаите на медиумите кои се повикуваат на планинската полиција, 32-годишен маж загинал во лавина во Валорцин, во близина на швајцарската граница. Тој скијал надвор од стазата кога лавина го исфрлила во дрво, а подоцна им подлегнал на повредите.
Властите повикаа на претпазливост
Еден ден претходно, уште три лица загинаа во истиот регион.
Во неделата беа пријавени неколку лавини низ Савој, што ги натера локалните власти да ги повикаат жителите и туристите да бидат „екстремно внимателни“ и да не излегуваат надвор од назначените скијачки патеки.
Европа
Британски скијач загина во лавина на француските Алпи
Британски скијач загина вчера во лавина во Француските Алпи. Несреќата се случила додека мажот, за кој се верува дека е во педесеттите години, скијал надвор од пистата во популарното одморалиште Ла Плањ, објави Скај њуз.
Обемна операција за спасување
Спасувачките екипи беа повикани на лавината попладнето во 13:57 часот и веднаш се упатија кон местото на настанот во југоисточна Франција. Голем тим од 52 лица, вклучувајќи медицински персонал и инструктори за скијање, беше вклучен во потрагата, а со хеликоптер беше донесено и куче трагач.
И покрај брзата реакција, Англичанецот беше пронајден дури по 50 минути пребарување, закопан под 2,5 метри снег.
Скијал без потребната опрема
Според соопштението од одморалиштето, човекот што починал бил во друштво на група, но не бил опремен со примопредавател за лавина ниту бил придружуван од професионален инструктор. Скијачкиот центар Ла Плањ изрази сочувство до семејството на починатиот.

