Европа
Сјарто: Унгарската полиција беше брутално нападната
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/217879.jpg)
Унгарската полиција во средата беше изложена на брутални напади од територијата на Србија кај граничниот премин Реска, изјави доцна синоќа унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сјарто за унгарската агенција MTI, одговарајќи на критиките на германската министерка за одбрана, Урсула фон дер Лајен и српскиот премиер, Александар Вучиќ.
Според него, ако српската полиција ги спречела нападите врз полицајците, немало да има никакви насилни атаци.Сјарто изјавил дека во бруталните напади на група агресивни мигранти, повредени биле 14 унгарски полицајци, и дека било сосема очигледно дека полицајците се бранеле и ја штителе Унгарија, пренесува унгарската новинска агенција.Агенцијата MTI потсетува дека во интервју за американската телевизија CNN, министерката за одбрана на Германија акцијата на унгарските власти ја квалификувала како неприфатлива. Вучиќ, пак, изјави дека постапувањето со мигрантите на границата меѓу две земји било брутално и неевропско и ја повика ЕУ да реагира.Тој ја повика Унгарија да се воздржи од употреба на солзавец на територијата на Србија./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Ќе се урива облакодерот во Лондон во кој во пожар загинаа 72 луѓе
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/zaginati-london.jpg)
Лондонската кула „Гренфел“, која беше зафатена од пламен пред повеќе од седум години во катастрофа, во која загинаа 72 лица, ќе биде урната, соопштија денеска ожалостените семејства и преживеаните.
Пожар ја зафати 23-катницата за социјални станови во една од најбогатите населби во Лондон во раните утрински часови на 14 јуни 2017 година. Тоа беше најсмртоносниот пожар на станбена зграда во Британија од Втората светска војна.
Групата Grenfell Next of Kin (GNK), која ги застапува роднините на речиси половина од загинатите, соопшти дека британската вицепремиерка Ангела Рајнер одлуката за уривање на зградата им ја соопштила на семејствата и на преживеаните на синоќешниот состанок.
Уривањето на кулата, која сè уште стои и е покриена со заштитна фолија, ќе почне дури по осмата годишнина од трагедијата во јуни оваа година, велат семејствата.
Во јавната истрага за пожарот, за катастрофата обвинети се пропустите на владата, градежната индустрија и најзначајно – компаниите вклучени во монтирање на надворешноста со запалива обвивка. Неколкумина преживеани и семејствата веруваат дека каква било кривична постапка е одложена поради истрагата.
Европа
Путин го разреши генералниот директор на „Роскосмос“
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-103256.jpg)
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Јуриј Борисов од функцијата генерален директор на „Телеграм“ на Кремљ.
Одлуката за смена на шефот на руската државна корпорација за вселенски активности стапува во сила денеска, пренесува ТАСС. Пред неговото именување во „Роскосмос“, 39-годишниот Баканов работел во Министерството за транспорт како заменик-министер.
На оваа позиција тој беше особено вклучен во прашањата за иновациите, вклучувајќи го и беспилотниот транспорт, соопшти агенцијата.
Пред да му се приклучи на руското Министерство за транспорт, Баканов беше на чело на сателитскиот систем „Гонец“ од 2011 до 2019 година.
Руското Министерство за транспорт соопшти дека му честитало на Баканов за неговото назначување и му посакало континуиран успех на новата функција. Борисов беше на чело на „Роскосмос“ од 2022 година кога го замени Дмитриј Рогозин.
Пред неговото именување, тој работеше како вицепремиер на Руската Федерација надгледувајќи го технолошко-одбранбениот комплекс, а пред тоа беше заменик-министер за одбрана на Русија, јави ТАСС.
Европа
Планот на Трамп да стави крај на војната во Украина набргу ќе биде откриен, познати првите детали
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-075123.jpg)
Блумберг објави дека Кит Келог, специјалниот пратеник на американскиот претседател за Украина и Русија, потврдил дека следната недела во Минхен ќе го претстави планот на Трамп за мир во Украина. Келог ќе учествува на безбедносна конференција во Германија и таму ќе ги претстави главните точки на предлогот.
Во објава на социјалните мрежи во вторникот, Келог напиша дека целта на Трамп да стави крај на крвавата и скапа војна во Украина ќе биде тема во Минхен. Тој додаде дека таму ќе се сретне со американските сојузници кои се подготвени да соработуваат со нив.
Pleased to announce my participation @MunSecConf 2025. As @POTUS's Special Envoy for Russia & Ukraine, I look forward to speaking about @realdonaldtrump's goal to end the bloody and costly war in Ukraine. I’ll meet with America’s allies who are ready to work with us. #MSC2025 pic.twitter.com/GLUhgI46H7
— Gen. Keith Kellogg (@SPE_Kellogg) February 4, 2025
За време на неговата претседателска кампања, Трамп вети дека ќе стави крај на руско-украинската војна „во рок од 24 часа“ по преземањето на функцијата, или дури и пред да стане претседател. Поминаа речиси три недели откако положи заклетва како 47-ми претседател на САД.
Конференцијата во Минхен ќе се одржи од 14 до 16 февруари, а потоа се очекува да бидат објавени и детали за планот на Трамп, пишува Блумберг.
Според Радио Слободна Европа, планот на Трамп би можел да вклучи замрзнување на конфликтот и оставање на териториите окупирани од Русија „во неизвесност“, додека Украина ќе добие безбедносни гаранции. Но, не е јасно како би изгледале тие гаранции.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вчерашното видео обраќање рече дека неговата администрација во последните денови ги интензивирала контактите со Вашингтон во врска со можните мировни преговори.
We continue working on sanctions against Russia, targeting those who help finance its war against Ukraine. Today, I discussed this with the UK Foreign Secretary during his visit to Ukraine.
It is crucial to keep pressuring Putin’s shadow tanker fleet, which moves oil around the… pic.twitter.com/hLr2AMPTqx
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 5, 2025
„Имаме значително интензивирана комуникација со американската администрација. Имаме и многу интензивни разговори со другите партнери. На Украина и треба вистински, траен и гарантиран мир и средства за да се осигура дека Русија секогаш знае што ги чека оние што сакаат да и нанесат штета на Украина. Отворени сме за силна дипломатија и сега подготвуваме токму таква дипломатија. И за ова ни е потребна издржливоста на нашите војници, ефикасноста на нашата армија и нејзината модернизација“, рече Зеленски.