Контакт

Европа

Шкотска меѓу минатото и иднината, Британија на работ на распад

Објавено пред

Жителите на Шкотска се подготвени да одговорат на најглавното прашање во последните 307 години за својата татковина – дали таа треба да биде независна од Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Доколку поголемиот дел од избирачите во Шкотска во четвртокот се изјаснат за независноста, на 24-ти март 2016 година земјата ќе излезе од Обединетото Кралство. И последните анкети не дадоа јасна претстава за можниот исход на гласањето, и најверојатно ќе го одлучат оние коишто во последен момент ќе се одлучат. Главната движечка сила во организирањето на референдумот и барањето позитивен одговор на референдумското прашање се националистите, коишто со популистички пароли веруваат просперитет за независна Шкотска за сметка на експлоатацијата на енергенси и пренасочување на сите даноци во домашниот буџет.Според последните податоци, 4.285.323 избирачи се регистрирани за гласање на референдумот за независност во четвртокот што претставува околу 97 отсто од населението со над 16-годишна возраст. Референдумот е отворен за оние кои имаат 16 и повеќе години и живеат во Шкотска. На гласачкото ливче ќе се наоѓа прашањето „Треба ли Шкотска да биде независна земја?“, а гласачите ќе треба да го пречкртаат едниот од двата понуден одговора Да или Не. Шкотска ќе прогласи независност доколку на прашањето позитивно одговорат 51 отсто од лицата кои излегле на референдумот.Избирачките места се отворени од 7 часот по локално време (8 часот по македонско) во сите 32 административни региони и ќе бидат отворени до 22 часот по локално време. Околу 700 илјади луѓе веќе гласаа по пошта пополнувајќи го избирачкото ливче уште кон крајот на август.Минималната возраст за учество на гласањето предизвика контроверзии во Шкотска. Поддржувачите на унионистичката струја сметаат дека шкотските власти намерно дозволија да гласат и 16-годишници, имајќи предвид дека тинејџерите традиционално имаат порадикални ставови и се залагаат за независност. Локалните медиуми известуваа за случаи на лажна регистрација за учество во референдумот дури и на тригодишни деца, особено во регионите каде што е силно поддржана идејата за независност. Истовремено, право на учество на референдумот имаат само оние кои се постојано населени во Шкотска. Шкотите и ситен оние коишто имаат шкотски корени, но не живеат во земјата нема да можат да се изјаснат. Неколку славни личности се обидоа да добијат право на глас купувајќи домови во Шкотска, но сепак беа одбиени со образложение дека место на нивниот постојан престој и натаму се САД или Англија.Како што се очекува, првите прелиминарни резултати од референдумот за поголемиот дел од регионите на Шкотска ќе бидат познати во петок околу 8 часот по македонско време. Резултатите од пребројувањето на гласовите од одредени избирачки единици ќе започне веднаш по завршувањето на гласовите, но во бројни области пребројувањето може да биде отежнато поради лошите временски услови и немоќноста изборниот материјал да биде доставен до комисиите за кусо време. Комисијата за спроведување на референдумот признава дека не може да ја каже приближната временска рамка за броењето и објавувањето на резултатите, бидејќи досега нема искуство со референдум.Претставниците на кампањите на поборниците за независност и на нејзините противници, соопштија дека ќе го прифатат секој исход од гласањето и оти не се сомневаат дека пребројувањето на гласовите ќе биде коректно. „Каков и да е исходот од гласањето, резултатите од него треба да се уважат. По повеќе од две години кампања време е да се направи изборот и Шкотска да се насочи напред на патот на просперитетот“, изјавија од штабот на кампањата Better Together на унионистите.„Политичарите мора да покажат мудрост… во јавните изјави. Референдумот претставува празник за шкотската демократија и важно е да се фокусираме на дискусиите“, изјавија во својот одговор претставниците на кампањата за отцепување Yes.Истовремено од комисијата за спроведување на референдумот уверуваат дека секој ќе може да го даде својот глас. „Нема да има никакви пречки. Сакаме да биде почитуван гласот на секого. Нема никаква загриженост за регуларноста на референдумот и пребројувањето на гласовите. Секој што ќе сака да гласа ќе ласа“, изјави за медиумите шефицата на комисијата Мери Питкајтли.Полицијата, исто така, не очекува нарушување на мирот и безбедноста по референдумот, но истакна дека нејзините сили се ставени во состојба на зголемена активност и се подготвени да одговорат на сите предизвици.Шкотска, којашто до 1707 година се наоѓаше во законски оформена унија со Англија, доби ограничена автономија во рамките на процесот на децентрализација во 1997 година. Од 1999 година Шкотска доби и свој парламент и извршна власт, а токму премиерот Алекс Салмонд е предводник на кампањата за независност. Сепак, нивните овластувања се ограничени главно на прашањата за образованието, културата, здравството, транспортот и екологијата . Шкотска, исто така, традиционално има сопствен судски систем.Последните истражувања на јавното мнение покажуваат дека поборниците и противниците на шкотската самостојност се во мртва трка што ја доведува Велика Британија на работ од распадот. Победата на поборниците на независноста ќе доведе до создавање две нови држави, со нов, и имајќи ја предвид долгата заедничка историја, за нив необичен идентитет. Влогот е голем и политичките челници во Лондон последните денови стануваа сѐ понервозни откако последните седмици се топеше убедливата предност на унионистите. „Силно сум изненаден од она што се случи последните четири или пет седмици, искрено не можам да предвидам што ќе се случи“, изјави Питер Келнер, првиот човек на аенциаја за испитување на јавното мнение YouGov.На почетокот на август унионистите имаа предност од 22 отсто во анкетите. Десет дена пред референдумот националистите го изедначија тој резултат и дури неколку денови беа во водство од 2-процентни поена. Големиот пораст на поддршката на опцијата „за“ речиси еднодушно му се припишува на тоа што шкотскиот премиер Алекс Салмонд успеа да ги неутрализира стравувањето од иднината на шкотската економија надвор од британската заедница. Шкотска се надева, исто така, дека и по излегувањето од Велика Британија, ќе остане членка на ЕУ, НАТО и ОН и нема да мора да бара нови приеми. Салмонд, кој е најголемиот поборник на независноста, изјави дека неговата кампања доживеала „процут на националната самодоверба“ и покрај „недното ширење на стравови“ од унионистичкиот табор.Една од најголемите дебати се водеше околу фунтата, Во февруари трите водечки британски партии издадоа заедничко соопштението дена нема да има монетарна унија со независна Шкотска, иако Салмонд тоа го посакува. „И покрај таа изјава, беше раширено чувството, особено во таборот ‘за’ дека блефираат. А бројот на оние коишто така мислат во меѓувреме се зголеми“, изјави политикологот од универзитетот во Глазгов, Џон Кертис.Откако анкетите минатата седмица покажаа дека исходот од референдумот ќе зависи од нијанси, британскиот премиер Дејвид Камерон лично дојде во кампања во Шкотска. Британските партии покажаа ретко единство објавувајќи го планот за давање поголеми овластувања на шкотскиот парламент, доколку избирачите на референдумот го заокружат одговорот „Не“. Овој потег главно беше доживеан како знак на паника и очај во Вестминстер. Британската влада неколкупати повтори дека има план „Б“ доколку надвладеат гласовите „За“, очигледно верувајќи дека Шкотите се понаклонети да го изберат „лошото што го познаваат“, отколку „неизвесноста што им ја носи независноста“. Меѓутоа, последните денови сѐ повеќе се правеа анализи за последиците што шкотското заминување од Велика Британија би значело за Англија, Велс и северна Ирска. „Доколку Шкотска гласа ‘за’, британската политичка сложувалка ќе биде фрлена високо во воздух и никој нема да знае како деловите од неа ќе паднат“, вели политикологот Кертис.Една од првите жртви, веројатно, ќе биде премиерот Камерон лично. И покрај тоа што вели дека и во непосакуван по Лондон исход од референдумот, тој нема да поднесе оставка, ќе биде многу тешко да остане лидер на партијата која официјално се нарекува Конзевативна и унионистичка, доколку Велика Британија остане без третина од копното и десетина од населението. Уште поважно е што шкотската независност би ја турнало Британија во деценија политичка и економска несабилност.„За Англија тоа прво ќе претставува страшно страшно понижување, страшно губење на довербата, и дома и во странство. Второ, Британија десет години ќе биде свртена кон себеси. Ќе трошиме време на расправи за ситни внатрешни аранжмани, валутата, долгот, граничната контрола… во време кога би требало да гледаме кон светот“, вели Рори Стјуард, Шкот кој застапува една изборна единица во Вестминстер./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“

Објавено пред

Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.

dobivaj vesti na viber

Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.

Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.

Прикажи повеќе...

Европа

Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта

Објавено пред

Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.

dobivaj vesti na viber

Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.

И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.

Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.

Прикажи повеќе...

Европа

Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури

Објавено пред

Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.

dobivaj vesti na viber

Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.

Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.

Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.

Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.

Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија2 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура3 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија4 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија4 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија6 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија7 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет8 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет8 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет8 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа9 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија17 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет21 час

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет22 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...