Европа
Словачка ги одбива квотите, бара заеднички средноевропски пристап за кризата

Словачка се надева дека е можно да се договори заеднички пристап со другите средноевропски земји во однос на бегалската криза која ја зафати Европа, а којашто би подразбирала одбивање секакви квоти за прераспределба на мигрантите, изјави во понеделникот премерот Роберт Фицо.
Словачкиот премиер потврди дека во петок и во недела во чешката престолнина Прага ќе се со сретне со колегите од Чешка, Унгарија и Полска за да разговараа за кризата со бегалците.
Унгарија, којашто е во Шенгенската зона, стана магнет за десетици илјади мигранти од Блискиот исток и другите земји зафатени со војна и сиромаштија кои преку Балканот се обидуваат да дојдат до западна Европа.
Средноевропската земји го одбија предлогот на Брисел за задолжителните квоти во врска со приливот на лица кои барат азил а преку Средоземјето доаѓаат од Грција и Италија Францускиот претседател Франсоа Оланд нивниот пристап го оцени како скандалозен, , меѓутоа словачкиот премиер Роберт Фицо е решителен во неприфаќањето на квотите.
„Силно отфрламе секакви квоти (…) а доколку се усвои механизам за автоматско прераспределување на мигрантите, тогаш еден дена ќе се разбудиме и ќе имаме 100.000 луѓе од арапскиот свет, а тоа е проблем кој не би сакал Словачка да го има“, рече Фицо.
Изрази подготвеност неговата земја во рамките на своите можности да стори се што е потребно да им се даде помош на луѓето на коишто навистина им е потребна, како и да бидат раздвоени од економските мигранти. Фицо смета дека Европа треба да се концентрира на решавањето на причините за кризата со мигрантите и порача дека траба да се „престане со дестабилизацијата на Сирија“./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Макрон: Нема разговори за прекин на воената помош за Украина за време на прекинот на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон јасно стави до знаење дека Франција нема да се согласи да ја суспендира воената помош за Украина, дури ни за време на евентуално 30-дневно примирје.
„Нема предуслови. Испораките на оружје за одбрана и отпор на Украина нема да престанат“, рече Макрон, обраќајќи се до претседателот Володимир Зеленски.
Тој додаде дека доколку Русија не се придржува до предложеното примирје, таа мора да ги сноси последиците. „Во тој случај, ќе следат нови, посилни санкции и дополнителна поддршка за Украина. Треба да подготвиме нов пакет санкции – тоа не смее да биде рутинска мерка, туку нешто многу порешително“, нагласи тој.
Макрон претходно беше прашан што ќе сторат Украина и нејзините сојузници доколку Русија побара прекин на воената помош како услов за прекин на огнот. Кремљ повеќе пати ја отфрли идејата за едномесечно примирје, тврдејќи дека Западот ќе го искористи за дополнително вооружување на Украина.
Европа
Кремљ: Изјавите на европските земји се контрадикторни и конфронтирачки

Кремљ ги обвини европските земји за давање контрадикторни и конфронтирачки изјави, објави новинската агенција Интерфакс, откако европските лидери го поддржаа американскиот план за 30-дневен прекин на огнот во Украина и ѝ се заканија на Русија со „масовни“ санкции доколку не го почитува договорот.
„Слушаме многу контрадикторни изјави од Европа. Тие генерално се од конфронтациска природа и не се насочени кон обид за обновување на нашите односи. Ништо повеќе од тоа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, според Интерфакс.
Европа
Зеленски: Имаме добар договор со Америка, помошта не запира

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев и САД постигнале „многу добар договор“ за продолжување на воената соработка. „Можеме да сметаме на американска поддршка, не само од владата, туку и од приватниот сектор“, рече тој.
Тој особено ја истакна улогата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Трамп не ја запре испораката на воена помош или размената на разузнавачки информации, што е клучно за одбраната на нашето небо. Тој не ги укина санкциите против Русија. Веруваме дека тој ќе продолжи да ја поддржува Украина.“