Европа
Словачката полиција приведе 60 луѓе на протестите против имигрантските квоти
Словачката полиција во саботата попладнето привела 60 учесници на протестите против квотите за имигрантите во главниот град Братислава, откако поголема група оштетила полициски возила и нападнала гледачи на велосипедска трка.
Протесната поворка беше организирана преку социјалните мрежи против предлогот на Европската унија за националните квоти како начин за решавање на енормно зголемениот и несопирлив прилив на имигранти од Блискиот исток и Африка во земјите од ЕУ.
Словачка, и неколку други членки на ЕУ, како Франција, Унгарија и Полска, се спротиставуваат на овој план на Брисел, според кој 40-те илјади бегалци кои во моментов се наоѓаат во Италија, треба да се распоредат во земјите од Европската унија. Квотата за Словачка, којашто има 5,5 милиони жители и ниска стапка на миграција, би изнесувала 785 луѓе.
Демонстрантите, исто така, извикувале слогани и против исламизацијата на Европа и против диктатот на Брисел.
Околу триста неонацисти, според агенциите, на централниот плоштад во Братислава протестирале и против имигрантите, НАТО и ромите. Биле чувани од неколку десетици припадници на интервентната полиција, додека извикувале пароли против европските квоти за прифаќање на имигрантите, против незаситноста на Европа и за „Словачка на Словаците“.
Словачките медиуми различно го проценуваат бројот на собраните во саботата демонстранти, наведувајќи дека ги имало од неколку стотици па до 10 илјади.
„Уапсени се повеќе од 20 хулигани. Полицијата блокираше неколку улици кои водат во Градот (замокот во центарот на Братислава –з.м.). По завршувањето на протестот пред палатата на владата на републиката натаму се упатиле неколку групи демонстрантите, кои се осомничени за хулигантство“, изјави на прес-конференција портпаролката на братиславската полиција Татјана Куруцова.
Поради активностите на радикалните групи и нападот врз гледачите беше прекината меѓународната велосипедска трка World City Downhill Tourво центарот на словачката престолнина. Највоинствените демонстранти ги кршеле заштитните огради и предизвикале инциденти со гледачите, пренесуваат медиумите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

