Европа
Шпанија: Социјалистите победија на изборите во Андалузија
Шпанската социјалистичка партија PSOE освои најмногу гласови на изборите во најнаселениот шпански регион Андалузија, погодена од големата стапка на невработеност и кризата, но за формирање на власта им недостигаат осум гласови, па најверојатно е дека со југот на Шпанија ќе управуваат како малцинска влада.
Партијата на левиот центар PSOE освои 47 од 109 места во парламентот на Андалузија, а истиот резултат го оствари и на последните избори пред три години. Меѓутоа, за да ги достигне 55-те места потребни за апсолутно мнозинство, ѝ се потребни пратениците на политичките дебитанти на шпанската политичка сцена движењето Podemos (Можеме), инспирирано од успехот на грчката радикална левица Сириза, или на Ciudadanos (Граѓани), кои одбиваат да коалицираат со пораката дека „двопартизмот во Шпанија е мртов“.
Инаку PSOE управува со Андалузија во последните 33 години, а најголем губитник од неделните избори е конзервативната Народна партија на премиерот Маријано Рахој, која владее на национално ниво. Таа на регионалните парламентарни избори доби 33 пратеници, 13 помалку отколку што имаше во минатиот состав.
Андалузија, каде што поради острите мерки за штедење секој трет жител е без работа, претставуваше прв голем тест за новоформираните партии кои се во подем и го разбиваат речиси 40 години стариот двопартизам во Шпанија. Народната партија и PSOE се сменуваат на власта од 1978 година кога во Шпанија е воведена демократијата.
Подемос освои 15 пратенички места, односно од околу 4 милиони гласачи, 560.000 го дале гласот за партијата којашто повикува на укинување на мерките за штедење и преговори со Брисел, по примерот на Сириза која на крајот од јануари победи на предвремените парламентарни избори во Грција.
„Ќе го отворам патот за одење. Ви благодарам на вас во Андалузија кои го направивте првиот чекор. Продолжуваме“, порача Пабло Иглесиас, челник на Подемос кој настана од движењето на огорчените граѓани (индигнадос) пред едена година.
Другата нова партија, Ciudadanos (Граѓани), формирана во Каталонија како либерална групација спротиставена на каталонскиот сепаратизам, освои 9 места во парламентот на Андалузија. И тие го одбиваат коалицирањето со PSOE. Нивниот лидер Алберт Ривера порача дека „Нема да бидеме во владата на Андалузија, бидејќи не победивме на изборите и истовремено порача дека двопартизмот во Шпанија завршил. Сепак од оваа партија, која нема јасна идеологија, на почетокот од март порачаа дека се за соработка, а не за политичка конфронтација.
Социјалистите од PSOE најверојатно ќе се свртат во формирањето влада на Андалузија кон радикалната Обединета левица, на којашто ѝ е оставен простор за коалицирање со освоените 5 места. Претседателката на Андалузија од PSOE, Сузана Дијаз, претходно порача дека не доаѓа предвид да се коалицира со антисемитската партија Подемос и со конзервативната Народна партија.
Меѓутоа, изборите во Андалузија покажаа дека економската криза донесе расцепканост на шпанската политичка сцена, како и дека низ земјата може да се добијат нестабилни регионални влади. Изборите во другите региони и градови ќе се одржат на 24-ти мај, додека североисточниот регион Каталонија, каде што се залагаат за самостојност, ќе избира на 27-ми септември.
Централната влада на Шпанија, чијашто економска програма за заздравување наите на пофалби од Брисел, сега мора да ги убеди инвеститорите дека зацртани темерки нема да бидат отфрлени. Меѓутоа, и премиерот Рахој е пред големо искушение, имајќи предвид дека кон крајот на годината ќе се одржат и парламентарните избори на национално ниво./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Дали ЕУ експресно добива нова членка? Политико: Референдум уште на лето
Исланд ја разгледува можноста за одржување гласање за рестартирање на преговорите за членство во ЕУ уште во август, според два извори запознаени со подготовките за пристапување на земјата.
Оваа вест доаѓа во време кога проширувањето на ЕУ се чини дека повторно добива на интензитет, додека Брисел работи на план што би можел да ѝ донесе на Украина делумно членство уште следната година, а Црна Гора, како водечки кандидат, минатиот месец затвори уште едно преговарачко поглавје, пишува Политико.
Владејачката коалиција во Рејкјавик вети дека ќе одржи референдум за продолжување на преговорите за пристапување, кои претходната влада ги замрзна во 2013 година, до 2027 година.
Сепак, временската рамка се чини дека се забрзува поради геополитичките превирања, одлуката на Вашингтон да воведе царини за Исланд и заканата на американскиот претседател Доналд Трамп да го анектира Гренланд.
Се очекува исландскиот парламент да го објави датумот на гласањето во следните неколку недели, според изворите, кои зборуваа под услов на анонимност. Овој потег следеше по серија посети на европски политичари на Исланд и исландски претставници на Брисел.
Доколку Исланѓаните гласаат „за“, тие би можеле да се приклучат кон ЕУ пред која било друга земја-кандидатка, рече еден од испитаниците.
„Дебатата за проширувањето се менува“, изјави за Политико комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, која се сретна со исландската министерка за надворешни работи, Торгердур Катрин Гунарсдотир, минатиот месец во Брисел.
„Сè повеќе станува збор за безбедност, припадност и зачувување на нашата способност да дејствуваме во свет каде што се натпреваруваат различни сфери на влијание. Тоа е прашање за сите Европејци.“
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се сретна со исландската премиерка, Криструн Фростадотир, во Брисел минатиот месец и рече дека нивното партнерство „нуди стабилност и предвидливост во нестабилен свет“.
Фон дер Лајен, која го посети Исланд минатиот јули, ја пофали земјата за зајакнување на соработката со ЕУ за време на состанокот на Нордискиот совет во Стокхолм минатата есен и планира нова посета на арктичкиот регион во март.
Европа
(Видео) Вилијам и Кејт го игнорираа прашањето што им беше поставено на БАФТА наградите
Принцот Вилијам и Кејт, принцезата од Велс, пристигнаа на доделувањето на наградите БАФТА во лондонската Кралска фестивалска сала во неделата вечерта, но нивното пристигнување имаше свои подеми и падови. Тие пристигнаа на црвениот тепих само три дена откако се појави веста дека Ендру Маунтбатен Виндзор е уапсен во Сандрингам, на неговиот 66-ти роденден.
За таа пригода, 43-годишниот Вилијам избра бордо кадифено сако, додека 44-годишната Кејт носеше долг, лелеав розов фустан. Организаторите го затворија црвениот тепих за да ѝ дозволат на двојката да влезе без други луѓе, но еден извик сепак одекна.
Prince William, BAFTA President since 2010, and Catherine, Princess of Wales arrive at the 2026 #BAFTAs. See all the red carpet looks: https://t.co/eLm0bmsH9f pic.twitter.com/0y1ymR9AT5
— VANITY FAIR (@VanityFair) February 22, 2026
Во еден момент, некој од публиката директно ги праша: „Дали монархијата е во опасност?“ Вилијам и Кејт не реагираа, само продолжија според протоколот.
Ова беше нивното прво заедничко појавување на БАФТА наградите по три години. Последен пат се појавија на црвениот тепих заедно во 2023 година. Вилијам дојде сам во 2024 година, а потоа рече дека неговата сопруга не може да му се придружи бидејќи се опоравува од лекување од рак. Минатата година, тие го пропуштија доделувањето на наградата, па нивното појавување во неделата го привлече вниманието на многумина.
Европа
Се состануваат европските министри: главна тема: Виктор Орбан
Во Брисел денеска се одржува состанок на Советот за надворешни работи на Европската Унија, во сенка на блокирањето од страна на Унгарија на заем од 90 милијарди евра за Украина. Клучниот состанок и неговите импликации се главна тема на денешното политичко известување од срцето на ЕУ, објавува „Еуроњуз“.
Виктор Орбан вчера изјави дека Унгарија нема да ги продолжи испораките на дизел од Унгарија во Украина сè додека, како што изјави, Унгарија не добие пратки нафта преку Украина и дека ќе ја блокира европската помош за Украина во вредност од 90 милиони евра.
Друга важна тема на Советот е одлуката на Врховниот суд на САД за укинување на царините што ги воведе Доналд Трамп и како Европската Унија ќе одговори на нив. ЕУ веќе ги осуди новите американски царини и ги повика САД да го почитуваат веќе воспоставениот трговски договор.

