Европа
Шпански министер поднесе оставка заради „Панамските документи“

Шпанскиот министер за индустрија, енергетика и туризам, Хосе Mануел Сориа, поднесе во петок оставка по полемиката што настана во Шпанија околу неговата наводна вклученост во ‘офшор’ компании откако беа објавени „Панамските документи“.
Телевизиската станица La Sexta и интернет весникот El Confidencial информираа во понеделник дека името на министерот се појавува во документацијата на панамската канцеларија Mossack Fonseca, каде што бил наведен како управител на компанијата UK Lines Limited, регистрирана на Бахамите и затворена во март 1995 година.Сориа потоа свика прес конференција и ја демантираше поврзаноста со таа компанија, како и со било какво даночно засолниште на Бахамите, Панама или на друго место во светот.Дневниот весник El Mundo објави во четврток дека Сориа и неговиот брат користеле една компанија во Џерси, остров меѓу Франција и Англија, од 1993 до 2002 година, кога тој беше градоначалник на Лас Палмас. Објавен е документ со негов потпис. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Германскиот министер за одбрана: Разговорот Трамп – Путин беше неуспешен

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикува телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го промашен.
Писториус овие изјави ги даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно голем телефонски повик“, рече Писториус.
„Путин игра игра овде и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може долго да остане пасивен“, рече тој. Писториус исто така изјави дека ќе дојде време кога Трамп „ќе реагира, ќе мора да реагира“ за да ги зачува „силата и престижот“ на САД.
Разговорот меѓу Трамп и Путин се одржа синоќа и не резултира со целосен 30-дневен прекин на огнот, како што предложија Американците. Сепак, Путин се согласи на привремена пауза во нападите врз енергетската инфраструктура. На тоа се согласи и Киев. Но, денеска веќе се случија напади од двете страни.
Германскиот министер Писториус рече дека е грешка да се исклучи Европа од разговорите меѓу Трамп и Путин бидејќи „на крајот, мирот, ако дојде, мора да биде обезбеден и на европска почва“.
Трамп го пофали разговорот со Путин како многу добар и продуктивен.
Европа
(Видео) Украинците објавија снимка од напад: „Значи, вака изгледа паузата на Путин во нападите?“

Русија синоќа изврши напад со дрон врз електроенергетскиот систем што ја напојува железницата во регионот Днепропетровск во централна Украина, соопшти украинската државна железничка компанија „Укржализиница“.
Делови од железничката мрежа останаа без струја, но сообраќајот не беше во застој, додаваат тие. Откога службите за итни случаи пристигнаа на местото на нападот, Русија го изведе вториот напад познат како double-tap – двоен напад, велат од „Укржализиница“ додавајќи дека нема жртви.
So this is what “an immediate ceasefire on all energy and infrastructure” looks like?
At 1:20 AM, Russia struck @Ukrzaliznytsia‘ energy facilities in Dnipro region—twice, even as firefighters and a rescue train worked. Some railway sections lost power, but trains keep running. pic.twitter.com/yuxODT2iBP
— Ukrainian railways || Укрзалізниця (@Ukrzaliznytsia) March 19, 2025
„Значи, вака изгледа пауза во нападите врз енергетската инфраструктура“, додаваат, алудирајќи на вчерашниот договор на рускиот претседател Владимир Путин да ги запре нападите врз украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Кремљ објави дека Путин се согласил на ограничен прекин на огнот и веднаш издал наредба до војската да престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура на 30 дена.
Европа
(Видео) Русија гранатира болница во Украина, спасувачките служби ги евакуираат пациентите

Руски напад врз болница во североисточниот украински регион Суми принуди евакуација на 147 пациенти, вклучително и девет лица со ограничена подвижност, соопштија украинските власти.
Снимките објавени од Државната служба за итни случаи на Украина во Суми покажуваат оштетена медицинска установа и моментот кога пациентите се евакуирани од погодената зграда. Спасувачките екипи бргу реагираа и го изгаснаа пожарот што избувна по нападот.
Во експлозијата е оштетен и блискиот детски медицински центар, но нема повредени. Во меѓувреме, Русија објави дека нејзините сили ја презеле контролата врз четири населени места во регионот Курск, а Москва продолжува да се обидува да ги потисне украинските трупи, кои држат значителен дел од територијата во регионот по упадот во август минатата година.
Украинските власти претходно објавија дека борбите во регионот Курск сè уште траат, особено во Суџа и околните области.