Европа
Шпанските социјалисти ќе гласаат против Јункер и Кањете
Генералниот секретар на шпанската Социјалистичка партија (PSOE), Педро Санчез, најави дека шпанските социјалисти во Европскиот парламент ќе гласаат против Комисијата на претседателот Жан-Клод Јункер, во која Шпанија е претставена од централно-десничарскиот политичар Мигел Ариас Кањете, пишува Euractiv.
Во интервју за шпанската државна телевизија TVE, Санчез изрази разочарување и негодување од очекуваните економски политики на новиот тим на Јункер.
„Нема да гласаме за нив“, рече Санчез, чија партија има 14 европратеници од редовите на Алијансата на социјалистите и демократите (S&D).
На назначувањата на еврокомесарите во новиот тим на Комисијата од страна на Јункер на 10-ти септември, шпанската Социјалистичка партија гледа како на давање поддршка на мерките за штедење, и смета дека социјалните аспекти и економските политики за вработување се занемарени.
Санчез изјавил дека тие очекувале многу повеќе во полза на земјите како Шпанија, која се соочува со висока стапка на невработеност.
„Европските политики треба да фаворизираат создавање работни места и треба да се напуштат мерките на штедење, кои досега ни направија огромна штета“, рекол Санчез.
Во однос на номинацијата на Кањете за еврокомесар за енергетика и климатски промени, Санчез изјавил дека шпанскиот кандидат претходно не остварил голем успех како министер за земјоделство, бидејќи не успеал да промовира еколошка политика.
Кањете е еден од најконтроверзните кандидати за еврокомесари во тимот на Јункер, а се очекува да добие замерки од Европскиот парламент и поради сексистичките коментари кои ги направил за време на европската изборна кампања./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин: Руските војници импресивно се борат во Курск
Рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со вршителот на должноста гувернер на областа Курск, Александар Хинштајн, рече дека единиците на руските вооружени сили во регионот Курск се борат „импресивно, ефикасно и храбро“.
За време на средбата, Хинштајн му го претставил на Путин барањето на руската 155-та поморска бригада да добие почесно име по Курск. Путин потоа нагласи дека сите војници кои се борат во областа Курск ќе бидат соодветно одликувани.
„Навистина, маринците од Далечниот Исток се борат импресивно, ефикасно и храбро. На ист начин, и маринците од 810-та бригада на Црноморската флота, падобранците на 106-та дивизија, 76-та дивизија и многу други единици се борат на овој дел од фронтот, а сите ќе бидат пригодно одликувани“, најави Путин.
Путин нагласи дека барањето на 155-та морнаричка бригада ќе биде исполнето. „Со зборови на благодарност за се што прават за татковината“, додаде тој.
Украинските сили ја нападнаа областа Курск на почетокот на август минатата година и окупираа 400 квадратни километри територија во регионот. Во почетокот на ноември, руските сили започнаа голем контранапад.
Европа
(Видео) Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите
Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата за производство на салами Ровањати, јавија италијанските медиуми.
Околностите за несреќата засега се нејасни, но познато е дека густата магла ја покрила областа во моментот кога хеликоптерот се урнал на земјиште во сопственост на семејството Ровањати.
VIDEO: Helicopter crashed in Parma, Italy, inside The property of the Castelguelfo castle https://t.co/P0chmMgBUx pic.twitter.com/1OE1Yqixsq
— Cedar News (@cedar_news) February 5, 2025
Според агенцијата Анса и дневниот весник Ла Стампа, една од трите жртви е 41-годишниот Лоренцо Ровањати, кој ја водел компанијата заедно со неговиот брат Феручи.
Компанијата вработува, според нивната веб-страница, повеќе од илјада луѓе ширум светот и има филијали во Белгија, Франција, Германија и САД.
Европа
(Видео) Маскирани лица пукаа со „калашникови“ во близина на метрото во Брисел, во тек е голема потрага
Белгиската полиција трага по вооружени лица кога беше пријавено пукање во една од метро-станиците во белгискиот главен град.
На снимката од надзорните камери се гледаат најмалку двајца мажи, кои носат фантомки и пукаат од пушки од типот „калашников“ на влезот од станицата Клемансо во Брисел во раните утрински часови.
Федералната полиција, како и железничката полиција и други единици, повикаа засилување во областа.
La vermine gangrène #Bruxelles. Le Gouvernement Arizona va prendre les mesures pour nettoyer les rues. Ce sont les bandes criminelles et les racailles qui doivent avoir peur. Vous n’aurez pas une seconde repos.
Pendant ce temps, certains estiment ne pas devoir faire un… pic.twitter.com/z3VmRdO30y— Georges-L BOUCHEZ (@GLBouchez) February 5, 2025
Според првичните информации, нема повредени.
Портпаролката на бриселската полиција, Сара Фредерикс, рече дека осомничените побегнале во метро-станицата и можеби сѐ уште се во тунелите на метрото.
Таа додаде дека во престрелката нема повредени. Локалната полиција и федералната железничка полиција ја пребаруваат областа.
Станицата Клеменсо е затворена, како и блиската станица Брисел-Миди, која служи и како терминал за возовите на „Евростар“.