Европа
Spiegel го објави името на осомничениот стрелец од Минхен
Осомничениот за пукањето во Минхен се вика Давид С., пишува електронското издание на весникот Spiegel, но не го открива изворот на информација, ниту наведува други поединости во врска со осумнаесетгодишникот.
Портпаролот на минхенската полиција претходно за новинарите изјави дека имињата на осомничените не се објавуваат, дури и доколку се мртви, поради приватноста.
Во петокот вечерта 18-годишен германски државјанин по потекло од Иран, со двојно државјанство, отворил оган пред големиот трговски центар „Олимпија“, пет километри северозападно од центарот на Минхен.
Според податоците на полицијата, во нападот загинале девет лица, а уште 16 се хоспитализирани, од кои три се во критична состојба. Самиот осомничен за убиствата, според првичните информации, е пронајден на километар подалеку од местото на настанот и најверојатно се самозастрелал.
Претходно весникот Bild објави дека во раните утрински часови во саботата полициски специјалци со кучиња трагачи упаднале во еден стан во минхенската населба Максворштад, каде што напаѓачот наводно живеел со своите родители.
„Тој живееше до мене. Мој пријател одеше со него во училиште и реле дека тој бил прилично мирен. Тој го препозна на видео снимката“, изјавил за Bild еден сосед. Овие мажи за своите сомневања ја известиле полицијата три часа по упадот на полицијата во споменатиот стан./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

