Европа
Штајнамер и Могерини задоволни од размената на затвореници меѓу Москва и Киев

Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнамер и шефицата на дипломатијата на Европската унија, Федерика Могерини, изразија задоволство од размената на затворениците меѓу Русија и Украина во којашто од беше ослободена украинската пилотка Надежда Савченко во замена за ослободувањето на двајцата руски војници Евгениј Ерофеев и Александар Александров.
Штајнамаер изјави дека е „среќен и дека воздивнал“ откако воената пилотка Савченко по две години во затвор во Русија каде што беше осудена на 22 години затвор поради убиство на руски новинари во источна Украина беше ослободена со указ на рускиот претседател Владимир Путин, кому за тоа со молба му се обратија токму семејствата на убиените новинари на редиотелевискиот дифузер ВГТРК. Новинарите Игор Корнелјук и Антон Волошин, како што пресуди судот во руски Ростов биле убиени од артилериски оган кој на 17-ти јуни 2014 година го отворила Савченко која беше уапсена на руска територија.
Ерофеев и Александров беа заробени во Донбас на 16-ти мај минатата година, што Киев го толкуваше како доказ за руско воено вмешување на украинскиот конфликт. Москва потврди дека двајцата биле порано во составот на руските вооружен сили, но дека кога биле заробени на украинска територија не биле во активна служба.
„Тоа е убава вест, на којашто долго работевме и која долго ја чекавме“, изјави Штајнмаер, кој исто така е претседател на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
Германија на почетокот од март годинава ја повика Русија веднаш од хуманитарни причини да ја ослободи Савченко, која од тогаш беше во штрајк со глад и жед.
Високата претставника на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини во средата ја поздрави „добрата, долго очекувана вест“ по ослободувањето на украинската пилотка. „Надежда Савченко е слободна и се враќа во Украина.. ја поздравувам добрата, долгоочекуваната веста која ЕУ ја слави со нејзината земја“, напиша Могерини на твитер./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин